Јанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора
2Јанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора
3Конечно ќе се реконструира Планинарскиот дом на Шар Планина – Заеднички проект на Министерството за спорт и Амбасадата на Австрија
РакометЕстонија прв противник на македонските ракометари во квалификациите за ЕП 2026 Македонската ракометна репрезентација денес ги почнува квалификациите за Европското првенство во 2026 година.Прв ривал на „црвено-жолтите“ ќе биде селекцијата на Естонија. Селекторот Кирил Лазаров ја прифаќа фаворитската улога. -Пред нас се натпревари со Естонија и со Литванија. Не бегаме од фаворитската улога, но исто така и ги респектираме противниците. Секој нов почеток е тежок, па затоа и овие квалификации мораме да ги почнеме со максимално залагање, истакна Лазаров. Натпреварот со Естонија ќе се игра во СЦ „Борис Трајковски“ вечер со почеток во 20 часот. Другиот натпревар од 1.коло во Групата – 1 ќе се игра утре, Словенија ќе ја пречека Литванија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветановски: Работната група за измени во Изборниот законик не се движи во правилна насокаЦветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа.„Должни сме да ја алармираме јавноста дека работата на работната група за измени на Изборниот законик не се движи во правилна насока. Наместо суштински реформи за подемократски процеси, зад затворени врати повторно сме сведоци на добро познато сценарио: големите политички партии се обидуваат да си обезбедат меѓусебна предност и да го заштитат својот монопол“, вели во изјава за медиумите членот на Извршниот одбор на Либерално-демократската партија (ЛДП), Дејанчо Цветановски. Цветановски додава дека ЛДП отсекогаш била конструктивен партнер во сите процеси кои значат унапредување на демократијата и изборниот систем во Македонија и дека токму со таа цел, со добра волја и конкретни решенија, се вклучиле во работната група за измени на Изборниот законик. „Меѓутоа, сведоци сме на игнорирање на прашањето за една изборна единица со отворени листи, кое е долгогодишно барање на ЛДП но и на граѓаните, а кое гарантира дека гласот на секој граѓанин ќе тежи исто и дека граѓаните ќе избираат личности, а не партиски послушници. Исто така, парадоксот со ‘високиот изборен праг’ - иако декларативно се согласуваат со моделот на една изборна единица, големите партии подмолно предлагаат неразумно висок изборен праг. Ова не е демократизација, ова е обид за елиминација на помалите партии и целосно затворање на политичкиот систем за нови, прогресивни идеи“, посочува Цветановски и додава дека ставот на ЛДП е дека нема да биде декор во ничии политички пазарења, ниту пак ќе даде легитимитет на процес кој наместо да ја унапредува, ја уназадува демократијата во државата. Цветановски е дециден за тоа дека доколку дискусијата во работната група продолжи во овој правец, ЛДП не ја гледа потребата од своето понатамошно учество во неа. „Ние не отстапуваме од принципите за фер, еднакви и отворени избори. Доколку големите партии сакаат да си донесат законик по сопствена мерка, ќе мора тоа да го направат сами, соочувајќи се со судот на граѓаните, но без наша поддршка“, завршува во својата изјава Цветановски. Тагови: Цветановски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЈанчев: Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комораЧеста и задоволството се наши што Кавадарци денес е домаќин на значаен настан посветен на одбележувањето на роденденот на Лекарската комора на Република Македонија, објави градоначалникот на Фејсбук.„Лекарската комора на Македонија е институција која повеќе од три децении посветено работи на унапредување на лекарската професија, заштита на нејзиниот углед и јакнење на здравствениот систем. Денешниот настан има посебна вредност бидејќи покрај одбележувањето на овој значаен јубилеј, беше доделена и највисоката годишна награда „Свети Наум Охридски“ за најдобар доктор, како признание за посветеноста, стручноста и хуманоста во лекарската професија, но и благодарници на институции и поединци кои придонеле за афирмација иа развој на работата на комората, меѓу кои и на Градоначалникот Митко Јанчев за несебична поддршка, посветеност и континуиран придонес во македонското здравство. На сите добитници се упатуваат искрени честитки, а на Лекарската комора посакуваме уште многу успешни години исполнети со достигнувања, професионален напредок и грижа за здравјето на граѓаните.“- стои во објавата на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16
МакедонијаКонечно ќе се реконструира Планинарскиот дом на Шар Планина – Заеднички проект на Министерството за спорт и Амбасадата на АвстријаМинистерството за спорт, во соработка со Амбасадата на Република Австрија во Република Македонија, го отпочнува проектот за реконструкција и модернизација на Планинарскиот дом „Титов Врв“ на Шар Планина.Министерот Борко Ристовски и Н.Е. амбасадорот на Република Австрија во Република Македонија, Мартин Памер, денеска потпишаа Меморандум за разбирање со кој се воспоставува рамка за соработка во врска со реализацијата на овој важен проект. Во согласност со Меморандумот, Министерството за спорт ќе обезбеди навремено спроведување на релевантните административни постапки со цел да се овозможи добивање на потребните дозволи во разумен рок, за партнерите да можат да го реализираат Проектот во периодот од јули до септември 2026 година. Амбасадата на Австрија ќе ја поддржи реализацијата на Проектот, пред сè преку негова промоција и преку мобилизирање на релевантните чинители потребни за негово спроведување, особено имплементаторите на Проектот, како и преку поддршка од македонски и австриски компании кои работат во Република Македонија. Заедничката цел на Проектот, кој има исклучиво непрофитен карактер, е трансформација на објектот во современ планинарски дом со дополнителни содржини, со цел подобрување на условите за безбеден престој и ноќевање на планина и зголемување на атрактивноста на Шар Планина за планинарите и посетителите. Проектот претставува продолжение на активностите на Амбасадата на Австрија на Шар Планина, вклучително и проектот „Славков“ заедно со Чешката и со Словачката Амбасада за обележување на планинарската патека од Попова Шапка до Титов Врв, насочен кон развој на безбеден и одржлив планински туризам. По завршувањето на Проектот, реконструираниот Планинарски дом „Титов Врв“ ќе претставува водечки пример и симбол на македонско-австриското пријателство. Реконструкцијата и модернизацијата на Планинарскиот дом со дополнителни содржини, вклучително и електрична енергија и интернет-конекција за потребите на метеоролошка станица, како и подобрените услови за престој и ноќевање, ќе придонесат за неговата повеќенаменска функција и ќе му служат на Националниот парк Шар Планина во извршувањето на неговите надлежности, особено во спасувачки операции, превенција од пожари и други вонредни состојби. Дополнително, домот ќе се користи одговорно и совесно како отворен и инклузивен објект за планинари, спортисти, туристи и за пошироката јавност. По извршената реконструкција, Министерството за спорт ќе го предаде објектот на користење на Федерацијата за планинарство на Македонија (ФПСМ).Тагови: Шар Планина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМаленко: Груевски за Унгарија не избега од дома, туку од Охрид15:00Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“09:00Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16СДСМ го одржува 32. конгрес - на дневен ред новата идеолошка платформа и програмската рамка15:48Филипче: Европа значи подобар живот за граѓаните и владеење на правото13:49
Филипче: Социјалдемократија не ја мери државата по висината на говорницата, туку по квалитетот на живот18:16