Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
2Видео: Шокантни сцени по финалето во американскиот Куп на шампионите: Меси во судир со комесарот на МЛС
БалканЕскобар: Заедница на српски општини ќе се формира, со или без КуртиСпецијалниот пратеник на САД за западен Балкан, Габриел Ескобар разговараше со приштинската и српската делегација за француско-германскиот предлог за решавање на прашањето на Косово.Тој оцени дека имал многу конструктивни разговори со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и дека наскоро се очекува да се одржи следната средба на преговарачите во Брисел. Заедницата на српските општини ќе се формира, со или без волјата на привремените институции на премиерот на Приштина, Албин Курти, изјави Ескобар за Гласот на Америка и нагласи дека формирањето на Заедницата и преговорите за француско-германскиот предлог „не е целосно поврзан“. – Ние ќе го направиме тоа, ќе го направам со наоѓање партнери, има многу луѓе кои би сакале да видат подобри односи меѓу Србите на север и остатокот од земјата – рече Ескобар кога Курти неколкупати рече дека нема да формира ЗСО и додаде дека „едно лице и една страна не можат да се откажат од спроведувањето на законски обврзувачките точки“. Тој додаде дека меѓународната заедница очекува и бара од Приштина формирање на Заедницата на српски ооштини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСДСМ: Нов дебакл, странски инвестиции од само 18 милиони евра - со Мицкоски тонемеСекој ден нов економски дебакл на Мицкоски. Македонија буквално тоне на секое поле.Податоците на Народната банка за вториот квартал од годинава покажуваат само 18,7 милиони евра странски директни инвестиции. Ова е втор најлош економски резултат години и години наназад. И двата се на арамијата Мицкоски, историски најлоши. Само 18 милиони евра странски инвестиции во втор квартал 2026 година. Минус 100 милиони евра странски инвестиции во трет квартал 2025 година. За споредба, во 2024 година странските директни инвестиции беа 1 милијарди евра со политиките на СДСМ. Бајкте на Мицкоски за „трета економија“ се распрнати како меур од сапуница. Странските инвеститори го губат интересот за вложувања во нашата држава, што е директен резултат на криминалните политики, хаосот и несигурноста што ја создаде арамијата Мицкоски. Ова е инвестициски дебакл. Македонија тоне. Мицкоски е премиер со најниско ниво на странски инвестиции и со најлоши економски резултати. За само две години, ВМРО ја урниса деловната клима што беше градена со години и ја намали довербата кај странските инвеститори. Оваа Влада ниту знае како да ги задржи постојните инвеститори, ниту има капацитет да привлече нови. Корупциски скандали, партиски тендери и премиер арамија кој по телефон нарачува судски одлуки. Политиките на Мицкоски со оддалечувањето од ЕУ, блокада на европскиот пат, соработка со Русија и Кина, соработка со авторитарни режими скапо ја чинат Македонија. Ова значи помалку капитал, помалку работни места, и забавен економски раст. Никој не сака да инвестира во држава во која премиер има арамија како Мицкоски. Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски – членка на ИО Скопје, 17.09.2026 СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Европа20 повредени во руски напади врз Украина - американскиот конгрес усвои нов пакет санкции за Москва20 луѓе се повредени, меѓу кои и две деца, во последниот бран руски воздушни напади врз неколку региони во Украина..Како што соопшти претседателот Володомир Зеленски, во нападите со балистички ракети, други ракети и беспилотни летала во Киев и Одеса биле погодени станбени згради, а имало напади и на енергетски објекти.. Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека меѓу повредените имало деца на 10 и на 12 години, а десетина биле пренесени во болница. По американскиот Сенат, синоќа и Претставничкиот дом усвои закон за сеопфатни санкции и царини со кои треба да се зголеми економскиот притисок врз Русија.. Мерката предвидува нови санкции против руски функционери, олигарси, банки и финансиски институции, како и механизми насочени кон приходите од руската продажба на енергенси.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски во Вашингтон на средби со американски конгресмени: Фокус на стратешкото партнерство08:52Специјализираниот суд во Хаг ги осуди четворицата водачи на ОВК на вкупно 81 година затвор15:00Хашим Тачи и Јакуп Красниќи осудени на по 25 години затвор за воени злосторства11:53ЦУК. Вкупно 12 пожари на отворен простор, нема активни, еден под контрола, 11 изгаснати08:21Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
Судење за Ристов: Таткото на судијата тврдел дека парите се негови, но не сакал децата да знаат дека има толку пари15:00
СветНафтата поевтини откако Саудиска Арабија вети брза обнова на испоракитеЦените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад.Цените на суровата нафта денеска почна да паѓа по извештаите дека Саудиска Арабија планира да врати приближно половина од капацитетот на својот нафтовод исток-запад во рок од неколку дена и да го врати во целосна работа во рок од шест недели што влијаеше на очекувањата на трговците. Цената на нафтата „брент“ утринaта падна на 104 долари за барел намалувајќи се за 1,2%.. Саудиската државна нафтена компанија „Сауди Арамко“ објави дека работи на заобиколување на оштетениот дел од нафтоводот, кој неодамна беше оштетен при напад на јеменските хути, со цел да врати околу половина од својот капацитет во наредните денови, додека целосната работа би можела да се врати за околу шест недели.Тагови: нафта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter