Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
1Белгија ги декласира САД во најконтроверзниот натпревар на Мундијалот, Роналдо се прости од Португалија
НБАЕСПН: Дончиќ се враќа на 1. мај Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, ќе се врати на теренот дури на 1. мај и ќе ги пропушти повеќето натпревари од првото коло од плејофот против Хјустон, објави денеска ЕСПН.Словенечкиот кошаркар, кој и покрај повредата беше најдобар стрелец во лигата во регуларниот дел од сезона со просек од 33,5 поени, во четвртокот во друштво на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го следеше натпреварот од Евролигата меѓу Реал Мадрид и Црвена ѕвезда. Дончиќ отпатува во Шпанија откако се повреди на натпреварот против Оклахома на 4 април, а во Шпанија доби третман за болната тетива со помош на специјален иновативен метод. Првиот натпревар од плејоф серијата меѓу Лејкерси и Хјустон ќе се игра в недела во Лос Анџелес. Тагови: Лука Дончиќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерот Мисајловски на Самитот на НАТО во АнкараДенеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација.Денеска и утре (7 и 8 јули) во Анкара се одржува Самитот на Северноатлантската Алијансата, каде нашата држава ќе биде претставена од највисока делегација, предводена од претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска – Давкова, а составена од министерот за одбрана Владо Мисајловски, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцински и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-мајор Сашко Лафчиски. На претстојниот Самит фокус ќе бидат неколку значајни теми меѓу кои и инвестициите наменети за одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Украина. Министерот Мисајловски во рамки на Самитот ќе учествува на Форумот за одбранбена индустрија; приемот за министри за одбрана организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер и на церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во Европа (NFTE – NATO Flight Training Europe). Во Анкара министерот ќе оствари повеќе работни средби со неговите колеги министри за одбрана на сојузничките земји и ќе учествува на работниот состанок на Северноатлантскиот Совет со партнерите од Индо-пацифичкиот регион (Австралија, Јапонија, Нов Зеланд и Република Кореја).Тагови: Владо Мисајловски НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВо Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07Мицкоски на потпишување на договор за изградба на автопат Скопје-Блаце08:50
Во Анкара почнува самитот на НАТО, македонската делегација е предводена од претседателката Сиљановска Давкова08:42
Потпишан договор со ЕБОР и ЕУ за изградба на автопат Скопје-Блаце, ќе чини речиси 200 милиони евра15:00
Мицкоски: Оваа Влада ќе биде запаметена по проекти, по две децении најава, наскоро започнува изградбата на автопатот Скопје - Блаце12:43
Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“, обвинителство треба да презентира листинзи од телефонска комуникација09:07
МетеоСЗО: Нов топлотен бран се формира над Атлантикот, Европа со екстремни горештини„НОВ топлотен бран веќе се формира над Атлантикот. Прогнозите предвидуваат температури што ќе достигнат 43°C во Португалија и јужна Шпанија уште, неделава. Франција и земјите од Бенелукс се подготвуваат за уште еден топлотен бран, додека делови од Централна Азија веќе се преплавени со температури што надминуваат 40°C“, предупреди д-р Ханс Анри П. Клуге, регионален директор на Светската здравствена организација (СЗО) за Европа, во драматична изјава. Како одговор на оваа итна и сериозна ситуација, европскиот шеф на СЗО свика итен состанок на кој присуствуваа претставници од 41 земја-членка, Европската комисија и организации од граѓанското општество. Според Клуге, учеството на над 130 учесници јасно сигнализира дека земјите конечно почнуваат да ја третираат екстремната топлина како вонредна состојба за јавното здравје, а не само како стандардна временска прогноза. Поставеното прашање беше директно: што научивме од минатите топлотни бранови и дали сме подготвени за она што нè очекува? Клуге оцени дека националните акциски планови за справување со екстремните температури спасуваат животи и ги посочи Италија, Шпанија, Австрија, Белгија и Франција како примери на земји што успешно ги координирале своите здравствени системи. „Националните одговори покажаа вистински напредок, но исто така и недостатоци што едноставно не можеме да си ги дозволиме. Националните акциони планови за заштита од топлина буквално спасуваат животи. Земјите што ги имаат реагираа брзо и на координиран начин“, истакна Клуге, наведувајќи примери како Италија - која добива податоци во реално време преку следење на смртноста во 45 градови - Шпанија, која соработува со медиумите за комуникација на ризик, и Австрија, Белгија и Франција, кои успешно го ублажија товарот врз нивните здравствени системи.Тагови: топлотен бран Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТанкер бил погоден од проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснецТанкер бил погоден од непознат проектил додека пловел во близина на Ормутскиот теснец информираше британската поморска служба.Повикувајќи се на неименуван американски функционер, „Волстрит џурнал“ објави дека корпусот на исламската револуционерна гарда на Иран отворил оган врз два комерцијални брода во близина на теснецот. „Аксиос“, објави дека Иран испукал ракети врз комерцијални бродови што транзитирале низ теснецот. Нападот се случил неколку часа пред американскиот претседател Доналд Трамп да замине на самитот на НАТО во Анкара, Турција, каде што се очекува лидерите да разговараат за безбедноста во протокот, и додека Иран го одбележува повеќедневниот погреб на убиениот поранешен врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи. Техеран ги прекина кревките преговори со САД, чија цел беше постигнување траен договор за прекин на нивниот конфликт, за време на повеќедневните комеморации за Хамнеи, кој беше убиен во американско-израелски напад во февруари, на првиот ден од војната.Тагови: Ормутскиот теснец Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter