АвтомобилизамЕУ ја усвои забраната за производство на дизел и бензински автомобили, со еден исклучок Земјите-членки денеска ја потврдија регулативата со која се предвидува забрана за продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување од 2035 година, со исклучок на возилата што ќе користат синтетички, т.н. е-горива.Европскиот парламент гласаше за договорениот текст на регулативата во средината на февруари, но конечното усвојување беше блокирано во Советот на ЕУ на почетокот на март, откако Германија се спротивстави во последен момент и побара да се дозволи продажба на нови возила со мотори со внатрешно согорување, што ќе користат е-горива. На Германија во ова противење ѝ се придружија Италија, Полска и Бугарија. Откако Европската комисија постигна договор со Германија според кој постоечкиот текст на законот за забрана на возила со мотори со внатрешно согорување останува непроменет, а Комисијата се обврза да усвои делегирана регулатива со која се воведува нова категорија возила во ЕУ за автомобили што можат да возат само на јаглеродни неутрални горива. Денеска на состанокот на министрите за енергетика, Италија, Романија и Бугарија беа воздржани од гласање, Полска беше единствена против, а сите други земји-членки беа за. Регулативата влегува во сила со денот на нејзиното објавување во Службениот весник на ЕУ. Регулативата предвидува намалување на емисиите на јаглерод диоксид од новите автомобили за 55 отсто и од лесните доставни возила за 50 отсто од 2030 до 2034 година и 100 отсто намалување од 2035 година за двете категории на овие возила. Според најавата на Советот, Комисијата ќе поднесе предлог за регистрација на возила на јаглеродно неутрални горива по 2035 година. Синтетичките или е-горивата се произведуваат од чист водород и јаглерод диоксид земени од атмосферата. Овие горива можат да се користат во денешните мотори со внатрешно согорување. Со согорувањето на овие горива се ослободува јаглерод диоксид кој е веќе земен од атмосферата, така што не придонесува за зголемување на емисиите на јаглерод диоксид, а според делегираната регулатива ќе се смета за јаглеродно неутрално гориво. Технологијата за производство на е-гориво сè уште е во повој и далеку од комерцијализација. За нивното производство се потребни огромни количества електрична енергија од обновливи извори за да се добие чист водород преку електролиза. Многумина предупредуваат на можност за злоупотреба, бидејќи и по 2035 година на бензинските пумпи ќе се продаваат класични горива, бидејќи возилата произведени пред таа година и понатаму ќе бидат во оптек.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаПотврден е идентитетот на жртвите од пожарот во Шпанија; повеќето се странци.Шпанските власти по обдукциите потврдија дека дванаесет од тринаесетте жртви на смртоносниот шумски пожар што ја зафати Андалузија биле странски државјани.Пожарот избувна минатиот четврток војугоисточна покраина Алмерија, област популарна кај странските жители по должината на медитеранскиот брег, објави „Еуроњуз“. Официјалното соопштение укажува дека седум жртви биле од Обединетото Кралство, три од Белгија и по една од Франција и САД. Последната, тринаесетта жртва била шпански државјанин. „Тринаесетте починати вклучуваат осум жени и пет мажи, сите возрасни“, додаде телото одговорно за идентификација. Во меѓувреме, Интегрираниот центар за податоци (CID) објави дека бројот на случаи на исчезнати лица се зголемил на десет по новиот извештај за две лица. Пожар уништи седум квадратни километри Пожарот, разгорен од силни ветрови, се запалил кога далновод паднал на патот. Пламените јазици проголтале шуми и вегетација - кои се претвориле во суво гориво поради екстремно високите температури - оставајќи ги живописните рурални населби опустошени. Површина од приближно седум квадратни километри изгоре во пожарот, еден од најсмртоносните во Шпанија во последните години.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСедница за опозициски прашања во СобраниетоСобранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање.На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог на законот за високото образование, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за државните награди, Предлог на законот за обезбедување на квалитет во високото образование и науката, Предлог на законот за научноистражувачката дејност, сите во прво читање, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за студентскиот стандард и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2026-2030 година, Предлог на закон за изменување на Законот за супервизија на осигурување, и двата по скратена постапка, Предлогот на завршна сметка на Буџетот на Република Македонија за 2025 година. Тагови: Собранието Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСедница за опозициски прашања во Собранието08:38Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36Собранието ги избра новите 8 министри23:39Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
Ослободителна пресуда за „Талир 2″- падна основата за конфискација на партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ15:00
Мицкоски: Сакам да се извинам на вас, на пратениците и на граѓаните што денеска бевме сведоци на овие настани08:36
Ескалираше седницата за реконструкција: СДСМ обвини дека Стоилковиќ упатил навреди и пцовки кон Битиќи и Трајчулевски20:55
ФудбалСП2026- Полуфинале :Фаворизираната Франција немоќна пред фуриозната ШпанијаЕвропскиот шампион Шпанија е првиот финалист на 23 фудбалски Мундијал во Северна Америка.Во премиерното полуфинале во Далас црвената фурија одржа вистински час по супермодерн фудбал и без многу мака ја декласираше фаворизираната Франција со 2-0. Најдобриот напад на Мундијалот беше неможен пред најдобрата одбрана на првенството, Шпанија останува со само еден примен гол во досегашниот тек од шампионатот. Франција важеше за фаворит на овој натпревар, како и на многу претходни, сè додека топката не тргна од центарот... Од првата до последната минута, на теренот во Далас постоеше само еден тим, оној на Шпанија. Головите вредни второ финале за Шпанија во историја ги постигнаа Микел Ојарзабал од пенал во 22-рата минута и Педро Поро во 58- минута. Црвената фурија со докторска игра по целиот терен го матираше „најдобриот француски тим на сите времиња“. Шпанија сега на финалето во Њу Џерси на 19 јули ќе го очекува победникот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу бранителот на светскиот трон Аргентина и европскиот вицешампион Англија. Тагови: СП2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook