ЕУ ги укинува увозните давачки за американски стоки, за да избегне зголемување на царините од страна на Трамп - Канал 5

ЕУ ги укинува увозните давачки за американски стоки, за да избегне зголемување на царините од страна на Трамп

Европската унија ја дигна рампата, постигнат е начелен договор за укинување на увозните тарифи за американските производи.

ЕУ ги укинува увозните давачки за американски стоки, за да избегне зголемување на царините од страна на Трамп

Европската унија ја дигна рампата, постигнат е начелен договор за укинување на увозните тарифи за американските производи, за да се спроведе трговскиот договор со САД и да избегненат нови повисоки царини со кои се закани американскиот претседател Доналд Трамп. Ова значи дека ЕУ треба да ги укине тарифите за американските индустриски производи и да обезбеди преференцијален пристап до американските земјоделски производи, додека САД ќе ги задржат тарифите од 15 проценти. Овој договор се очекува да стапи на сила најдоцна до 4 јули, но најпрво треба да биде одобрен на пленарната седница на Европскиот парламент и од земјите членки.

-Најпрво, Европската Унија уште еднаш потврди дека ние сме сигурен трговски партнер кој ги почитува неговите обврски. Овој исход целосно ја почитува заедничката изјава на ЕУ-САД. Второ, се договоривме на потребните инструменти за да се осигураме дека ЕУ-САД изјавата ќе биде целосно исполнета со добра верба од двете страни,- изјави: Марек Шефчовиќ – еврокомесар за трговија.

Од Комитетот за меѓународна трговија при Европскиот парламент негираат дека Европа потклекнала на ултиматумите на Трамп, кој предупреди дека доколку не се финализира законската рамка, царините за европските производи во САД би можеле да се зголемат од 15 на 25 проценти.

- Дали ЕУ потклекна под ултиматимот на Трамп?

Не, тоа не е така во овој случај. Се сеќавам дека пред две недели Трамп како вид на притисок изјави „ако не го направите ова за една недела тогаш ќе потврдам 25% давачки за вашите коли“. Во последната година видов толку различни постови на Трамп за т.н примирје, и затоа не ми е грижа. Ние мора да дадеме јасно до знаење дека ова е наша обврска, да го заштитиме интересот на ЕУ и затоа ќе го направам тоа,- - Бернд Ланге - претседател на комитет за меѓународна трговија.

Царинскиот договор беше постигнат во август 2025 година меѓу Доналд Трамп и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Со него беше утврдена горна граница од 15 проценти за повеќето увози од ЕУ во САД, вклучително и автомобили и автоделови. За возврат, ЕУ се обврза да ги укине царините за американската индустриска стока и да го олесни пристапот на американските земјоделски производи, како свинско месо и млечни производи, на европскиот пазар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Отворањето предмет од ДКСК за можен судир на интереси кај едно лице не е истрага за проневера на 5,5 милиони евра.

СДСМ: Пак манипуација од Мицкоски – проневера од 5,5 милиони евра мора Обвинителство да постапи, а не ДКСК само за едно лице

Судир на интереси за член на Комисијата кој учествувал и како изведувач е само еден сегмент, за целиот скандал потребно е истрага од Обвинителството по трагот на парите.

Арамијата Мицкоски излажа дека прославата чинела „нула денари“. Јавноста дозна дека биле потрошени 5,5 милиони евра. Потоа молк, се кријат докуименти, договори, анекси, исплати, фактури. Се крие дури и данок дали е платен.

Така функционира организирана криминална група – крие за да не се откријат провизиите, матните зделки и злоупотребите.

Граѓаните ја платија сметката на Мицкоски и имаат право да знаат каде завршил секој денар.

Затоа Јавното обвинителство мора веднаш да отвори предмет, да ја обезбеди целокупната документација, да го следи текот на парите и да утврди како биле носени одлуките.

Каде е одлуката на Собранието на акционери на Лотароија која мора да постои согласно закон?

Кој орган го одобрил трошењето на над 300 милиони денари? На која седница била донесена одлуката, кој гласал за неа и врз основа на кој закон?

Како е можно јавен повик да трае само пет работни дена и со пристигнала само една понуда а по три дена веќе да се најави настапот на Гета?

Мора да се утврди колку чинел настапот на Дејвид Гета, кога и од кого бил договорен и кога бил исплатен.

Колку заработиле „Стардаст“, односно „Авалон“, и како биле вршени исплатите додека компанијата имала блокирана сметка?

Дали е платен данок воопшто?

Каде завршиле приближно 1,75 милиони денари од продадените билети и дали за овие приходи бил платен данок?

Ова се премногу отворени прашања, премногу матни зделки. Премногу сокриени документи.

Ако сè чисто и законски, документите немаше да се кријат.

Да немаше што да сокрие, арамијата Мицкоски немаше да ги лаже граѓаните дека прославата чинела „нула денари“.

СДСМ бара целосна истрага од Јавното обвинителство.

Народот не е ниту „талог“, ниту „идиот“. Не можете да ги трошите парите на граѓаните, да ги лажете и потоа да ги криете одговорите.

Доаѓа времето на вистината и правдата.

Скопје, 16.09.2026

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

РСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето

Во периодот од 16 до 22 септември, РСБСП ја одбележува Европската недела на мобилност, кампања која поттикнува промена на секојдневните навики во движењето и избор на поодржливи, побезбедни и поеколошки начини на транспорт.

РСБСП: Европска недела на мобилност – помалку автомобили, повеќе простор за луѓето

Градовите денес се соочуваат со сè поголем број автомобили на улиците, што резултира со сообраќаен метеж, загаден воздух, бучава и намален квалитет на живот. Затоа Европската недела на мобилност потсетува дека секое патување не мора да започне со автомобил.

Пешачењето, возењето велосипед и користењето на јавниот превоз не се само алтернатива – тие се инвестиција во почиста животна средина, поздрави граѓани и побезбедни улици.

Секој ден кога ќе го оставиме автомобилот дома и ќе избереме да пешачиме, да возиме велосипед, да користиме јавен превоз или друг алтернативен превоз придонесуваме за намалување на загадувањето, ослободување на урбаниот простор и создавање похумани градови по мерка на човекот.

Но, одржливата мобилност е и прашање на безбедност. Улиците треба да бидат места каде децата безбедно ќе одат на училиште, каде постарите лица ќе можат без страв да се движат, а велосипедистите и пешаците ќе бидат рамноправни и почитувани учесници во сообраќајот.

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ги повикува граѓаните во текот на Европската недела на мобилност да направат мал, но значаен чекор кон одржливи навики на движење.

Оставете го автомобилот кога тоа е можно.

✅ Пешачете до блиската дестинација.

✅ Изберете велосипед.✅ Користете јавен превоз.

✅ Споделете превоз со други лица.

Малите промени во секојдневното однесување носат големи придобивки за сите – почист воздух, поуредени градови, помал метеж и поголема безбедност во сообраќајот.

Да создадеме градови во кои приоритет ќе бидат луѓето, а не автомобилите.

#СекојЖивотЕВажен

РСБСП – Мобилност за сите. Безбедност за секого.

#ЕвропскаНеделаНаМобилност #МобилностЗаСите #СекојЖивотЕВажен #РСБСП #ОдржливаМобилност #БезбедностВоСообраќајот #ПешачиПовеќе #ВозиВелосипед #КористиЈавенПревоз #ПомалкуАвтомобилиПовеќеЖивот

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Пред синоќешниот натпревар од 5. коло на Ла Лига меѓу Елче и Реал Мадрид кој заврши со минимален триумф на гостите од 2–3, се случи инцидент што стана главна тема во Шпанија. 

Видео: Скандал во Реал: Мбапе и Вини одбиле да носат маици против „инвазијата“ на мигранти

Додека играчите од двата тима излегувале на терен носејќи над дресовите , маици за поддршка на Сеута, тројца фудбалери на Реал – Винисиус, Килијан Мбапе и Ибрахима Конате – одлучиле да не учествуваат во овој гест, пренесува „Марка“.

Нивниот потег веднаш предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.

Винисиус му даде насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На интернет се појавија снимки од тунелот, а корисниците на платформата „Икс“ (X) забележуваа дека во видеото се гледа како Винисиус му дава насоки на Мбапе што да прави со маицата.

На предната страна на маицата бил испишан слоганот „Сите сме скуши“ (прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија), додека на задната страна едноставно пишува „Сеута“.

Иако ги земале маиците во тунелот пред да излезат на теренот, тројцата фудбалери на Реал не ги облекле маиците во целос.

Всушност, Конате само ја држел маицата во раце, додека Мбапе и Винисиус ги облекле на таков начин што слоганот „Сите сме *skuše*“ (скуши/скумши) – прекар за жителите на Сеута поради нивната рибарска индустрија – бил едвај видлив.

Додека се ракуваа со играчите на Елче, тројцата фудбалери на Реал целосно ги соблекле белите маици и носела замо дресови на Реал наменети за гостувања – потег што не им избега на камерите и на гледачите.

Ова беше особено забележливо бидејќи сите останати фудбалери на Реал и на Елче продолжиле да ги носат маиците.

Раководството на кралевите ја почитувало одлуката на тројцата ффудбалери.

Според „Ел Мундо“, клубот изјавил дека ја почитува одлуката на своите играчи бидејќи во соблекувалната постојат „различни мислења, сензибилитети и гледишта за реалноста“.

Инаку иницијативата за носење на маици за поддршка на Сеута била покрената од Елче и прифатена од Реал, иако клубот не сакаше да врши притисок врз играчите. Иронично, Сеута е родното место на Хозе Мартинез „Пири“, почесниот претседател на Реал Мадрид.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер