СветЕУ и Велика Британија поблиску до договор за рестартирање на односитеНеименувани дипломати изјавија дека на денешниот самит во Лондон преговарачите помеѓу Европска Унија и Велика Британија се согласија за три текста наменети за рестартирање на односите помеѓу Брисел и Лондон.Неименувани дипломати изјавија дека на денешниот самит во Лондон преговарачите помеѓу Европска Унија и Велика Британија се согласија за три текста наменети за рестартирање на односите помеѓу Брисел и Лондон, меѓу кои и договорот за партнерство во одбраната и безбедноста. Со тоа рестартираат односите помеѓу ЕУ и Велика Британија пет години по Брегзит. Дипломатите наведуваат дека на маса сè уште неколку текста, меѓу кои за рибарството. Некои земји-членки на Унијата, меѓу кои и Франција сакаат да го задржат актуелното статус кво, со кои им се дозволува на европските рибари пристап до британските води. Според нацрт-верзијата на договорениот текст, статус кво ќе се одржува во следните 12 години, до 30 јуни 2038 година, што е трипати повеќе од предлогот на Британците. Од друга страна, Велика Британија ќе можат полесно да ги извезуваат своите производи на европскиот пазар, благодарение на меѓусебното признавање на фитосанитарните стандарди. Дипломатите истакнаа дека се преземени обврски за зајакнување на соработката со цел намалување на протокот на мигранти преку Ла Манш. Додека прашањето за мобилноста на младите Европејци, особено студентите во Велика Британија, е одложено за подоцнежни преговори. Велика Британија и ЕУ денеска одржуваат Самит во Лондон, пет години по Брегзит, со цел да се постават темелите за поблиски односи, особено во одбранбените прашања. Британскиот премиер Кир Стармер, кој вети дека ќе ја „ресетира“ соработката со ЕУ кога стапи на должност минатиот јули, ги пречека во Лондон претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта. Покрај одбраната, британската лабуристичка Влада, која се стреми да ја поттикне трговијата отежната од бирократијата предизвикана од Брегзит, наведе дека е отворена за динамично усогласување со стандардите на ЕУ за храна и земјоделски производи. Тагови: Велика Британија ЕУ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook