Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
1Николоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравството
БалканЕскобар во посета на Дечанскиот манастирЕмисарот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар замина во посета на манастирот Дечане.Еден ден откако косовскиот премиер Албин Курти објави дека побарал од Катастарската агенција на Косово да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на сопственоста на земјиштето на Дечанскиот манастир, емисарот на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар замина во посета на манастирот, јави дописникот на МИА од Приштина. На неколку фотографии кои ги објави порталот Лајми.нет, можат да се видат службените автомобили на американската амбасада во дворот на манастирот. Оваа посета на Ескобар доаѓа само неколку часа пред да се сретне со косовскиот премиер, Албин Курти. Во соопштението од кабинетот на премиерот е најавено дека средбата ќе се одржи во 15:30 часот. „Премиерот на Република Косово, Албин Курти, ќе го прими заменик-помошникот секретар на Соединетите Американски Држави за европски и евроазиски прашања, а воедно и специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, се наведува во соопштението. Вчера, на првиот ден од посетата на Косово, Ескобар беше примен од претседателката на државата, Вјоса Османи, со која, како што беше кажано на прес-конференцијата по средбата, разговарале за билатералните односи, за дијалогот меѓу Приштина и Белград. , одлуката за стопирање на српскиот динар и за безбедносната состојба по вооружениот напад во Бањска на северот на Косово на 24 септември. Синоќа Ескобар се сретна и со лидерите на трите парламентарни партии - Мемли Красниќи, претседател на Демократската партија на Косово, Лумир Абдиџику од Демократски сојуз на Косово и Рамуш Харадинај од Алијансата за иднината на Косово. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалВидео: Пенал на празен гол, Арбелоа го повлече тимотПријателскиот натпревар за купот „Коста дел Сол“ меѓу Малага и Фулам заврши на необичен начин. По нерешениот резултат 2–2, англискиот тим го напушти теренот и одби да учествува во изведувањето пенали. Од клубот објаснија дека изведување пенали не било предвидено со договорот и дека тимот морал да стигне на лет. Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, одигра клучна улога во инцидентот, бидејќи беше исклучен поради бурно протестирање против судијата. Ништо во текот на натпреварот не навестуваше ваков расплет. Фулам двапати водеше, а Малага во двата наврати израмнуваше. Вториот гол на домаќините беше постигнат од оправдано досуден пенал во 90-тата минута, што ги поттикна и последователните настани. Додека екипите се подготвуваа за изведување пенали, Арбелоа влезе во расправија со судијата Мигел Анхел Ортиз Ариас во врска со одлуката за пеналот. Неговиот протест беше толку жесток што судијата му покажа црвен картон. Арбелоа го напушти теренот, а по неколку минути збунетост пред околу дваесет илјади гледачи, играчите на Фулам го следеа до соблекувалната. Управата на клубот одлучи тимот да не учествува во изведувањето пенали, со што на теренот останаа само играчите на Малага. 😳 Insólito final en el amistoso entre el Málaga 2-2 Fulham 🟥 Arbeloa fue expulsado del partido tras protestar una jugada y el equipo inglés se retiró del campo sin disputar los penaltis 🗣️ El Málaga ha confirmado que no estaba en el contrato los penaltis y que, de haberlos… pic.twitter.com/Pfpxp0Ie1g — El Partidazo de COPE (@partidazocope) August 12, 2026 Ситуацијата се разреши кога Енеко Јауреги изведе симболичен пенал кон празната мрежа и постигна гол, со што Малага и официјално стана победник на турнирот. Сепак, инцидентот не заврши тука, бидејќи поранешниот тренер на Реал Мадрид не се појави на прес-конференцијата по натпреварот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНиколоски на 25 годишнината од Охридскиот договор: Македонија гледа кон иднината со силни инвестиции во инфраструктурита, образованието, здравствотоДенес се навршуваат 25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор —историски документ кој остави силна трага во развојот на државата. Четврт век е доволно долг период за да се извлечат одредени поуки, да се даде пообјективен осврт на она што се случувало во тие денови. Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата, но се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост, истакна во своето обраќање заменик претседателот на Владата, Александар Николоски на Свечената седница по повод 25 години Охридски рамковен договор. “ Дефинитивно она што можеме да го кажеме е дека Македонија беше зафатена од една од најтешките кризи во поновата историја. Конфликтот чукаше на врата. Постоеше неизвесност, поделби, страв и државата беше на ивица да стане држава на поделби, на раздор, на силен национализам. Пред 25 години државата можеше да тргне по тој пат, но избра да тргне по сосема друг пат — пат на соработка, на дијалог, на меѓусебно почитување и меѓусебно разбирање. Се избра патот на договорот, патот на компромисот и на политичката зрелост. Тука е несомнена улогата и на меѓународната заедница, нашите партнери од Европската Унија и од НАТО, таму каде што државата природно припаѓа — не само заради својата политичка определба, туку и заради јасната определба на сите кои што живеат во Македонија, која што е јасно прозападна и проатлантска. Мораме да бидеме отворени — јас секогаш сакам да бидам отворен и да кажеме дека ако гледаме наназад, децении по потпишувањето на договорот, имаше и поединци и цели политички структури и цели политички партии, кои што за среќа не се дел од оваа Влада, коишто договорот го злоупотребуваа за свои лични интереси. Се обидуваа да прават раздор, да поттикнуваат лажен национализам, етнички тензии и на тој начин да владеат со државата. Може да признаеме дека долго и успеваа да го прават тоа и за за сега, еве да видиме во овие две години, дека во суштина најголемиот дел од работите беа поврзани со личниот и семејниот интерес.” – се обрати заменик претседателот на Владата, Николоски. Денеска државата се гради да биде пропсеритетна преку силни инвестиции во инфраструктура, здравството, во образованието. “Градиме модерна инфраструктура: За некој ден ќе почнеме да го градиме автопатот Скопје – Блаце. Интензивно се гради Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани. Во тек на септември ќе почнеме и Букојчани – Кичево. Очекувам во тек на октомври да пуштиме уште една делница од Кичево – Охрид, а веќе во првиот квартал следната година да го завршиме целиот автопат Кичево – Охрид – Струга. Се гради Битола – Прилеп. Го пуштивме Градско – Дреново – Фариш. Го пуштивме Куманово – Крива Паланка. Почнуваме е да градиме Кочани – Виница – Делчево, како и Радовиш – Струмица – граница со Бугарија. Ова не начинот на кој треба да се развива државата исто како што се развива и железницата. Веќе интензивно работиме на Коридорот 8 поврзување со Бугарија. Очекувам во соработка со Европската Унија веќе следната година да почнеме да работиме: прва фаза Скопје - Јегуновце-Тетово– Гостивар, втора фаза Гостивар – Кичево и трета фаза Кичево – Охрид – Струга. Се инвестира многу и во образованието, каде што се прават темелни реформи коишто треба да дадат иднина на државата преку образование на нови генерации. Има силен инвестициски циклус: се градат основни училишта, средни училишта, универзитети, се помага на истите и се стимулира научната дејност. Истото се прави и во здравството и во социјалната грижа и така ќе продолжиме да работиме. Рамковниот договор е едно поглавје од нашата историја коешто сведочи дека научивме да живееме заедно, но во исто време е и обврска да им оставиме на идните генерации една поправедна, обединета и просперитетна држава. За да не се сеќаваат, како што јас се сеќавам на таа година кога бев трета година средно, а летото наместо за летен распуст зборувавме за некои други работи Мислам дека идните генерации треба да зборуваат за тоа каде ќе се запишат на факултет, кој постигнал подобар успех и на кој концерт ќе одат. Обврска на сите нас е да ја сакаме, почитуваме и развиваме заедничката држава” – заклучи заменик претседателот на Владата, Александар Николоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВо Скопје пронајдени тројца илегални мигранти од судан при контрола на камионЦаринската управа денеска информираше дека пронајдени биле тројца илегални мигранти од Судан при контрола на камион со стока пријавена за увозно царинење.„Царински службеници од царинската испостава Скопје 1 при Царинарница Скопје пронајдоа тројца илегални мигранти од судан при детална контрола на стока која била пријавена за увозно царинење. Стоката, со потекло од Кина, била натоварена во пристаништето во Солун по што камионот бил пломбиран со грчка пломба“, посочија од царина. Трите лица, државјани на Судан, ја скинале сајлата во предниот товарен дел од камионот и се скриле помеѓу кутиите. „Ова е четврти случај на откриени илегални мигранти во последните три месеци, што јасно укажува на заложбите на царинската управа во заштита на државата. Мигрантите се предадени на министерството за внатрешни работи“, додаваат од управата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter