Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
1Дали на Сити ќе му бидат одземени 20 бода и дали со години ќе остане без учество во Лигата на шампионите?
3Димевски на средба со Рустемовски и Боксерската федерација: Продолжува поддршката за Ален и развојот на боксот како национален спорт
1Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцето
КултураЕУ избра три градови - носители на титулата Европска престолнина на културата за 2025 година Секоја година Европската Унија избира градови кои ќе ја носат престижната титула Европска престолнина на културата. Овој статус им овозможува да го покажат своето културно наследство и богатство на светската сцена.За 2025 година, наградата беше доделена на помалку познати, но исклучително интересни дестинации, и тоа Кемниц, Германија, како и Нова Горица во Словенија и Гориција во Италија, чии културни иницијативи ќе ја одразуваат заедничката историја, но и силата на европската интеграција. Сместен во германската сојузна покраина Саксонија, градот Кемниц е познат по својата богата индустриска историја и важната улога за време на Индустриската револуција. Поради ова, често го нарекуваат и „Манчестер од Саксонија“, но минатото на овој град не било воопшто едноставно... Денес, покрај историските споменици како градби во „арт нуво стил“, во градот може да се видат и монументални социјалистички споменици, меѓу коишто се издвојува оној посветен на Карл Маркс. За разлика од Кемниц, којшто носи тешко индустриско и политичко наследство, Нова Горица и Гориција претставуваат единствен културен мост меѓу две различни традиции и јазици. Сместени на границата на Словенија и Италија, овие два града споделуваат многу повеќе од заедничката географска положба. За време на Студената војна, границата меѓу нив била и „железна“ во одредени мигови, а денес, тоа се градови кои ја симболизираат силата на европската интеграција и соработка. Европските престолнини на културата во 2025 година совршено ја претставуваат различноста на европската културна сцена. Секој од нив носи специфични предизвици и богати традиции, а преку оваа престижна титула, градовите имаат можност да го претстават не само своето минато, туку и својата иднина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаЕдинствената земја-членка на ЕУ со нуклеарно оружје изведе симулација на нуклеарен нападФранцуските воздухопловни и вселенски сили изведоа симулација на нуклеарен напад како дел од воената вежба „Покер“.Операцијата започна од воздухопловните бази Сен-Дизје и Таверни, кои играат клучна улога во француските нуклеарни сили. Сен-Дизје ја поддржува воздушната компонента на нуклеарното одвраќање, додека во Таверни се сместени командните и оперативните центри на стратешките сили. Во вежбата учествуваа борбени авиони „Рафал“. „Користиме вистинска опрема и следиме реални процедури во многу сложени услови, со околу 50 летала во воздух. Единственото ограничување е тоа што не летаме со вистински нуклеарни боеви глави под крилјата“, изјавија припадници на француската војска. Наместо вистински нуклеарни ракети „ASMP-A“, авионите „Рафал“ носеа инертни макети што одговараа на тежината и димензиите на вистинското оружје. Овие макети можат безбедно да се отфрлат доколку е потребно. Ракетата има максимален дострел од приближно 500 километри и носи нуклеарна боева глава „TNA“ со јачина од 300 килотони. Сценарио и цели на вежбата Во симулацијата учествуваа два тима: тимот „Црвени“ го претставуваше непријателот, додека тимот „Сини“ дејствуваше против нив. „Целта е да се осигураме дека ќе останеме способни да извршиме таква мисија во иднина, дури и додека технологијата се развива со сè поголема брзина“, објаснија претставници на француската војска. Екипажите имаа задача да ја пробијат непријателската одбрана и да ги испорачаат ракетите на прецизни локации во одреден временски рок. За време на ноќниот лет, кој траеше меѓу шест и осум часа, секој екипаж на „Рафал“ неколку пати се полнеше со гориво од еден од 15-те авиони-цистерни. Притоа, пилотот на борбениот авион мора да маневрира при многу големи брзини и на мали височини. „Целта е одвраќање“ „Целта на нашата мисија е да се спречи војна, а со тоа и употреба на нуклеарно оружје. ’Покер’ е демонстрација на сила, осмислена токму за да се осигура дека тоа нема да се случи“, објасни командантот Жан-Батист, кој ја стекна потребната квалификација преку учеството во вежбата. Тој додаде дека секој пилот мора да учествува во најмалку една таква операција секоја година. Франција располага со три воздухопловни бази со нуклеарна намена: Сен-Дизје, Истр и Авор. Исто така, планира наскоро повторно да ја активира базата Ликсеј за идните авиони „Рафал Ф5“. Наредбите до базите пристигнуваат од далечина – поточно, од бункер во базата Таверни, која се наоѓа на околу 200 километри од Сен-Дизје. Во тој бункер е сместен команден центар каде што постојано се стационирани околу четириесет припадници на воениот персонал. Франција моментално е единствената држава со нуклеарно оружје во Европската Унија, а во неколку наврати се разговараше за можноста нејзината нуклеарна заштита да се прошири на целиот блок. Франција воспостави систем на „проширена“ нуклеарна одвраќачка моќ, кон кој веќе се приклучија голем број држави. Извор: Индекс.хрТагови: ЕУ нуклеарен напад Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеМинистерот Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи на ИЈЗ по повод Светскиот ден на срцетоПо повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол",По повод одбележување на Светскиот ден на срцето – 29 септември, министерот за здравство, Сашо Клековски го посети пунктот за бесплатни прегледи, во организација на Институтот за јавно здравје во трговскиот центар ,,Дајмонд Мол", со цел подигнување на свесноста за превенција од кардиоваскуларни заболувања. Годинава Светскиот ден на срцето се одбележува под слоганот „Болеста на срцето може да биде незабележлива: Фати го ритамот на срцето! Не пропуштај ниту едно отчукување!“. Фокусот е на препознавање на скриените симптоми, едукацијата на населението и активностите насочени кон обезбедување универзален пристап до кардиолошка нега и превентивни скрининзи. На пунктот на ИЈЗ граѓаните имаа можност бесплатно да ги измерaт нивото на крвен притисок, шеќер во крвта, холестерол, како и висината и телесната тежина, со што се овозможи пресметување на индексот на телесна маса (BMI) – еден од индикаторите за ризик од срцеви заболувања. Смртноста од кардиоваскуларни заболувања е еден од најголемите ризици во светот. Факторите кои ги предизвикуваат овие заболувања може да се превенираат и откријат со едноставни прегледи. Апелирам граѓаните редовно да контролираат крвен притисок, гликемија, и доколку има потреба да се зема терапија пропишана од доктор, само на тој начин ќе го заштитиме здравјето, посочи министерот Клековски. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска истакна дека целта на оваа теренска активност е подигнување на свесноста за кардиоваскуларните заболувања.Тагови: Сашо Клекоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаКосовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“Како што објави СДК, Македониумот во Крушево бил изнајмен за околу 500 евра за снимање на спотот „Секси мама“, на косовскиот рапер Дон Џони.Директорот на споменикот Македониум во Крушево изјавил дека продукцијата побарала дозвола и тие дале. „Просторот беше отстапен за снимање спот. И на Управен одбор имаме донесено одлука да може просторот да се отстапува со соодветна цена, се наплатува. Тие имаа доставено до нас објаснување дека просторот ќе се користи за снимање спот. Немаме точно оформена цена, се отстапува на саати, на пример околу 500 евра за 5-6 саати“, ни изјави Миха Оџаклиески за СДК. Тагови: Дон Џони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter