ЕУ ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите, следната недела ќе се разговара за нова стратегија за ЕЕС, но ќе има ли значајни олеснувања? - Канал 5

ЕУ ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите, следната недела ќе се разговара за нова стратегија за ЕЕС, но ќе има ли значајни олеснувања?

Европската Унија ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите и е во контакт со партнерите од западен Балкан, но правилата за системот на влез и излез се веќе познати – велат од Европската Комисија.

ЕУ ја следи ситуацијата со блокадите на транспортерите, следната недела ќе се разговара за нова стратегија за ЕЕС, но ќе има ли значајни олеснувања?

Од таму додаваат дека до крајот на неделава Унијата ќе излезе со нова стратегија за визи, која би можела да се однесува и на транспортерите од регионот, најави на редовната прес-конференција во ЕК на портпаролот Маркус Ламерт.

-Свесни сме дека за одреден број на вработени од трети земји кои не се прекугранични работници, има потреба да останат во Шенген зоната повеќе од 90 дена во 180 дена. / Ова е нешто за кое работата и рефлексиите се во тек исто така и во контекст на подготовките за претстојната стратегија за визи која е предвидена за подоцна неделава. Остануваме вклучени со нашите земји партнери од Западен Балкан и продолжуваме да ја следиме ситуацијата од близу,- - Маркус Ламерт – Портпарол на ЕК.

Сепак, извори од Брисел за Канал 5 велат дека не треба да се има големи очекувања... според нивните најави директни промени на политиката за влез и излез за транспортерите тешко дека ќе има.

Освен во Македонија, за новите правила во Шенген зоната со блокирање на речиси сите гранични премини, протестираат и превозниците од Црна Гора, Србија и Босна и Херцеговина. велат дека не наишле на слух од Унијата и дека дел од нив се принудени или да ги префрлат бизнисите во земји-членки или да стават клуч на врата.

-Максимално БиХ може да смета на една третина од капацитетите (за транспортери) и тоа благодарение на тоа што возачите имаат извадено документи од Република Хрватска,- Велибор Пеулиќ – Логистика БиХ.

-Ние не блокираме, ние само протестираме. Европа блокира. Секој возач во камионите има повеќе од 90 дена, - Неџа Мандиќ – Здружение на превозници на Србија.

-Која компанија може во еден месец 15 дена да работи, а 15 дена да не работи? Се пробавме, но наидовме на ѕид од страна на ЕУ,- - Рашко Боровиќ – Сопственик на компанија за транспорт.

Новиот систем за влез и излез во Унијата беше воведен во октомври минатата година и предизвика големи проблеми и застои особено на аеродромите ширум Европа. Системот според најавите треба да се спроведе на сите влезни точку од Шенген зоната до 10 април и оттогаш наместо со печати во пасошите, броењето на дозволените денови за престој да се смета електронски...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Светската куќа на фудбалот, (ФИФА) се откажа од идејата за продажба на дел од правата за Светското првенство на приватни инвеститори.

ФИФА: Инфантино се откажа од спорните инвестициски планови

Претходно, европската УЕФА, Азиската фудбалска конфедерација и КОНКАКАФ (земјите од Северна и Средна Америка) се изјаснија против, а сите 55 европски национални асоцијации донесоа радикална одлука, гласаа за целосен бојкот на сите натпреварувања на ФИФА (вклучувајќи ги и Светските првенства за мажи и жени).

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, потврди дека се откажал од планот.

„Проектот FIFA Forward Enterprise беше замислен како основа за понатамошно зајакнување на членките на ФИФА и развој на нашиот спорт низ целиот свет – особено во земјите каде што поддршката е најпотребна. Сепак, како што наведовме од самиот почеток, имплементацијата на проектот беше можна само со поддршка на мнозинството членки на ФИФА и преку консултации со нив, Советот на ФИФА, конфедерациите и другите засегнати страни.“

Откако внимателно ги сослушавме сите мислења, дојдовме до заклучок дека проектот предизвикал таква контроверзност што, без оглед на нивото на поддршка, тој повеќе не ја исполнува својата првична намена.

Нашата цел отсекогаш била и останува иста – да се обединиме и да се подобриме.

Во овој поглед, имплементацијата на овој предлог нема да се случи.

„Во наредните денови и недели, имам намера повторно да ги соберам сите засегнати страни – во духот на заедничкиот интерес за нашиот спорт и со цел да продолжиме да го развиваме фудбалот насекаде, особено во оние земји на кои им е најпотребна нашата поддршка“, рече Инфантино во соопштението објавено на веб-страницата на ФИФА.

Има шпекулации дека Инфантино ја изгубил поддршката од функционерите на ФИФА и контролата врз организацијата, па затоа може да се очекува дури и негова оставка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Земјотрес во Италија близу Неапол, 21 повреден, двајца во критична состојба (

Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала го погоди вулканското подрачје Кампи Флегреи во близина на Неапол, при што се повредени 21 лице, а двајца од нив се во критична состојба.

Земјотрес во Италија близу Неапол,  21 повреден, двајца во критична состојба (

Националниот институт за геофизика и вулканологија (INGV) регистрираше земјотрес во саботата навечер на длабочина од три километри, објави порталот „Италпрес“.

Неколку часа подоцна, околу 22 часот, беше регистриран уште еден земјотрес со јачина од 3,8 степени, а потоа беа забележани уште триесетина помали земјотреси.

Земјотресот силно се почувствува во Неапол, каде што многу граѓани излегоа на улиците, а во некои делови од градот беше пријавен прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Според Управата за хидрометеоролошки работи денеска времето ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. 

Пеколен викенд во Македонија, денес сончево и топло со температура до 39 степени

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 33 до 39 степени.

Во Скопје, сончево и топло. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер