ЕУ и САД се загрижени по најавата за учество на поранешни членови на ДФ во владата на Црна Гора - Канал 5

ЕУ и САД се загрижени по најавата за учество на поранешни членови на ДФ во владата на Црна Гора

САД истакнаа дека се многу загрижени поради информациите дека новата владејачка коалиција во Црна Гора би можела да биде составена од партии и лидери кои активно се противат на евроатлантските вредности. 

ЕУ и САД се загрижени по најавата за учество на поранешни членови на ДФ во владата на Црна Гора

Европската Унија и САД синоќа се огласија откако стана извесно дека новата влада ќе биде формирана со учество на поранешните членови на Демократскиот фронт (ДФ), посочувајќи дека на Црна Гора и треба проевропска, стабилна, функционална и способна влада.

САД истакнаа дека се многу загрижени поради информациите дека новата владејачка коалиција во Црна Гора би можела да биде составена од партии и лидери кои активно се противат на евроатлантските вредности. Тоа синоќа за „Вијести“ го изјави американската амбасадорка во Црна Гора, Џуди Рајсинг Реинке, одговарајќи на прашањето како гледа на евентуалното формирање малцинска влада што би била поддржана од парламентот, без учество во неа, од коалицијата „За иднината на Црна Гора (ЗБЦГ), која ја сочинуваат поранешни членови на ДФ -а, и дали би соработувала со таква власт.

- Реалноста е дека учеството во владата на групи или лидери кои одбиваат да ја осудат руската агресија, одбиваат да се залагаат за правата на Украина, одбиваат да ги поддржат санкциите на ЕУ против Русија, одбиваат да ги заштитат правата на малцинствата и одбиваат да го почитуваат суверенитетот на соседните земји како Косово, драстично ќе ги попречи напорите на Црна Гора во остварувањето на нејзините европски аспирации, рече Рајзинг Рајнке.

Таа изјави дека ставот на САД за формирање влада не е променет.

- Поддржуваме брзо формирање влада која е посветена на евроатлантските вредности, која ја претставува мултикултурната Црна Гора, е сигурен сојузник на НАТО, силно ја поддржува Украина и продолжува активно да работи на интеграција во Европската унија, потенцираше амбасадорката.

Коалицијата ЗБЦГ, според последните информации, треба да го поддржи кабинетот на Движењето Европа сега (ПЕС), Демократска Црна Гора, Социјалистичката народна партија (СНП) и две коалиции на албанските партии - Албанскиот форум и Албанската алијанса. За возврат, таа треба да ја добие функцијата шеф на парламентот, што, меѓу другото, ќе и овозможи да стане член на Советот за одбрана и безбедност и со тоа да пристапи до податоците на НАТО.

ЗБЦГ се спротивстави на членството на земјата во Алијансата, како и на санкциите на Европската Унија против Русија, кои ги воведе и Црна Гора.

Делегацијата на ЕУ во Подгорица соопшти дека на Црна Гора и е потребна проевропска, стабилна, функционална и способна влада која ќе го задржи стратешкиот пат на земјата кон ЕУ и ќе ги спроведе реформите од агендата на ЕУ за да напредува кон пристапување.

„Очекуваме дека Црна Гора ќе продолжи да биде целосно усогласена со надворешната и безбедносната политика на ЕУ, покажувајќи ја посветеноста на земјата кон стратешките насоки на ЕУ“, соопшти Делегацијата.

Делегацијата наведува дека членството во ЕУ останува стремеж на огромното мнозинство граѓани на Црна Гора и дека е од клучно значење сите политички сили да работат одговорно за да се потврди консензус и напредок во овој поглед, бидејќи, како што велат, драгоцено време е веќе изгубено.

„Европската комисија сака да види воспоставување на стабилно и реформско мнозинство во Парламентот. Истото тоа мнозинство мора да биде склоно да изгради сојуз со опозицијата и да постигне консензус за клучните реформи на ЕУ“, велат од Делегацијата. /MИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус.

ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за ширењето паника за Алта банка од страна на СДС и Филипче

СДС свесно и со умисла создаваат хаос, предизвикуваат немир и вознемиреност кај граѓаните и директно ја рушат довербата во институциите и банкарскиот систем само поради политички поен плус, верувајќи дака на тој начин повторно ќе се факторизираат иако се во политички нокдаун.

Функционери на СДС, предводени од Венко Филипче, изнесуваат јавни тврдења и обвинувања кои не се проверени и не се потврдени дали имаат фактичка основа и на тој начин создаваат недоверба кај граѓаните.

Креирање страв, ширење лаги и манипулации се дел од политичката стратегија на СДС со цел да остварат некој политички поен плус, а со тоа свесно и прават штета на државата.

Случајот со Алта банка не смее да биде предмет на дневнополитички манипулации, ниту пак финансиската сигурност и довербата на граѓаните да се користат за собирање евтини политички поени. Затоа институциите мора да постапат.

Го повикуваме Јавното обвинителство да реагира по член 315 од Кривичниот законик, за делото саботажа, каде што стои:

„Тој што во вршењето на својата работна обврска со намера да го загрози уставниот поредок или безбедноста на Република Македонија на прикриен, подмолен или друг начин, ќе предизвика значителна штета за државен орган, установа или правно лице во кое работи или за друг државен орган, установа или правно лице, ќе се казни со затвор најмалку три години“.

СДС со држењето на прес-конференции пред виталните државни институции како што е Народна банка и нејзино секојдневно обвинување гледаме основи за ваквото дело, затоа што свесно и со умисла сакаат да предизвикаат штета на државен орган, правно лице, како и на штедачите, односно македонските граѓани.

Ова не е првпат СДС и Филипче да отвораат теми со драматични најави и обвинувања.

Слични политички дебати имаше и околу договорот со Обединетото Кралство каде СДС велеше дека ќе дојдат мигранти, ИПАРД-програмата, извештајот на Томас Вајц, исплатата на пензиите, унгарскиот кредит, водата во Гостивар, а сега и со Алта банка.

Јавното обвинителство мора да одговори на едно едноставно прашање, дали во оваа држава секој може без одговорност да пласира тврдења што можат да предизвикаат вознемиреност кај граѓаните и да ја нарушат довербата во финансиските институции?

Го повикуваме ЈО да отвори случај по допрен глас и да реагира.

ЈО мора да постапува по закон. Молкот не смее да биде одговор, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Кој стои зад Алта банка- криминал, корупција и пари од дрога

Aлта банка не е обична банка. Зад формалниот сопственик Давор Мацура - човек што до вчера држеше менувачница во Земун, стои мрежа на криминал, корупција и пари од дрога.

СДСМ: Кој стои зад Алта банка- криминал, корупција и пари од дрога

Во Sky преписките Александар Вучиќ е препознаен како „Оскар“ - шеф на мафијата.

Тие преписки, што сега се бараат да се отворат во Србија, укажуваат на врски со криминалната група на Дарко Шариќ и Вељко Беливук. Шариќ - еден од најголемите балкански нарко дилери. Беливук - шеф на криминална група поврзана со убиства и рекетирање.

Истите преписки го поврзуваат и со Шкаљарскиот клан.

Клан Вучиќ: Александар и Андреј. Андреј Вучиќ, брат на Александар, еден од клучните луѓе во системот на моќ и контрола врз безбедносните и финансиските текови.

Полнолетниот син на Вучиќ се споменува во преписките како контакт лице што добивало месечна апанажа од картелот.

Милан Радоичиќ - човек со потерница заради упадот на Косово и обидот за дестабилизација во Бањска. Лице поврзано со организиран криминал на северот на Косово, со рекетирање и со контрола на локални бизниси.

Звонко Веселиновиќ - бизнис партнер на Радоичиќ. Човек со санкции, поврзан со организиран криминал, шверц и контрола на територии на северот на Косово. Неговите компании и мрежи се дел од истиот систем што го финансира и го штити режимот.

Никола Петровиќ (претходно, директор на Електромрежа Србија - ЕМС), кум на Вучиќ. Човек што стекна енормно богатство во периодот на владеење на СНС. Јавноста виде како само прославата на неговиот роденден во Венеција, обележана како карневал, е платена со милиони евра.

Таа група нема објаснување од каде доаѓаат тие пари. Има само факти за блискоста со власта и за бизнисите што растат паралелно со моќта.

Само да знаат граѓаните за случајот со 5 тони дрога што од Македонија заврши во село Коњух кај сестринската партија СНС.

При апсењето еден од уапсените изјавил дека е „државна работа„ на Бата Гашиќ, кој беше директор на БИА, министер за полиција и денес за одбрана во владата на Србија што си оди.

Исто така Александар Вулин, поранешен директор на БИА, министер за полиција и за одбрана. Тој беше доведуван во врска со апсењата во Јовањица, каде што беше откриена огромна нелегална плантажа со марихуана. Исти функции како Гашиќ.

Во Sky преписките овие двајца се споменуваат како главни за шверц на наркотици во рамките на Вучиќевиот клан.

Овие исти луѓе беа гости во Македонија и имаа состаноци со ВМРО и со ЗНАМ, со Максим Димитриевски. Една од темите на состанокот била Алта банка.

Ова е мрежата. Криминал, корупција, пари од дрога, контрола врз медиуми, телеком и банки. Алта банка е пералница на таа мрежа.

Мицкоски ја донесе во Македонија. Ја донесе со притисок. Ја донесе со пари на јавни претпријатија и на граѓаните. Ја внесе и во осигурувањето. Со луѓе од БИА што се споменуваат во преписките за шверц на дрога.

Сега, кога во Србија се бараат истраги за „Оскар“ и за врските со Шариќ и Беливук, во Македонија се кријат трансакциите и се обвинува опозицијата за паника.

Нема паника. Има документи. Има Sky преписки. Има апсења. Има одговорност.

Обвинителството мора да реагира. Дадовте заклетва на граѓаните, не на оваа мафија. Ако продолжите да ја чувате бандата, ќе одговарате заедно со неа.

Паѓа „Оскар“. Паѓа и Мицкоски. Паѓа ВМРО-ОКГ. Вистината излегува. Бандата ќе одговара, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Драма кај Белата куќа: Уапсен е вооружен маж, гласови му кажувале да го убие Трамп

Маж по име Рони Јордрикс Гуанипа Кринос (26), венецуелски државјанин, е уапсен во близина на Белата куќа во Вашингтон откако агенти на американската тајна служба го забележале како се однесува сомнително додека бил во паркиран автомобил.

Драма кај Белата куќа: Уапсен е вооружен маж, гласови му кажувале да го убие Трамп

Според соопштението на Министерството за внатрешна безбедност на САД (DHS), тој им рекол на полицајците дека слушнал гласови кои му наредувале да дојде во Вашингтон и да го убие американскиот претседател Доналд Трамп.

Инцидентот се случил во четврток вечерта, на 5 ноември, кога агенти на тајната служба, додека биле во патрола, забележале маж во автомобил паркиран на авенијата Конституција, во близина на комплексот на Белата куќа. Откако му се приближиле, тие започнале разговор, за време на кој, според DHS, тој упатил закани кон претседателот на САД.

Полицајците подоцна утврдиле дека автомобилот е пријавен како украден, а мажот признал дека има предмети во возилото што полицијата подоцна ги пронашла за време на претресот.

Според официјалните информации, во автомобилот биле пронајдени три огнени оружја и десетици куршуми муниција. Меѓу запленетите предмети биле пушка и два пиштола. Министерството објави и фотографија од запленетите предмети.

Кринос се соочува со повеќе обвиненија, вклучувајќи три обвиненија за неовластено транспортирање на огнено оружје, три обвиненија за поседување нерегистрирано огнено оружје и три обвиненија за поседување нерегистрирана муниција. Тој е обвинет и за поседување одредени опасни предмети, носење пиштол без дозвола, управување со моторно возило без дозвола, кражба и примање украден имот.

ДХС соопшти дека осомничениот влегол во Соединетите Држави преку Тексас во март 2024 година, кога бил уапсен од агенти на американската гранична патрола, но подоцна бил ослободен. По неговото апсење, Службата за имиграција и царина (ICE) издала мерка притвор за него, а тој моментално е во притвор на Службата за маршали на САД.

Директорот на тајната служба, Шон Куран, го пофали одговорот на неговите агенти, велејќи дека нивната обука и искуство им помогнале да ја смират потенцијално опасна по живот ситуација.

„Ова е уште еден пример за тоа како агентите на тајната служба се потпираат на обемна обука и искуство за да ја деескалираат нестабилната ситуација што претставувала непосредна закана за лицата што ги штитиме и другите Американци“, рече Куран.

Тој додаде дека овој инцидент го истакнува зголеменото безбедносно опкружување и зголемениот број вооружени лица кои се привлекуваат во комплексот на Белата куќа.

Министерот за внатрешна безбедност, Марквејн Малин, исто така, ги пофали постапките на агентите на Тајната служба.

Благодарение на нашите храбри службеници на Тајната служба, овој човек со три огнени оружја во неговото возило беше уапсен во близина на Белата куќа пред да може да повреди некого, рече Малин.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер