Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
1Манасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија
2Серафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГ
СветЕУ на Генералното собрание на ОН: Главен фокус - справувањето со конфликтите и кризите ЕУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите.Висока делегација на Европската Унија, предводена од претседателот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел и претседателката на Еврокомисијата, Урсула фон дер Лајен, во чиј состав ќе бидат и неколкумина еврокомесари, во наредните денови ќе престојува во Њујорк, каде ќе учествува во работата на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, при што главен фокус на нејзиниот ангажман ќе биде ставен на справување со конфликтите и кризите ширум светот. - ЕУ и нејзините земји членки доаѓаат на 79-та седница ГС на ОН, решени да промовираат мултилатерални решенија засновани на Повелбата на ОН и да направат тие да функционираат за доброто на сите. Оваа година означува клучна пресвртница за ОН. Како што рече генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш во април, „не можеме да ги решиме проблемите од 21-от век со алатки од 20-от век“. Настанот насловен „Самитот на иднината“, кој се подготвува веќе четири години, претставува клучна можност за колективно размислување за тоа како ОН да бидат прилагодени на целта и на иднината, соопшти ЕК. Активностите на претставниците на ЕУ во Њујорк, започнаа уште синоќа со учеството на потпретседателката на ЕК за демократија и демографија на Дубравка Шуица на Деновите за акција на Самитот на иднината за зајакнување на младите и градење отпорност, одржлив развој, меѓугенерациска правичност и демографија и за зајакнување на напорите за ставање крај на насилството врз жените и девојчињата, настан кој продолжува и денеска. Извршната потпретседателка на ЕК за Европа прилагодена на дигиталната ера и еврокомесарка за конкурентност Маргрете Вестагер денеска ќе учествува на тркалезната маса на тема „Поставување на основите за дигитална иднина за сите“ и ќе има серија разговори посветени на Глобалниот дигитален договор што допрва треба да се усогласи и за неговите принципи и активности за поддршка на отворената, слободна и безбедна дигитална иднина за сите оние што ги поддржуваат човековите права и го надминуваат дигиталниот јаз. Мишел, Високиот претставник за заедничка надворешна политика и безбедност Жозеп Борел и еврокомесарката Јута Урпилаинен во понеделник ќе ја претставуваат ЕУ на трилатерален состанок со Африканската Унија и Обединетите нации и ќе имаат билатерална средба со генералниот секретар на ОН, Гутереш. Дополнително, истиот ден, Борел во Меѓународниот институт за мир ќе биде кодомаќин на вечера за министри за надворешни работи на која ќе се разговара за состојбата на Блискиот Исток, Урпилаинен ќе учествува на интерактивниот дијалог на Самитот на иднината насловен „Трансформирање на глобалното управување и забрзување на имплементацијата на Агендата за одржлив развој 2030 година“, додека еврокомесарката за здравство и безбедност на храната Стела Киријакидес ќе присуствува на годишниот прием на жените политички лидери насловен „Оцртување на курсот: Политиката во 21-от век“. В понеделник, Фон дер Лајен ќе биде главен говорник на состанокот на лидерите на Асоцијацијата на малите островски држави, а Борел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7+ посветен на енергетската инфраструктура на Украина, по што ќе претседава и со неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на ЕУ на кој главни теми ќе бидат Украина и тензиите на Блискиот Исток. Борел во вечерните часови ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи на Г7. Шуица истиот ден ќе биде кодомаќинка на настанот на ЕУ-АУ-УНИЦЕФ насловен „Докажани решенија за деца: забрзување на напредокот на целите на одржлив развој “, еврокомесарката за внатрешни работи Илва Јохансон ќе биде домаќин на придружниот настан на ЕУ „Насочување по патот напред: Менаџирање на миграцијата на глобално ниво“, додека Урпилаинен ќе претседава со Глобалниот образовен форум, на кој треба да биде потпишана Декларација за училишен оброк и ќе присуствува на ручекот на високо ниво „Жените се креваат за сите“. Еврокомесарката за енергија Кадри Симсон в понеделник ќе учествува на Глобалниот самит за обновливите извори на енергија, на кој ќе се разговара за напредокот, можностите и предизвиците за тројно зголемување на обновливите извори на енергија на глобално ниво до 2030 година, а ќе има и воведно обраќање на Самитот за одржливост, додека еврокомесарот за климатска акција Вопке Хукстра ќе учествува на тркалезна маса организирана од Светскиот економски форум посветен за мобилизирање на бизнисот во остварувањето на глобалните климатски цели. Мишел, Фон дер Лајен и Борел во вторник ќе присуствуваат на отворањето на сесијата на генералната дебата на 79-то Генерално собрание на ОН. Во продолжение, Фон дер Лајен заедно со канадскиот премиер Џастин Трудо ќе копретседаваат со настанот на високо ниво „Иновирање за одржливата иднина: Работиме заедно на индустриски раст и декарбонизација“, а ќе има и воведно обраќање на Глобалниот самит за обновливи извори на енергија, на кој ќе учествува и еврокомесарката Симсон. Истиот ден, Борел ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН на состанокот на високо ниво посветен на Украина и ќе учествува на вечера министрите за надворешни работи од Европа и Северна Америка, чиј домаќин е САД. Урпилаинен во вторник ќе го отвори панелот посветен на одржливите синџири на снабдување во рамки на Самитот на лидерите на Глобалниот договор на ОН и ќе се обрати на собирот „Три години - Поддршка на правата на жените во Авганистан“, во коорганизација на ЕУ и агенцијата ОН Жени, ќе се обрати на придружниот настан „Инвестирање во иднината: Обезбедување на одржливо финансирање на сексуалното и репродуктивното здравје“ и ќе се сретне со претставници на младински организации од т.н. Голема шесторка. Истиот ден, Киријакидес ќе говори на придружниот настан за превенција и контрола на инфекциите и антимикробното управување, Симсон ќе учествува на панел за финансирање на чистата транзиција, а Хукстра и на тркалезната маса „Пазари на јаглерод“, организиран од Глобалниот бизнис форум на Блумберг. Борел в среда ќе биде домаќин на традиционалниот работен ручек со лидерите на шесте земји од Западниот Балкан, ќе ја претставува ЕУ на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20, чиј домаќин е бразилското претседателство со Групата, а заедно со претставници на Германија и Франција ќе биде кодомаќин на министерски состанок за Судан насловен „Обединети за мир во Судан“. Истиот ден, еврокомесарот Хукстра ќе се обрати на состанокот на високо ниво посветен за покачувањето на нивото на морето и ќе учествува на панел на високо ниво за глобалните трошоци за солидарност и финансирање на развојот, а еврокомесарот за управување со кризи Јанез Ленарчич заедно со претставник на Белгија ќе биде кодомаќин на настанот посветен на меѓународното хуманитарно право, како и на настанот „Една и пол година конфликт – Како да се спречи Судан да стане заборавена криза?“, што го организира ЕУ заедно со Канцеларијата на ОН за координација на хуманитарните прашања (ОЦХА), Саудиска Арабија и САД. Комесарката Киријакидес в среда ќе учествува на настан посветен на поттикнување на солидарноста меѓу земјите за решавање на антимикробната резистентност (АМР), како и на состанокот на насловен „АМР и повеќе од тоа“, а ќе присуствува на Годишниот самит за ракот на дојката и на дебата за универзалните стратегии за вакцинација против ХПВ. Симсон, пак, истиот ден ќе ја претставува ЕУ на министерскиот консултативен состанок за Договорот за загадување од пластика. За в четврток е предвидено обраќање на Мишел на генералната дебата на ГС на ОН, додека Борел ќе копретседава со неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на членките на Европската Унија и на Заедницата на државите од Латинска Америка и Карибите (ЦЕЛАЦ), како и со министерскиот настан за посветен блискоисточниот мировен процес, кој заедно го организираа ЕУ, Арапксата лига, Саудиска Арабија, Египет и Јордан. Тој ќе учествува и на министерските состаноци на Агенцијата на ОН за помош на палестинските бегалци на Блискиот Исток (УНРВА) и на Ад Хок Комитетот за врски (АХЛЦ), задолжен за координација на дистрибуцијата на хуманитарната помош за Палестинците. Истиот ден, еврокомесарката Киријакидес ќе учествува на состанокот на високо ниво за антимикробната резистентност, Симсон ќе присуствува на промоцијата на Програмата за транзиција на трговијата и чистата енергија, додека еврокомесарот за правда Дидие Рејндерс ќе присуствува на состанок посветен на запирање на дестабилизирачкиот проток на чувствителна технологија, организиран од Украина. В петок Борел заедно со претставник на Египет ќе копретседава со 14-от Министерски состанок на Глобалниот форум за борба против тероризмот, а ќе се обрати и на настанот „Европските предизвици со навигацијата“, организиран од американскиот тинк-тенк Совет за надворешни односи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаМанасиевски: Филипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во МакедонијаФилипче и СДС да кажат дали Мацура бил криминалец со сомнителен капитал кога со ДУИ овозможиле влез на Алта банка во Македонија.Фирмата на сватот на Ахмети, според јавно достапни информации, поседувала акции во Стопанска банка АД Битола, кои потоа ги продаваат на Давор Мацура и Алта банка. Филипче и СДС молчат за ова и не коментираат од страв кон ДУИ. Лицемерието кај Филипче е на високо ниво. Ако денес, за Филипче Мацура е криминалец, а Алта банка е банка со сомнителен капитал, зошто во 2023 година кога ДУИ спроведувале влез во Македонија, СДС шурувале? Зошто тогаш Филипче беше тивок, а денес толку гласен? Одговорот е јасен. Затоа што си ја ишка мувата од капата. Филипче е човек полн со багаж од минатото. Филипче и СДС се ставија во одбрана на ДУИ и Али Ахмети. Жално е да се гледа до кое дно дојде СДС со Филипче. Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕТагови: Валентин Манасиевски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСерафимовска -Борозан: ВМРО и Мицкоски ги бранат Алта банка, Вучиќ и Мацура - шефот и банкарот на ОКГДодека Давор Мацура седи во притвор во Србија за изнесени близу 400 милиони евра и сомнежи за печатење лажни банкноти од 500 евра, во Македонија ВМРО-ОКГ и Мицкоски ја бранат Алта банка. Латас, Бетмен и други квази-експерти излегуваат да ја бранат Вучиќевата пералница на пари. Да го бранат банкарот на Мицкоски. Сега се обидуваат да ја префрлат одговорноста спојувајќи ја СДСМ со ДУИ. Извадија документ од „Службен весник“ од јуни 2023 година како наводен доказ дека претходната влада склучила зделка со Алта банка. Тоа е целосна манипулација. Станува збор за пакет од 7.213 акции (околу 1,85% од капиталот на Стопанска банка АД Битола) што државата ги конфискуваше од Сашо Мијалков и фирмата „Ексико“ со правосилната пресуда за случајот „Империја“. Одлуката од 6 јуни 2023 година е само редовна законска процедура според Законот за управување со конфискуван имот — формална согласност Агенцијата за управување со одземен имот да ги продаде запленетите акции за да влезат пари во буџетот. Истиот ден се дадени идентични согласности и за други запленети акции. Овие акции воопшто не беа продадени во мандатот на СДСМ. Алта банка тогаш воопшто не беше присутна во државата. Влезот на српската Алта банка и преземањето на Стопанска банка се случија во есента 2025 година со одлука на Мицкоски и неговата власт. Запленетиот пакет беше продаден на Алта банка во јануари 2026 година за околу 375.000 евра. Повторно фатени во лага. Мицкоски ја внесе Вучиќевата Алта банка во Македонија. Трајко Славески му даде дозвола, јавно призна, во консултација со Мицкоски. Парите на јавните претпријатија и на граѓаните завршија таму исто така со одлука на владата на Мицкоски. Сега кога во Србија се отвораат истрагите, ВМРО-ОКГ се обидува да го заташка скандалот. Нема да помине. СДСМ поднесе кривични пријави против гувернерот и против сите инволвирани. Следува одговорност! Затоа ВМРО, Латас и Мицкоски ги бранат Вучиќ и Мацура — својот шеф и својот банкар. Така изгледа кога власта е дел од мафијашки синдикат, дел од балканскиот картел. Вистината излегува. Бандата ќе одговара. Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Тагови: Маја Серафимовска -Борозан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
СветДрама на израелскиот аеродром: Исчезна двегодишно дете, пронајдено на лента за багажДвегодишно дете накратко исчезна на меѓународниот аеродром Бен Гурион во Израел откако се качило на лента за багаж и пешачело неколку метри до местото каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони.Инцидентот се случил во четврток, кога семејство кое се подготвувало за лет за Ларнака, Кипар, се соочило со исчезнувањето на своето дете, објави денес Канал 12. Откако родителите не успеале да го пронајдат детето, ја известиле полицијата, која започнала потрага по исчезнатото дете на аеродромот. Двегодишното дете било пронајдено неколку минути подоцна на лента за багаж, каде што се сортираат куферите пред да се товарат во авиони. Аеродромските власти соопштија дека детето е пронајдено неповредено и во добра состојба, откако пешачело само неколку метри на лентата. Во соопштението се наведува и дека детето не било под надзор на своите родители во времето на инцидентот. Израелските аеродромски власти започнале истрага за да ги утврдат околностите на инцидентот, а според извештаите на медиумите, полицијата ја разгледува и можноста за покренување истрага. Извор: Б92Тагови: аеродром Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook