ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
2ВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови
ЗдравјеЕУ апелира за помасовна вакцинација против корона вирусот и сезонскиот грип Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ се бележи значителен пораст на лица инфицирани со корона вирусот.Ковид-19 и неговите варијанти се уште се околу нас и се повеќе циркулираат во нашите заедници, при што во моментов е детектирано „коегзистирање на три типа вируси истовремено“, изјави еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес, нагласувајќи ја потребата од помасовна вакцинација против короната и сезонскиот грип. Киријакидес истакна дека најновите здравствени податоци укажуваат дека во некои земји членки на ЕУ се бележи значителен пораст на лица инфицирани со корона вирусот, додавајќи дека дополнителен предизвик претставува и циркулацијата на други респираторни заболувања. Според неа, вакцинацијата останува клучна заштита од корона вирусот, особено за ризичните категории граѓани. - Тоа го истакнав и во писмото испратено до сите министри за здравство во септември за потребата од вакцинација против Ковид и сезонски грип. Ни треба соодветно тестирање, секвенционирање, известување и споделување на податоците за Ковид-от. Тоа е единствениот начин на кој можеме да продолжиме ефикасно да го следиме ширењето на вирусите кои циркулираат и нивните варијанти и да се чуваме меѓусебно, истакна Киријакидес за „Еурактив“. Во Хрватска во периодот од 12 до 18 декември се регистрирани 68 смртни случаи поврзани со компликации предизвикани од Ковид-19, додека здравствените власти во Грција предвидуваат дека доколку продолжи сегашниот тренд на раст на инфицирани со корона вирусот би можело да се очекуваат по околу 80 смртни случаи неделно. Во Италија во последните две недели од 2023 година се регистрирани рекорден број заболени од сезонски грип и Ковид, додека во Белгија кон средината на минатиот месец беше утврдено високо ниво на циркулација на корона вирусот во отпадните води и негов нагорен тренд. Според Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ), земјите членки на ЕУ пријавуваат различни трендови на зголемување и намалување на активноста на корона вирусот, на хоспитализирани пациенти со Ковид-19 и на смртни случаи, претежно на лица на возраст од над 65 години. Од ЕЦДЦ посочуваат дека повторната појава на Ковид-от, заедно со сезонскиот грип и респираторниот синцицијален вирус (РСВ), како и нивната „коегзистенција“ не се неочекувани. Сепак, како што јави дописникот на МИА од Брисел, експертите предупредуваат дека појасна слика за ситуацијата најверојатно ќе се добие во следните неколку недели по божиќните и новогодишните празници кога по традиција има многу мешања и дружења. Некои земји членки веќе размислуваат за воведување нови рестриктивни мерки, како што е задолжителното носење маски на лицата на одредени места. Така, шпанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека од денеска се воведува задолжително носење маски во здравствените установи во Шпанија и покрај противењето на властите на дел од регионите во земја. Сепак, некои влади се воздржани во однос на воведувањето рестриктивни мерки, стравувајќи дека тоа би можело да биде искористено од антиваксерските и популистички партии и групи во пресрет на изборите за Европскиот парламент на почетокот на јуни. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
НБАБен Симонс поради повреда ја пропушта НБА сезоната Засилувањето на НБА тимот, Сакраменто, Бен Симонс, ќе мора да направи долга пауза откако на тренинг ја повреди Ахиловата тетива.Сакраменто доби исклучително лоши вести. Само неколку дена пред почетокот на лигашкиот дел од сезоната, „Кингси“ останаа без своето летно засилување – 30 годишниот Бен Симонс ја скина десната Ахилова тетива за време на тренинг. Според првичните прогнози, тој ќе ја пропушти целата сезона. Симонс, скршен по несреќниот настан, се огласи на социјалните мрежи, обидувајќи се да најде утешни зборови за себе, за својата кариера и за навивачите, ветувајќи дека ќе се врати на теренот посилен отколку што беше пред повредата. „И претходно сум се соочувал со предизвици што ме ставале на тест – ментално, физички и емоционално – но секојпат успевав да најдам начин да ги надминам. Оваа повреда е само уште едно поглавје на мојот пат, а не крај на мојата приказна. Никогаш не е лесно да се биде надвор од теренот и далеку од играта што ја сакам, особено по сè низ што поминав за да се вратам. Сепак, ако сум научил нешто, тоа е дека човекот не е дефиниран од тешкотиите со кои се соочува, туку од начинот на кој реагира на нив. Сум паѓал и претходно, но секогаш сум наоѓал начин повторно да станам. Овој пат нема да биде поинаку“, заклучи тој. Отсуството на Симонс од теренот не претставува проблем само за играчот избран во првата рунда на драфтот во 2016 година, туку и за екипата на Кингс. Австралиецот, требаше да и се врати на кошарката и повторно да го демонстрира својот раскошен талент, откако ова лето потпиша едногодишен договор вреден 3,5 милиони долари. Минатата сезона тој беше дел од Клиперс, но ја пропушти целата година поради закрепнување. Во подготвителниот период тој го пронајде својот ритам, бележејќи просек од 10,5 поени, четири скока и четири асистенции. За жал, Симонс уште еднаш покажа дека едноставно нема среќа. Бројни повреди и проблеми го оддалечија од теренот – местото каде што се очекуваше тој да испише историја во НБА. Неговиот статус како прв пик на драфтот го наговестуваше тоа, но повредите на грбот, проблемите со менталното здравје и многу други препреки му застанаа на патот на Бен Симонс. Според тоа, Сакраменто ќе мора да ја започне новата сезона без Симонс; првиот натпревар е закажан за ноќта меѓу среда и четврток, во 4:30 часот наутро. Проблем за Кингс не е само Австралиецот, туку и Малик Монк, кој заработи повреда на глуждот. Максим Рено и Дилан Кардвел се надвор од терените до ноември, па така, ситуацијата во која се наоѓа тимот е далеку од идеална.Тагови: НБА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканБугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Бугарија итно крена ловци „МиГ-29“ поради дојава за бомба! Патничкиот авион изврши принудно слетување.Авион на лет од Тел Авив кон Виена извршил принудно слетување во Софија по закана за поставена бомба, при што бугарските воздухопловни сили подигнаа ловци „МиГ-29“. Министерството за одбрана на Бугарија денеска соопшти дека бугарските воздухопловни сили ги активирале своите капацитети за заштита на националниот воздушен простор, откако авион што полетал од Тел Авив синоќа извршил принудно слетување во Софија поради закана со бомба, пренесе „Тачно“. Операцијата на бугарските сили била спроведена во координација со Центарот за комбинирани воздушни операции во Торехон, Шпанија, јавува БТА. Авион „Ербас А320“ на летот OS82 од Тел Авив кон Виена бил пренасочен кон Софија во неделата вечерта, откако била пријавена закана со бомба, по што слетал на аеродромот „Васил Левски“ во бугарската престолнина, се наведува во соопштението. Според првичните информации, во леталото имало шест члена на екипажот и 51 патник, соопшти бугарското Министерство за транспорт и врски. Додека авионот се приближувал кон границата со Романија, екипажот пријавил дека добил закана со бомба и донел одлука за принудно слетување во Софија. Во исто време, бугарските воздухопловни сили испратија ловци „МиГ-29“, кои ги спроведоа процедурите предвидени за вакви околности. Според бугарската агенција, формирана е оперативна група за брза реакција, а надлежните органи започнаа истрага. Според податоците од веб-страницата „FlightRadar24“, овој авион на „Austrian Airlines“ слетал во Софија во неделата во 20:42 часот по средноевропско време. „Можеме да потврдиме дека беше упатена закана кон летот OS82 на линијата Тел Авив – Виена, поради што беше неопходно принудно слетување во Софија (SOF)“, соопштија од „Austrian Airlines“. Патници изјавиле за израелскиот портал „Ynet“ дека вонредната ситуација настанала по анонимна дојава за присуство на експлозив во авионот. Во леталото наводно се наоѓала делегација на млади луѓе кои требало да говорат пред Обединетите нации, пренесува „Times of Israel“. Поради ова, авионот наводно испратил сигнал за итна помош.Тагови: Бугарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Резултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласовиРезултатите ја демантираат СДС, со истиот кандидат кој лани им беше носител на листа за советници освоија 57 помалку гласови, додека ВМРО-ДПМНЕ има раст од скоро 600 гласа.СДС се повеќе тоне. Резултатите од изборите во Брвеница ја демантираа радоста на СДС дека имаат помал пораз од последните локални избори минатата година. Нивниот пораз е уште поголем од ланските избори. Тоа што јасно може да се види е дека СДС сега имаат 57 гласа помалку од гласовите на советничка листа лани, кога истиот кандидат им беше носител. Односно истиот човек лани, како носител на листа за советници, освоил повеќе гласови отколку годинава како кандидат за градоначалник. За појасно да и биде на јавноста, но и на СДС, лани освоија 763, додека вчера, за истиот кандидат гласале 706 граѓани. Кога веќе зборуваме со факти и бројки, вистината е следна. ВМРО-ДПМНЕ освои за скоро 600 повеќе од ланските избори. Имено, на листа за советници лани освоивме 2371 глас, додека вчера за Стојанчо Радичевски гласале 2943 граѓани. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28