ЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајот - Канал 5

ЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајот

Европскиот парламент денес ги одобри ревидираните правила на ЕУ за патниците во авионот, потврдувајќи го правото на бесплатен рачен багаж и финансиска компензација во случај на доцнење на летовите.

ЕУ има нови правила за патниците во авиосообраќајот

Авиокомпаниите предупредуваат дека ова ќе доведе до повисоки цени на билетите, додека здруженијата на патници го поздравуваат зачувувањето на правата на патниците, пишува „Euronews“.

Пратениците дадоа конечно зелено светло за договорот постигнат со земјите-членки по повеќе од една деценија преговори. Предлогот беше усвоен на пленарна седница со 646 гласови „за“, 12 „против“ и три „воздржани“.

Компензација за доцнења и откажувања

Авионските патници во Европската Унија ќе продолжат да имаат право на компензација помеѓу 250 и 600 евра ако нивниот лет доцни повеќе од три часа или е откажан. Новиот текст наведува дека за летови подолги од 3.500 километри, компензацијата ќе биде 300 евра, а ќе се зголеми на 600 евра ако доцнењето надмине четири часа или летот е откажан.

Патниците ќе имаат девет месеци да поднесат барање, а авиокомпаниите ќе мора да платат компензација во рок од 30 дена или да побараат вонредни околности за да избегнат плаќање.

Правила за рачен багаж

Новите правила, исто така, ја разјаснуваат политиката за надоместоците за рачен багаж. Патниците сè уште ќе имаат право на еден бесплатен личен предмет, како што е мал ранец или торба, со димензии до 40 x 30 x 15 см.

Нискобуџетните превозници како што се „Рајанер“ и „Изиџет“ моментално наплаќаат за помали торби на тркала, но според новата регулатива, сите авиокомпании ќе мора да ја прикажат цената на билетот што вклучува рачен багаж на почетокот на процесот на резервација, особено на посредничките и пребарувачките портали. Сепак, тие ќе можат да понудат поевтини билети на патниците кои доброволно ќе изберат да патуваат без рачен багаж.

Дополнителни права на патниците

На патниците повеќе нема да им биде дозволено да им се наплаќаат дополнителни такси за корекција на мали грешки во името на билетот. Тие, исто така, ќе имаат право да добиваат дигитални карти за влез во авионот при пријавувањето за нивниот лет, без никаков дополнителен услов или обврска да имаат сметка или специфична апликација за авиокомпанија.

Ревизијата на регулативата на ЕУ за заштита на патниците беше започната во 2013 година. Оттогаш, европратениците се залагаат за проширени права за багаж и заштита на патниците, но се соочија со отпор од некои земји-членки и од воздухопловната индустрија. Новите правила ќе стапат на сила во 2027 година.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Привршува бербата на грозјето... Откако откупот формално ќе заврши, на почетокот на октомври ќе се формираат општински комисии кои треба да утврдат дали на нивите има останато неоткупено грозје..  

Општински комисии ќе проверуваат дали на нивите има останато неоткупено грозје

Со последните дождови финишираат и бербите на винското грозје во тиквешијата и во останатите лозарски региони. Проблемите со откупот, слабиот интерес за вранецот и бавната динамика спроед лозарите се причина годинава голем дел од грозјето особено вранецот да остане по нивите необран, чекајки да почне интензивниот откуп за кој винариите тактизираа заради непродадените залихи на црвно вино од лани. Токму заради овие проблеми на лозарите градоначалникот на кавадарци најави дека по завршувањето на откупот некаде на почетокот на октомври владата планира да се формираат општински комисии кои ќе треба да излезат на терен и да утврдат колку точно грозје останало по нивите необрано па да се планира обештетување за овие лозари.

Дека состојбата со откупот на винското грозје беше проблематична говори и фактот што се најдоа 12 милиони евра кои на винариите им се дадоа на располагање по брза постапка со камата од 1% и со можност за грејс период од една година наменски да се откупат вранецот и смедеревката од лозарите. Лозарите укажуват дека и со оваа мерка се задоцни и затоа голем дел од вранецот е останат, исушен и необран по нивите заради што бараат од државата да воведе итна помош од 150 илјади денари за хектар за обештетување и спас на лозарството.

Според последите податоци од Министерството за земјоделство заклучно со понеделник 21 семптември откупени се 64 милиони килограми на винско грозје од лозарите но и од сопствените насади на винариите и има уште околу 2,7 милиони килограми извоз на винско грозје. Оваа бројка се очекува да се зголеми бидејки интензивно деновиве се откупуваше смедеревката во лозарските региони. Според најавите од следната година треба да почне изградбата на дестилеријата која вишокот на грозје и вино ќе го претвора во алкохол за кој веќе има интерес кај една од најпознатите светски компании за алкохол да го откупува целиот вишок и со тоа да се решат долгорочно проблемите со откупот на грозјето во години како оваа.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

Граѓаните се соочуваат со огромни трошоци за живот, а власта не обезбедува помош ниту за најзагрозените, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, при денешната посета на Свети Николе, по средбите со граѓаните и земјоделците од Овчеполието.

Филипче: Гориво од 105 денари, народот едвај преживува — корумпираната власт не презема ништо

„Ги споделуваат граѓаните со нас секојдневните проблеми, огромни, натрупани, без никаква грижа и помош од власта. Трошоците за горивото стигнаа и до 105 денари за литар. Никаква помош за ниту една критична категорија граѓани на кои им е навистина потребна“, истакна Филипче.

Тој посочи дека без соодветна поддршка остануваат пензионерите со најниски пензии, социјално загрозените, семејствата со многу деца и работниците со минимална плата. На средбите се разговараше и за предлог-законите на СДСМ во Собранието за зголемување на минималната плата на 600 евра и за финансиска поддршка на земјоделците во кризата.

Филипче ја повика власта да ги поддржи предложените решенија и барем еднаш да го слушне гласот на народот.

„Се надевам дека оваа ненародна, криминална, корумпирана и антимакедонска власт навистина ќе излезе во пресрет и ќе даде поддршка“, рече Филипче.

При посетата на земјоделците од Овчеполието, регион со долгогодишна земјоделска традиција, тие укажаа на недостигот од откуп на грозјето и пченицата, ниските откупни цени на млекото и огромните трошоци за ѓубрива и нафта.

Филипче предупреди дека ваквата состојба го доведува во прашање опстанокот на земјоделците и можноста да продолжат со производство следната година.

„На овие луѓе им е потребна сериозна помош, поради тоа што не само што не можат оваа земјоделска сезона да ја преживеат, туку се поставува најсериозното прашање: што ќе се случува догодина со овие огромни трошоци за ѓубрива, за нафта и со ниски откупни цени, но и без откуп на земјоделските производи“, нагласи Филипче.

Тој го пренесе и предупредувањето од земјоделците: ако власта продолжи да не се грижи за земјоделството, за две години во овој крај земјоделие нема да постои, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скулптурите на академик Жарко Башески ќе бидат изложени во Музејот на современа уметност во Белград

Скулптурите на академик Жарко Башески денеска заминаа во белградскиот Музеј на современа уметност, каде што на 2 октомври во 18 часот ќе биде отворена неговата самостојна изложба насловена „Корпо-реалност“. 

Скулптурите на академик Жарко Башески ќе бидат изложени во Музејот на современа уметност во Белград

Поставката претставува заеднички проект на Музејот на современа уметност во Белград и Националната галерија на Македонија од Скопје.

Поставката „Корпо реалност“ го прикажува творештвото на Башески преку дела со монументални димензии и прецизна хиперреалистична изведба. Авторот низ овие скулптури отвора директно истражување на човечкото тело, физичкото присуство и човековото искуство.

Изложбата ќе биде отворена за јавноста повеќе од еден месец, односно сè до 9 ноември 2026 година.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер