СветЕУ ги запре трговските отстапки за УкраинаЕвропската Унија дозволи да истече рокот на важност на трговските отстапки за Украина, со што завршува системот на ослободување од царини воведен веднаш по почетокот на руската инвазија врз земјата во 2022 година. Според Европската комисија, транзициските мерки истекоа на полноќ, а претходните договори ќе останат во сила додека не се постигне нов трговски договор, јави ДПА. Оваа промена значи дека украинските производи повторно ќе бидат подложни на тарифни квоти според претходниот договор од 2016 година. Во јуни 2022 година, ЕУ ги укина царините за украинскиот увоз како дел од напорите за поддршка на економијата на земјата зафатена од војна. Мерките беа продолжени минатата година, но со воведување на построги ограничувања за одредени земјоделски производи, како што се жито, јајца и живина. Отстапките предизвикаа протести од земјоделци во неколку земји-членки, особено во источниот дел на ЕУ, кои се пожалија дека евтиниот украински увоз ги потиснува домашните производители. Во Франција исто така имаше барања за построги царински мерки. Според европски дипломати, националните земјоделски интереси одиграле значајна улога во дебатата за укинување на отстапките. До крајот на 2025 година, Украина ќе може да извезува само до седум дванаесеттини од годишните квоти определени според претходниот договор. Европската комисија соопшти дека работи на нов договор кој ќе ги земе предвид и загриженостите на земјите членки и потребите на земјоделските производители. Тагови: ЕУ украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВладата размислува за нов Клинички на Илиденска, спроти Воена болницаПремиерот Христијан Мицкоски на брифинг со новинари кажа дека владата прави планови за изградба на нов Клинички центар во Скопје, на нова локација.Станува збор за парцелата на Илиденска кај салата Борис Трајковски на која порано превдидено беше да се гради трговски центар. Таму е Мирјана Мирчевска Јовановиќ. Сите влади досега го најавуваа овој капитален проект, кога би станал реалност? Целосниот извештај погледнете го во видеото. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗаконите за судска служба и јавнообвинителска служба во собраниска процедура Предлог законите за судска и јавнообвинителска служба како дел од реформската агенда поминаа на првото читање во собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. Според предложените измени, судските и јавнообвинителски службеници би добиле статус на посебни административни службеници со цел да се надминат сегашните проблеми со оценувањето и унапредувањето на овие административци. Дополнително, се воведува и одредба која го уредува и евентуалното зголемување на платите. Сепак, првото читање помина во атмосфера на политичко препукување, бидејќи според претставниците од Власта, опозицијата е против реформските закони, додека пак опозициските пратеници се на ставот дека законите не се доволно квалитетни и ќе бидат вратени на доработка. Првиот човек на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани – Трпе Деаноски, најавува предлози и амандмани на овие два предлог закона, бидејќи како што појаснува, и со нив, принципот на исплата на платите останува ист. Во предлог законите во кои ние учествувавме во работната група, платите беа направени на друг начин – просечна плата по коефициент како што тоа го добиваат судиите и јавните обвинители, за жал сега не е така, повторно е стариот систем а тоа е минимална плата плус бодови. Од пресметката што ја направивме досега, платата не е зголемена. Она што го баравме, додатоците на плата да бидат анблок односно да ги добиваат овие вработени секој месец, истото повторно е условено со одлуки на Судски буџетски совет и одлуки на обвинителот, односно пак да се побара согласност од обвинителство, судски буџетски совет и министерство за финансии. - Трпе Деаноски – претседател на УПОЗ ПРЕДЛОГ НА ЗАКОН ЗА СУДСКА СЛУЖБА: Член 72 – Додатоци на плата По донесена одлука на Судскиот буџетски совет за обезбедени финансиски средства, претседателот на судот, најдоцна до средина на месецот може да донесе решение за исплата на додаток, односно додатоци од ставот (1) од овојчлен на судски службеник од судот за претходниот месец. Решението треба да содржи образложeние на исполнетоста на условите за утврдување на правото на додаток. Како што потенцира предлагачот односно Владата, овие предлог закони се подготвени согласно стратешките приоритети кои ги налага Реформската агенда во делот Владеење на правото во рамки на Фундаменталните вредности. Преку овој чекор кој требаше да биде завршен до јуни минатата година со грејс период до јуни годинава, ЕУ налага да се регулираат платите на судиите, обвинителите, како и на судската и обвинителската служба. .Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаМинистерство за правда: Изборните реформи влегуваат во завршна фазаСледната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.Работната група за реформи во изборното законодавство денес ја одржа седмата седница, на која беа разгледани и анализирани предлозите, мислењата и забелешките доставени од надлежните институции, политичките партии, граѓанските организации и другите засегнати страни во процесот на подготовка на измените на Изборниот законик. На седницата беше потврден досегашниот напредок во усогласувањето на законските решенија со препораките на ОБСЕ/ОДИХР, при што членовите на Работната група водеа интензивна и конструктивна расправа за повеќе прашања кои директно влијаат врз транспарентноста, интегритетот и кредибилитетот на изборниот процес. Министерството за правда ја истакнува посветеноста и активното учество на сите членови на Работната група и оценува дека процесот се одвива во духот на дијалог, професионалност и заедничка одговорност за унапредување на демократските стандарди во државата. Реформите во изборното законодавство претставуваат важен чекор кон јакнење на институционалната доверба и обезбедување фер, слободни и демократски избори во согласност со европските стандарди и меѓународните препораки. Следната седница е закажана на 12 јуни по што законските измени ќе се финализираат и ќе се достават во понатамошна процедура.Тагови: Министерство за правда Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter