ЕУ ги анализира мотивите на Приштина за прогласување на еврото за единствено платежно средство

ЕУ се уште ги анализира и ги бара разјаснување за причините, мотивите и можните последици од одлуката на властите во Приштина за прогласување на еврото како единствена валута што ќе се користи во Косово.

ЕУ се уште ги анализира и ги бара разјаснување за причините, мотивите и можните последици од одлуката на властите во Приштина за прогласување на еврото како единствена валута што ќе се користи во Косово, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано.

- Во основа, од Косово и Србија се очекува да избегнуваат преземање на некоординирани постапки кои не придонесуваат за нормализација на односите и кои може да имаат негативно влијание врз стабилноста на теренот, изјави Стано во одговор на новинарско прашање за ставот на ЕУ во врска со одлуката на Приштина „за забрана на користењето на други валути освен еврото во Косово“.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Стано додаде и дека ЕУ ги повикува двете страни ова прашање да го решаваат во рамки на дијалогот, што се спроведува под нејзино покровителство.

Косовската Централна банка донесе уредба според која од 1 февруари единствена валута што ќе се користи во готовина и за платежни трансакции во Косово ќе биде еврото.

Еврото и сега се користи како валута во најголемиот дел на Косово, освен во реоните каде мнозинството од населението се Срби, каде во употреба е српскиот динар. Во општините со српско мнозинство на северот од Косово, во динари се исплаќаат платите на вработените во државните институции, пензиите, детските додатоци или социјалната помош, а и цените во трговските објекти се изразени во српската национална валута.

Стано: ЕК анализира и бара појаснување за одлуката на Приштина за платниот промет

Европската комисија се уште ја анализира одлуката на Приштина за суспендирање на циркулацијата на сите валути освен еврото и бара појаснување за тоа прашање, изјави денеска портпаролот на ЕК Петер Стано. Тој посочи дека се очекува Белград и Приштина да избегнат некоординирани акции. кои не водат до придонес за нормализирање на односите.

„Се уште анализираме и бараме појаснувања за таа одлука, причините (за нејзино донесување), мотивациите и можните импликации, но генерално се очекува Косово и Србија да избегнат некоординирани акции, кои не се соодветни за нормализација на односите и кои би можеле да негативно влијае на стабилноста на теренот“, рече Стано на брифинг со новинарите во Брисел. Тој апелираше до двете страни да се занимаваат со оваа тема во рамките на дијалогот што се води со посредство на ЕУ.

Санчез на лето ќе го напушти Интер како слободен играч

Напаѓачот Алексис Санчез ќе го напушти Интер на крајот од актуелната сезона, пренесува новинарот Фабрицио Романо.

Според Романо, фудбалерот ќе го напушти клубот како слободен играч. Договорот на 35-годишниот Чилеанец истекува на 30 јуни.

Претходно, италијанските медиуми пишуваа дека Интер не е заинтересиран да го продолжи договорот со фудбалерот.

Како дел од клубот од Милано, Санчез двапати ја освои Серија А, го освои Купот на Италија и два пати го освои Суперкупот на земјата.

На лето Интер ќе го напушти и играчот од средниот ред Стефано Сенси. /МИА

Преговорите за глобален договор за подготвеност за пандемија влегуваат во завршна фаза

 Земјите-членки на Светската здравствена организација (СЗО) од денеска ги вложуваат последните напори да постигнат договор за склучување договор за глобална подготвеност за пандемии, јави ДПА.

Во пресрет на пандемијата на Ковид, 194-те земји-членки на СЗО повикаа на договор за да се осигура дека земјите се подобро подготвени да се справат со следната катастрофа и дека глобалниот одговор не е толку хаотичен.

Страните сакаат планираниот договор да вклучи мрежа за снабдување координирана од СЗО, така што сите земји ќе можат да пристапат до лековите што им се потребни во итен случај без трговски ограничувања.

Слично на тоа, дел од произведените лекови или вакцини ќе им бидат дадени на посиромашните земји бесплатно или по ниска цена. Одредбите ќе важат само за земјите што ќе го ратификуваат договорот. Тој ќе стапи во сила откако 60 земји ќе го ратификуваат документот.

Целта е договорот да биде усвоен на овогодинешното Светско здравствено собрание - тело за одлучување на СЗО. Средбата ќе започне на крајот на мај.

Последната рунда разговори на почетокот на оваа година не успеа, а разговорите кои започнуваат денеска се сметаат за последна шанса да се постигне договор пред крајниот рок во мај.

Во обид да се постигне консензус, преговарачите претставија многу покондензиран нацрт-договор од претходната верзија. Сегашниот се состои од 23 страници, изоставувајќи многу контроверзни одредби.

Едно од контроверзните прашања е дали и на кој начин фармацевтските компании треба да бидат обврзани да споделуваат експертиза и да обезбедат дел од своите производи на посиромашните земји.

Хуманитарната организација „Лекари без граници“ тврди дека договорот треба да се однесува на прашањата поврзани со глобалното здравје, здравствената заштита и правдата, а не само да ги штити интересите на индустријата. /МИА

На која возраст треба трајно да се престане со алкохол?

Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

- Многумина повремено уживаат во алкохолни пијалоци... Но, некои луѓе често знаат и да претераат, што не е добро за нивното целокупно здравје. 3атоа, неврологот и невропсихијатар Ричард Рестак открива: Во која доба треба трајно да се престане со алкохол?

Во својата книга „Како да се спречи деменција“, неврологот ја образложува врската меѓу алкохолот и можноста за појава на одредени болести. Тој вели дека алкохолот е „директен невротоксин“, што значи дека редовното пиење големи количини алкохол може да биде штетно за мозокот, а оттука и за другите органи.

- Запрашајте се: „Зошто пијам?“ Ако одговорот е: „Алкохолот ми помага да си го подигнам расположението и да ја намалам анксиозноста“, можеби сте изложени на опасност и веројатно е најдобро да престанете целосно со алкохолот, објаснува д-р Рестак.

Советот гласи: Откажете се од алкохолот по навршувањето 65 години.

- На таа возраст вашиот мозок веројатно веќе консумирал алкохол колку што му е потребно на вашето тело. Кога алкохолот го оштетува мозокот, тоа влијае и на агилноста на телото, а можноста и за паѓање е поголема, појасни лекарот.

Наводите говорат: Стапката на смртност од пад е во раст - особено кај повозрасните мажи. Пиењето може да биде особено опасно за оние луѓе кои веќе се погодени од мускулна атрофија, проблеми со рамнотежата или користат одредени лекови. /МИА

притисни ентер