АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
2АХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо
КултураЕтио-џез, афро-бит, фадо, фламенко,... на ОФФест 2014Со настап на унгарскиот композитор, импровизатор и виртуоз на виолина Феликс Лајко, во петок во киното Фросина почнува годинашниот ОФФест. До 5 јуни љубителите на добриот звук ќе имаат можност да уживаат во фадо, етио-џез, фламенко, кореански микс на традиционалното и модерното, афро-бит, фанки рок и соул,... Фестивалот во рамки на 13. издание ги носи легендарниот Мулату Астатке, Јупитер&Окуес интернешнал, Кареминхо, Геомунго фактори, Лас Мигас. Меѓу гостите се и добро познатиот словенечки пеач и кантавтор Зоран Предин, како и битолскиот состав Фолтин. ОФФест ќе се одржува на повеќе локации - Универзална сала, МОБ, Кино Фросина и клубот Станица 26. Лајко, способен да свири секаков стил без каква било категоризација, на сцената во кино Фросина ќе биде придружуван од неговиот колега и постојан соработник Антал Браснио. На 1-ви јуни во Универзална сала е „таткото на етио-џезот“,Астатке. Музичар и аранжер, школуван во Лондон, Њујорк и Бостон, свири вибрафон, конги, клавијатури, органа,..., комбинира џез и латино со традиционална етиопска музика. Астатке е првиот африкански музичар примен на престижниот музички колеџ Беркли кој во 2012 година му ја дава и почесната титула Доктор по музика. Истата вечер настапуваат и Фолтин со нивните специјални гости Васко Атанасовски, Наталио Суед од Холандија и Марјан Станич од Словенија. Нивната заедничка изведба е всушност проект кој произлезе од соработката на три интернационални фестивали. Во вторник, на 3-ти јуни, Станица 26 е резервирана за „бунтовниот генерал“, симболот на музичката сцена на Конго, Јупитер Боконџи кој на Киншаса и го врати приматот на главен град на африканската музка. Конгоанска румба со фанк и урбан грув ќе понуди музичарот кој повремено потсетува на африкански Џејмс Браун. Јужнокореанките Геомунго фактори, „крстени“ по стариот инструмент со четири жици од свила на кој се свири со кусо бамбусово стапче, настапуваат во МОБ на 4-ти јуни. Корените на музиката што ја негуваат се од четвртиот век, но вешто ја комбинираат со новото, современо. Експериментирајќи, порачуваат дека традиционалното и современото се два концепта кои меѓусебно не се исклучуваат. Предин, придружен од извонредниот хрватски состав „Дамир Кукурузовиќ Џанго груп“ ќе ја претстави концертната програма во која преовладуваат џипси-свинг стандардите, но ќе направи пресек и на најголемите негови хитови. ОФФест завршува со настап на Кармињо, најголемата нова ѕвезда на португалското фадо, како и со концертот на фламенко атракцијата од Шпанија, инспиративниот женски квартет „Лас Мигас“, во МОБ. Во рамки на фестивалот ќе биде прикажан и документарниот филм „Јупитерс денс“, приказна за животот на музичарите во Конго раскажана преку патување низ гетата на Киншаса. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПратенички прашања до премиерот и министрите Во Собранието денеска ќе се одржи и пленарна седница, на чиј дневен ред е поставување пратенички прашања до премиерот и министрите.Први поставуваат прашања пратениците од опозициските партии. Дополнително, претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска ќе одржи и неформална средба со претставници на медиумите, на која ќе се разговара за тековните и идните активности на законодавниот дом.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
НБААларм во НБА-лигата: Дури 79 играчи на списокот на повредени и отсутни во една вечер Дури 79 кошаркари се наоѓаат на официјалниот извештај на НБА за повреди и достапност на играчите за натпреварите што се играат вечерва, објави „НБА Сентрал“ (NBA Central).Според податоците објавени од овој профил, кој се повикува на Кирти Кав, извештајот издаден во 14:30 часот по источно време (ET) опфаќа приближно 15 отсто од сите играчи во лигата. Сепак, тоа не значи дека сите 79 кошаркари ќе ги пропуштат своите натпревари. Извештајот вклучува различни статуси – од играчи за кои е сигурно дека нема да настапат, па сè до оние чиј настап е неизвесен или за кои се очекува да бидат подготвени за игра. Големиот број имиња во здравствениот билтен уште еднаш го свртува вниманието кон достапноста на играчите и проблемите со кои се соочуваат тимовите при составувањето на своите екипи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКанал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11Вториот ребаланс на буџетот денеска на второ читање 08:42Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00Лишени од слобода четири лица во врска со двете разбојништвата со последица смрт во Скопје13:44Терористички напад пред израелската амбасада во Белград08:28
Канал 5 дознава: Нова акција на одделот за организиран криминал при БЈБ, на удар приватна болница и вработени во Фондот за здравство и Ден Дончев09:11
Убиствата во Хром и Ѓорче Петров се поврзани и следувале по извршени разбојништва – уапсени четири лица 15:00
МакедонијаАХВ: Продолжуваат вонредните контроли и во месарниците - во Радовиш и Пепелиште одземени околу 2 тони месо и производи од месо При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“, информираат од Агенцијата за храна и ветеринарство. Инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вчера, спроведоа вонредни инспекциски контроли во малопродажни објекти за месо, подготовки и преработки од месо на подрачјето на Општина Радовиш и кај физичко лице во неготинското село Пепелиште, кое произведувало и преку социјалните мрежи продавало димени месни производи и чварки. При контролите во Радовиш одземени се околу 2 тони небезбедно свежо и замрзнато месо и подготовки од месо, кои денес ќе бидат уништени на депонијата „Дрисла“. Во Пепелиште, од физичко лице кое вршело неодобрена дејност од страна на Агенцијата – производство на димени месни производи и чварки, одземени се дополнителни 50 килограми подготовки од месо (печеница, кулен, димена сланина и сл). Одземените производи се без декларација за потеклото и биле чувани и преработувани во несоодветни и нехигиенски услови, што претставува сериозен ризик за безбедноста на храната и здравјето на потрошувачите. Надлежните институции продолжуваат со спроведување на инспекциски контроли со цел заштита на здравјето на граѓаните и спречување на нелегално производство и промет на небезбедна храна.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook