Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
1Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
СветЕУ додаде уште 48 лица и 35 субјекти на листата на санкционирани поради руската агресија Со денешната одлука за санкционирање на неколку индустриски компании кои произведуваат оружје, муниција и друга воена опрема и технологии, се одржува притисокот врз руската војска и одбрана. Советот за надворешни работи на ЕУ во рамки на денеска усвоениот 16-ти пакет на рестриктивни мерки поради руската агресија врз Украина, донесе одлука на листата на санкционирани да бидат додадени уште 48 поединци и 35 субјекти одговорни за активности со кои се поткопува или загрозува територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на украинската држава. - Со денешната одлука за санкционирање на неколку индустриски компании кои произведуваат оружје, муниција и друга воена опрема и технологии, се одржува притисокот врз руската војска и одбрана. Како дел од напорите на ЕУ за разбивање на мрежите на „флотата во сенка“, Советот, исто така, воведе целосни санкции за три субјекти кои транспортираат руска нафта и нафтени деривати и обезбедуваат значителни приходи за Владата на Русија, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. Дополнително, со санкции се опфаќаат и актери одговорни за заобиколување на санкциите на ЕУ кон Русија, вклучително и преку трети земји. - Првпат, Советот одлучи да ја санкционира и размената на криптовалутата Гарантекс, која е тесно поврзана со руските банки кои се под санкции на ЕУ, се потенцира во соопштението. Покрај кон руски, воведени се санкции и кон поединци и субјекти од трети земји, кои „директно ги поддржуваат руските воени напори“. Така, на листата на санкционирани се најдоа и една кинеска фирма специјализирана за изработка на сателитски снимки и нејзиниот прв човек, како и двајца високи функционери на севернокорејската Армија. - Одговорот на руската пропаганда, исто така, останува приоритет. Покрај озлогласените руски пропагандисти, ЕУ сега ги санкционира и „НузФонт“ и „СаутФронт“, две изданија кои пренесуваат искривени толкувања на историјата и манипулираат со информации согласно пораките на Кремљ и ја таргетираат европската и светската публика со искривени и манипулирани информации, се додава во соопштението. Покрај ова, санкции се воведени и кон бизнисмени од рускиот рударски и енергетски сектор, политичари и активисти од териториите на Украина под руска контрола, лица вклучени во масовните киднапирања, илегални превоспитувања, депортации и принудни префрлања на украински деца од окупираните територии во Русија, како и кон јавни личности, вклучително и еден поранешен украински политичар кој работи во интерес на Москва. Со новододадените, на листата на ЕУ на санкционирани поради активности се кои се поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Украина сега се наоѓаат над 2400 поединци и субјекти. Ним им е замрзнат на имотот во ЕУ, а на граѓани и компании од Унијата им е забрането да им ставаат средства на располагање. Физичките лица дополнително подлежат на забрана за патување во ЕУ, со што им се оневозможува да влезат или транзитираат низ териториите на земјите членки на Унијата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНародната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзорВо врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија.Во врска со одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на АЛТА банка а.д. Белград, Народната банка посочува дека оваа одлука се однесува на работењето на банката во Република Србија и сама по себе не значи автоматско одземање на дозволата за работа на АЛТА банка АД Битола. Домашната банка е самостојно правно лице, основано и регистрирано во Република Македонија, чие работење се оценува согласно домашната законска и регулаторна рамка. Народната банка, како надлежен супервизор ја следи состојбата и постапува во согласност со законските одредби. Народната банка ги следи и сите околности што можат да влијаат врз работењето на домашната банка, вклучително и ризиците што произлегуваат од нејзината сопственичка поврзаност. Во рамките на своите законски надлежности, Народната банка соодветно постапува и соработува со надлежните домашни и странски институции, со почитување на законските правила за доверливост на супервизорските информации. Во однос на стекнувањето квалификувано учество во банка, Народната банка потсетува дека согласност се издава врз основа на сеопфатна постапка, во којашто се ценат законски утврдените критериуми, а врз основа на официјално достапните податоци. Народната банка апелира до јавноста да се потпира на официјални и проверени информации и да не донесува заклучоци врз основа на непотврдени тврдења и шпекулации. Народната банка ќе продолжи внимателно да ја следи состојбата и да постапува независно, професионално и исклучиво во согласност со своите законски надлежности, во интерес на сигурноста на банкарскиот систем и заштитата на депонентите, стои во соопштението од НБРМ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВо Орегон се судрија два хеликоптера, нема преживеаниДва хеликоптера се судриле во воздух на аеродромот Мекминвил во Орегон, а потоа паднале на поле, нема преживеани.Два хеликоптера се судриле во воздух во близина на аеродром во американската сојузна држава Орегон, по што паднале на полето. Во несреќата нема преживеан. Меѓу жртвите има и пилот-ученик од Велика Британија, чиј идентитет властите засега не го откриваат, сè додека не бидат известени членовите на неговото семејство. Во несреќата загинаа и 22-годишната Меди Асбо, инструкторка за летање од Тексас, како и 38-годишниот Тајлер Делан Стурдевант, пилот од Њуберг, Орегон. Според информациите од Канцеларијата на шерифот на округот Јамхил, во еден од хеликоптерите се наоѓале инструктор и британски ученик, додека со другиот управувал Стардевант, кој бил единственото лице во леталото. Во судирот учествувале хеликоптерот „Робинсон R22“ (Robinson R22), во кој имало две лица, и хеликоптерот „Ербас H125“ (Airbus H125), кој, во зависност од конфигурацијата, може да превезува до шест патници. Двете летала се урнале на земјоделско земјиште во близина на аеродромот.Тагови: хеликоптери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканАЛТА банка‘ а.д. Белград: Исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделникОткако Народната банка на Србија ноќеска ѝ ја одзеде дозволата за работа и беше отворена постапка за стечај, Алта банка потврди дека исплатата на осигурените депозити ќе започне во понеделник.„Алта банка“ денес издаде соопштение, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, во кое ја информира јавноста дека е отворена постапка за стечај. „Ја информираме јавноста дека, во согласност со важечките законски прописи и одлуките на надлежните регулаторни органи, отворена е постапка за стечај над ’АЛТА банка‘ а.д. Белград. Ја користиме оваа прилика да изразиме искрена благодарност до сите наши клиенти, депоненти, деловни партнери и соработници за нивната доверба, поддршка и успешна соработка во текот на годините на работење.“ „Горди сме на резултатите што ги постигнавме заедно, на односите што ги изградивме со нашите клиенти, како и на придонесот што го дадовме за развојот на економијата и финансискиот пазар. Сите надлежни институции и органи за стечај преземаат неопходни чекори за заштита на интересите на депонентите и доверителите, како и за спроведување на понатамошните правни постапки, во согласност со прописите на Република Србија. Навремени и официјални информации за понатамошниот тек на постапката, вклучително и информации за начинот и роковите за остварување на правата на клиентите и доверителите, ќе бидат објавени преку официјалните канали за комуникација. Уште еднаш им благодариме на сите клиенти, вработени, партнери и соработници за довербата и поддршката што ги покажаа низ годините“, се наведува во соопштението на банката. Како одговор на прашањето од N1, Алта банка наведе дека исплатата на осигурените депозити започнува во понеделник, во согласност со процедурите и упатствата на надлежните институции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter