ЕУ и САД утре треба да ги продолжат трговските преговори по два месеца пауза - Канал 5

ЕУ и САД утре треба да ги продолжат трговските преговори по два месеца пауза

Европската Унија и Соединетите Американски Држави треба да ги продолжат трговските разговори следната недела, по двомесечна пауза, за да се обидат да ги решат нерешените прашања во договорот за царини постигнат во јули.

ЕУ и САД утре треба да ги продолжат трговските преговори по два месеца пауза

Американскиот министер за трговија, Хауард Лутник, и трговскиот претставник Џејмисон Грир, ќе одржат состаноци на високо ниво во Брисел во понеделник со министри, комесари на ЕУ и претставници на индустријата, објавува „Гардијан“.

Средбите лице в лице се првите откако започна шестнеделното затворање на американската влада на почетокот на октомври.

Лутник и Грир се поканети на заеднички ручек со 27-те министри за трговија кои се состануваат на самит во понеделник.

„Треба да останеме фокусирани, не сакаме поединечните земји да бараат посебни договори за ова или она прашање“, рече изворот, зборувајќи под услов да остане анонимен.

Брисел постигна договор со американскиот претседател Доналд Трамп во јули за да ја избегне неговата закана за царини од 50 проценти, кога се согласија за основна стапка од 15 проценти за поголемиот дел од увозот на ЕУ во САД.

Сега, претставниците на Вашингтон јасно го искажаа своето незадоволство од бавното спроведување на неправно обврзувачкиот договор од страна на ЕУ, кој мора да биде одобрен од парламентот, што би можело да потрае до февруари.

Меѓу клучните прашања што се очекува да се решат на разговорите во понеделник се континуираните тарифи од 50 проценти за челик и алуминиум, посебните тарифи за производи што содржат челик и даноците за храна и пијалоци.

Неколку членови сакаат да се укине данокот од 15 проценти за вино и жестоки пијалоци, вклучувајќи ја Франција, која е погодена од тарифи за коњак, Ирска за виски и сите земји производители на вино.

Пред вечерата во понеделник вечер, Лутник и Грир ќе одржат состаноци со комесарот на ЕУ за трговија, Марош Шефчовиќ, комесарот за одбрана, Андриус ​​Кубилиус, и комесарката за технологија, Хена Виркунен, за да разговараат за тековната криза со снабдувањето со чипови од Кина.

Тие, исто така, ќе се сретнат со претставници на индустријата на бизнис тркалезна маса на која се очекува да учествуваат лидери од компании како што се германскиот „Фолксваген“ и францускиот „ТоталЕнерџис“, велат изворите.

ЕУ и САД ќе разговараат и за можноста за координација за заштита на домашната челична индустрија од поевтин кинески увоз.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот

Капитенот на Баерн Минхен, Џошуа Кимих, нема да игра вечерва против Арсенал поради смртта на неговиот татко, објавија денес германските шампиони.

Трагедија го погоди Баерн пред натпреварот со Арсенал- тимот од Минхен ќе игра без капитенот

Таткото на Кимих, Бертолд, почина на 57-годишна возраст, па Баерн го ослободи капитенот од должностите до викендот.

- Поради загуба во неговото најблиско семејство, Кимих не е во составот за денешниот натпревар против Арсенал. Во име на семејството, ве молиме да се почитува неговата приватност и тага, и да се воздржи од понатамошни истраги и известувања. Им упатуваме најдлабоко сочувство на Кимих и неговите најблиски - се вели во соопштението на Баерн.

Баерн ќе биде домаќин на Арсенал во третото коло од Лигата на шампионите вечерва во 21 часот. Ова ќе биде голем удар за целиот тим, бидејќи Кимих е многу важен дел од тимот предводен од Винсент Компани. Кимих дефинитивно ќе го пропушти овој натпревар, а дали ќе игра во Бундеслигата овој викенд сè уште не е познато.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници.

Латвија бара забрана за транзит на руско жито, додека самата увезува големи количества

Од почетокот на земјоделската сезона, Иран е најголемиот увозник на руско жито, додека Латвија – и покрај затегнатите политички односи со Москва – се наоѓа меѓу првите пет увозници, според податоците на консултантската фирма „ProZerno“, пренесени од Ројтерс.

Во периодот од јули до октомври, Иран увезл вкупно 1,716 милиони тони руско жито, главно јачмен и пченка.

Египет е на второто место со увезени 1,35 милиони тони од јули наваму, а по него следува Азербејџан со 545.000 тони. Латвија е на четвртото место со увезени 431.700 тони руско жито, додека Нигерија го зазема петтото место со 420.900 тони, покажуваат податоците на „ProZerno“.

Русија ги менува извозните рути поради напади со беспилотни летала

Русија ги прилагодува своите рути за извоз на жито како одговор на зачестените напади со беспилотни летала врз пловила во Црното и Азовското Море. Истовремено, значително е зголемен обемот на пратки преку Каспиското Море. Руското жито се извезува и преку пристаништа на Балтичкото Море, вклучително и оние што се наоѓаат во балтичките држави – пред сè во Латвија.

Според податоците на компанијата „Rusagrotrans“, во септември преку балтичките пристаништа поминале 65 отсто од пратките со руско жито, главно пченица. Естонија веќе го забрани транзитот на руско жито преку својата територија. На почетокот на октомври, балтичките држави предложија воведување забрана за транзит на руско жито низ целата Европска унија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница.

Пренџов: Кандидатот на ДУИ за Брвеница е само обид на Ахмети да се врати на политичката сцена

Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, во емисијата ,,Само вистина“ на Канал 5 телевизија се осврна на темата за изборите во Брвеница, за што кажа дека ВМРО-ДПМНЕ убедливо води во првиот круг со кандидатот Стојанчо Радичевски, а наспроти него во вториот круг е и кандидатот на ДУИ, за кој тој смета дека е само асет на претседателот на таа партија во обид да се врати повторно на политичката сцена.

,,Моментално има двајца кандидати во Брвеница кои што продолжуваат во вториот круг. Првиот е човек којшто е од Брвеница и за Брвеница. Човек којшто смета дека Брвеница треба да има проект повеќе, треба да има се она што значи градинки, училишта, канализација и подобар живот на сите коишто живеат во Брвеница, независно од верската и националната припадност“, истакна Пренџов.

Според него, кандидатот на ДУИ е само уште една алатка за лидерот на партијата да се врати на политичката сцена, но смета дека на сите им е јасно дека кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ е вистинскиот избор.

,,И вториот е кандидат односно асет на Али Ахмети и на ДУИ, човек којшто е таму само за да помогне да веќе излезениот од игра Али Ахмети да се врати повторно на политичката сцена. И мислам дека на граѓаните им е јасно, независно дали се Албанци дали се Македонци, дали се гласачи на СДС или не се, дека господинот Радичевски е оној, којшто се бори за Брвеница да биде подобро место за живеење, и тоа е суштината зошто препознаа дека него треба да му ја дадат довербата“, вели Пренџов.

Тој посочи дека во јавноста се забележуваат, како што кажа, разни математики во однос на изборите, но самиот не сака да ги коментира, туку фокусот да биде на тоа како може општината да се движи напред и да се развива.

,,Не сметам дека е успех за којшто треба некој да добие аплауз, затоа што ако во Скопје сте биле петта партија, во Брвеница сте четврта политичка партија. Мислам дека тоа не е некој успех за СДС, но тие си знаат. Мислам дека во Брвеница разговараме како Брвеница да оди напред, како да продолжи да се развива, а единствениот кандидат е господинот Радичевски наспроти асетот на Али Ахмети и на ДУИ. Него не му е до Брвеница, него му е до високата политика, како шефот Али Ахмети повторно да го врати во игра на македонската политичка сцена“, рече Пренџов и додаде:

,,Клучната работа за изборите е да, сите оние коишто и мислат добро на Брвеница, пред се оние што живеат во Брвеница, независно од етничката припадност, полот, верската припадност, застанат позади господинот Радичевски, со цел Брвеница да продолжи да се развива. Али Ахмети е еден ретрограден политичар, еден човек којшто доколку не скара помеѓу себе граѓани на основи коишто се одамна надминати, тој нема што да каже во политиката“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер