Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
2Скандал на финалето на Купот: Голман посака да му умре мајката на судијата, тој го удри со бокс во лице (ВИДЕО)
СветЕУ ги реафирмира поддршката и промоцијата на белорускиот јазик и култура - Белорусија останува високо на агендата на ЕУ. Го осудуваме континуираното бесмислено кршење на човековите права од страна на режимот на Лукашенко и невиденото ниво на репресија пред претстојните избори. Одговорните ќе одговараат, порача Борел. Европската Унија изразува силна осуда на континуираните кампањи за прогон и заплашување против сите сегменти на белоруското општество, невиденото ниво на репресија и ограничувањата на политичката партиципација, кои го поткопуваат потенцијалот за правичност и легитимност на парламентарните и локалните избори во Белорусија закажани за 25 февруари 2024 година, порача Советот за надворешни работи на ЕУ. Советот ја изразува својата континуирана и длабока загриженост за влошената состојба на човековите права во Белорусија и за активностите на режимот на белорускиот претседател Александар Лукашенко со кои се поткопува националниот идентитет на Белорусија и ја потврдува својата посветеност за поддршка и промовирање на белорускиот јазик и култура. Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жосеп Борел порача дека ЕУ ја изразува солидарност со белорускиот народ и останува решена да ги мобилизираат сите средства за поддршка на нивната желба за мир и демократија. - Белорусија останува високо на агендата на ЕУ. Го осудуваме континуираното бесмислено кршење на човековите права од страна на режимот на Лукашенко и невиденото ниво на репресија пред претстојните избори. Одговорните ќе одговараат, порача Борел. Советот воедно ја потврдува „непоколебливата поддршка за барањата на белорускиот народ за слободна, демократска, суверена и независна Белорусија, како дел од мирна и просперитетна Европа“. - Советот силно ја осудува континуираната поддршка што ја дава белорускиот режим за руската агресија врз Украина и ја повикува Белорусија да се воздржи од такви активности и да се придржува до своите меѓународни обврски и, исто така, ги осудува хибридните напади на режимот на надворешните граници на ЕУ, вклучително и инструментализацијата на мигрантите, се наведува во заклучоците на Советот за надворешни работи на ЕУ. Во текстот се потсетува дека ЕУ воведе санкции против режимот на Лукашенко и е подготвена да преземе дополнителни рестриктивни мерки се додека белоруските власти продолжуваат со своите активности. Во заклучоците, исто така, се нагласува силната поддршка на Унијата за белоруското граѓанско општество и се поздравува формирањето на Консултативната група на ЕУ со белоруските демократски сили и граѓанското општество. Советот потсетува и на посветеноста на ЕУ да обезбеди три милијарди евра за „идната демократска Белорусија“ преку сеопфатен план за економска поддршка, кој има за цел да изгради отпорност и да промовира демократски реформи, да создаде нови работни места и да го подобри животниот стандард на луѓето. - Идната демократска Белорусија има место во европското семејство, се додава во заклучоците на Советот за надворешни работи на ЕУ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен домСтанови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови.Во тек е подготовката на двата специјални закони кои се однесуваат на младите брачни парови, а кои се очекува следниот месец да бидат доставени до Собранието. Првиот закон се однесува на мерката со која на младите брачни парови ќе им се овозможи купување станбен простор по цени за 20% пониски од просечните пазарни цени остварени во текот на претходната година. Анализите веќе се во тек, а првичните податоци покажуваат дека, на пример, во Општина Центар просечната пазарна цена на квадратен метар станбен простор во првите три квартали од годинава изнесувала 1.915 евра. Со предвидениот попуст од 20%, цената би изнесувала 1.530 евра за квадратен метар. Секој инвеститор кој ќе побара дозвола за изградба на станбен објект ќе има обврска да издвои 10% од станбената површина за лицата кои ќе ги исполнуваат условите утврдени со законот. Еден од условите е најмалку едниот од партнерите да биде на возраст до 35 години. Вториот закон предвидува младите да бидат ослободени од плаќање комуналии кон општината при изградба на сопствен дом. Оваа мерка веќе се применува во одредени општини, но целта е нејзино проширување и спроведување на територијата на целата држава. ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден на мандатот работи на создавање подобри услови за живот на младите. Со овие два закона се прави чекор кон решавање на предизвикот со кој се соочуваат младите брачни парови, обезбедувањето сопствен дом, се наведува во партиското соопштение.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПретепаната жена од Гостивар е во стабилна состојба, насилниот сопруг е однесен во Бардовци 10:09Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14Во Охрид состанокот на лидерите во рамките на Процесот Брдо-Бриони15:14Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31Пратенички прашања во Собранието, опозицијата со жестоки критики15:00
Сиљановска-Давкова од Охрид: Има промена во Брисел за начинот на кој гледа на проширувањето на ЕУ18:14
Осум лица се хоспитализирани во Општата болница во Охрид по пожарот во стан на улицата „Гоце Делчев“08:31
СветУзбекистан и Казахстан повторно ја отворија границата, но само за 100.000 патници дневно Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција.Узбекистан и Казахстан повторно го отворија еден од најпрометните гранични премини во Централна Азија, Гишткуприк-Жибек Жоли, по речиси две години реконструкција, со надградени објекти дизајнирани да опслужуваат до 100.000 патници дневно во шпицот, објави денес „Еуроњуз“. Отворањето се случува во време кога Узбекистан и Казахстан, двете најголеми економии во Централна Азија, ги зајакнуваат своите трговски и туристички врски, а Европската Унија се стреми да развие поефикасни транспортни врски со регионот. Европската комисија го наведе развојот на Средниот коридор, кој ја поврзува Централна Азија со европските пазари преку Каспиското Море и Јужен Кавказ, како клучен приоритет, со цел тројно зголемување на трговските текови по должината на рутата и значително намалување на времето за транзит на товар до 2030 година. Контролниот пункт Гишткуприк-Жибек Жоли, кој се наоѓа во близина на узбекистанскиот главен град Ташкент, регистрираше повеќе од 11 милиони преминувања на патници во 2024 година, или просечно околу 30.000 дневно. Иако повторно отворениот контролен пункт им служи на пешаци, патнички автомобили и автобуси, а не на камиони, се очекува неговата модернизација да биде од корист за товарниот сообраќај меѓу Узбекистан и Казахстан.Тагови: Казахстан Узбекистан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЖивотКејт Мидлтон за борбата со ракот: Во болницата паѓав во несвест, па се освестував (ВИДЕО)Кејт Мидлтон отворено зборува за својата борба со ракот, тешките времиња во болницата и емоционалното закрепнување во новиот документарец „Heal“. Принцезата од Велс (44) откри како болеста го променила нејзиниот поглед на животот, но и колку многу ѝ значела поддршката од нејзиното семејство. 30-минутниот документарец премиерно ќе биде прикажан во недела, 29 ноември, на Би-Би-Си. Го следи планинскиот предизвик на принцезата во кој се искачила на највисоките врвови во Шкотска, Англија и Велс за помалку од 24 часа, пишува People. Се соочила со сопствената смртност Кејт се присети на застрашувачките моменти во болницата, кога ја губела свеста и се враќала на свеста. Во еден од најтешките моменти, почувствувала дека некој ја држи за рака. Не открила за кого станува збор, но нагласила колку многу ѝ значело самото присуство на друга личност. Признала дека за време на болеста имала чувство дека се изгубила себеси. Иако ја завршила хемотерапијата во септември 2024 година, а во јануари 2025 година објавила дека е во ремисија, емоционалното закрепнување траело многу подолго. Пораките од децата ја расплакаа Еден од најемотивните моменти од документарецот се случи на врвот на англиската планина Скафел Пајк, каде што нејзиниот брат Џејмс Мидлтон ги пушти видео пораките од нејзините деца. Луис ѝ рече дека ја сака, Џорџ откри дека го следи нејзиното патување, а Шарлот ѝ кажа колку е горда на неа. Принцезата не можеше да ги задржи солзите и истакна дека нејзините деца се нејзината мотивација за закрепнување. Откри што не направила по третманот Кејт, исто така, откри дека по завршувањето на третманот, не заѕвонила на болничкото ѕвонче, што пациентите со онкологија традиционално го означуваат тој момент. Таа објасни дека дури и не знаела за овој обичај во тоа време. Нејзиниот брат предложи освојувањето на три планински врвови да биде нејзин начин да го означи крајот на нејзиното лекување. Болеста ги промени нејзините приоритети Принцезата призна дека по болеста, поинаку гледа на времето што го поминува со своите деца. Сфати дека не мора да го исполнува секој споделен момент со активности и дека понекогаш е доволно едноставно да биде со нив. За време на закрепнувањето, таа, исто така, најде голема утеха во природата. Со документарецот, тој сака да ги поддржи луѓето кои минуваат низ слични искуства, а приходите од неговата дистрибуција се наменети за добротворната организација за борба против ракот „Ројал Марсден“. Дури и во документарецот, принцезата не откри од каков вид рак боледува. Тагови: Кејт Мидлтон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter