ЕСМ платил милиони евра за набавки што не ги користел, алармира Државниот завод за ревизија - Канал 5

ЕСМ платил милиони евра за набавки што не ги користел, алармира Државниот завод за ревизија

Акционерското друштво ЕСМ реализирало договори за  јавни набавки без притоа набавените стоки и услуги да се искористат до крај, а забележани се и други сериозни слабости во планирањето на јавните набавки,  утврди новиот извештај на ДЗР.

ЕСМ платил милиони евра за набавки што не ги користел, алармира Државниот завод за ревизија

Акционерското друштво ЕСМ реализирало договори за јавни набавки без притоа набавените стоки и услуги да се искористат до крај, а забележани се и други сериозни слабости во планирањето на јавните набавки, утврди новиот извештај на Државниот завод за ревизија. Тој опфаќа 27 постапки на ЕСМ од кои две спроведени во 2022 , 19 во 2023, а шест во 2024 година. Како еден од примерите за пропусти при јавните набавки, ревизорите ја издвојуваат набавката на гасен мотор за кој биле издвоени речиси 2,5 милиони евра, а никогаш не бил ставен во функција.

-Во постапката со преговарање без објавување оглас за набавка на гасен мотор, не беше можно да се потврди оправданоста на повикувањето на крајна итност. Иако за набавката бил исплатен значителен дел од договорната вредност, моторот не бил ставен во функција и подолго време бил складиран без обезбедени предуслови за користење, што упатува на преземање договорни обврски без обезбедени услови за негово инсталирање и оперативно користење,- – Државен завод за ревизија.

Како друг пример се наведува и набавка на адитив од 2023 година за ТЕЦ Осломеј за кој биле платени над 2 милиони евра. Но, најголемиот дел од адитивот, околу 95%, останал неискористен, а во меѓувреме му истекол и рокот на употреба.

-Утврдивме дека по две години, мал дел од адитивот е искористен. Во магацинот на РЕК Осломеј сѐ уште има 95 отсто, односно 71 канистер полни од набавениот адитив, а сметководствена документација е доставена само за требувана количина од 1,6 тони, односно еден канисте. За останатите два канистри кои се празни, не беше презентирана документација дека истите се користени за потребите на РЕК Осломеј,-– Државен завод за ревизија.

Во друга постапка пак, ЕСМ платил над 1,5 милиони евра за активности за дислокација на опрема од РЕК Осломеј во РЕК Битола, која потоа никогаш не била ставена во употреба. Станува збор за шест погонски станици, кои се заведени како средства во подоготвка, поради што ревизорите изразуваат дилема и во однос на самата потреба за нивна дислокација.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Намалени цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

Од ноќеска на полноќ цените на бензините се намалија за 1,5 денар, а на дизелот за 3 денари. 

 Намалени  цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар

На сила и натаму се мерките за намалување на акцизите на горивата, како и за намалување на ддв-то за дизелот, што според премиерот мицкоски е главна причина за потфрлањето на приходната страна на буџетот за околу 120 милиони евра во однос на проектираното..

Затоа, до крајот на месецот најави втор ребаланс со кој за истиот износ ќе се скратат и дел од планираните расходи..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Според Управата за хидрометеролошки работи денеска утрото ќе биде ведро и студено, а во текот на денот сончево и релативно топло.

Ведро и студено утро со дневна температура од 22 до 29 степени

Ќе дува слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната во интервал од 22 до 29 степени.

Во Скопје, сончево и релативно топло со слаб ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 26 степени.

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ

Во четврток времето ќе биде сончево и релативно топло со променлива облачност во текот на денот. Во петок и за време на викендот, времето ќе биде променливо облачно со услови за врнежи од дожд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 6. октомври 2026 година

Дневен хороскоп за вторник, 6. октомври 2026 година. 

Дневен хороскоп за 6. октомври 2026 година

Вага 24.9.-23.10.

Љубов

Вашата самодоверба ќе биде на краткотраен испит. Но , со љубав и верба во партнерот набргу се ќе надминете.

Кариера

Можен е финансиски трошок за кој што мислевте дека можеше да се избегне , односно дека е непотребен.

Здравје

Не си ја трошете силата попусто.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Вашиот љубовен живот денеска ќе има нов замав , благодарејќи на магичната комуникација што ќе се одвива меѓу вас и вашиот партнер.

Кариера

Одлично ќе маневрирате во секој вид деловна кореспонденција.На суптилен начин ќе ја постигнете саканата цел.

Здравје

Не жалете по небитни работи.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Како што ќе одминува денот , во вашите лични односи ќе име се повеќе фрустрации.

Кариера

Бидете подготвени за нови потфати и активности , што од вас ќе бараат знаење , интуиција и вештина.

Здравје

Не им верувајте на слаткоречиви .

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Другата страна ќе има зголемени барања на тема нежност , а вие нема да бидете премногу расположени да ја задоволите.

Кариера

Кога своите способности не ги користите со целосен капацитет, би можело да дојде до фрустрации. За тоа ќе размислувате денеска.

Здравје

Кој може , нека оди на пливање.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Ќе бидете чувствителни со голема потреба некој да ве гушне. Доколку сте во врска, добро е. Ако сте сами ќе ве мачи копнеж.

Кариера

Во уметничките и естетските професии , би можело да дојде до претерување. Суетата ќе биде преголема и штетна.

Здравје

Спуштете се на земја.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

На паметен начин ќе успеете да споите пријатно со корисно. На другата страна ќе и се допадне вашиот вкус за детали.

Кариера

Ќе добиете можност за да ја покажете својата прецизност. Токму тоа ви е потребно , па со ентузијазам ќе го прифатите предизвикот.

Здравје

Настинка.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ќе најдете начин за да задржите нечија доверба , но тоа во исто време и ќе ве обврзе. Сметајте на тоа.

Кариера

Изгледа дека својата работа ќе ја гледате во розево светло. Би било подобро да ја согледате и онаа другата, помалку привлечна страна.

Здравје

Треба да се биде реален.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Вашата фантазија може да создаде се што недостига , но кога работите ќе ги видите во реалноста, се гледа дека сепак нешто недостига.Поработете на тој дел.

Кариера

Кога сите луѓе би биле простодушни како деца, светот би бил поубав и се би било поедноставно. Соочете се со реалноста.

Здравје

Излезете на сонце .

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Иако нема да бидете премногу отворени, сепак ќе покажете добра доза на друштвена комуникација.

Кариера

Денеска би можеле да ви паднат на памет необични финансиски идеи. Некои ќе зарабиотуваат на црно.

Здравје

Чувствителност на нервиот систем.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Денеска вашиот партнер нема да покажува способност за реалност, туку обратно. Затоа вие ќе бидете тука за да го спуштите на земја.

Кариера

На состаноците ќе дојде до недоречености , што ќе ве нервираат. Вие сакате се да ви е јасно , а се случува спротивното.

Здравје

Разјаснете го она што можете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Во попладневните часови доаѓа до нови поместувања кон подобро во вашата врска. Затоа дочекајте ги со радост.

Кариера

Возможна е соработка со една млада личност , која е посериозна од вашите врсници. Размислувате за неа.

Здравје

Не претерувајте со грижите.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Во личните односи денеска би можеле да се фокусирате на нешто ново. Заедно ќе истражувате интересни теми.

Кариера

Далечни филозофии, егзотика , други народи и континенти – сето тоа би можело денеска да ве преокупира.

Здравје

Оние кои можат нека отпатуваат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер