БалканЕскобар ја поздрави одлуката на косовската Влада за земјиштето на Манастирот во Дечане- Сакам да нагласам колку е важна денешната одлука за Манастирот. Тоа беше тешка, но неопходна одлука и им благодариме на институциите за целата соработка, рече Ескобар.Специјалниот пратеник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој утрово допатува во официјална посета на Косово, ја поздрави денешната одлука на косовската Влада да му се доделат на православниот Манастир во Дечане 24 хектари земјиште, согласно одлуката на Уставниот суд на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина. На прес-конференцијата по денешната средба со претседателката на Косово, Вјоса Османи, Ескобар изјави дека одлуката на Владата на Албин Курти била „тешка, но неопходна“. - Сакам да нагласам колку е важна денешната одлука за Манастирот. Тоа беше тешка, но неопходна одлука и им благодариме на институциите за целата соработка, рече Ескобар. Владата на Косово денеска ѝ наложи на Агенцијата за катастар да ја спроведе одлуката на Уставниот суд за признавање на правото на сопственост на 24 хектари земјиште на Дечанскиот Манастир. Премиерот Курти на почетокот на денешната седница на Владата рече дека оваа одлука ја донел, затоа што претставува услов за прием на Косово во Советот на Европа. Тој рече дека Владата на Косово е исправена пред две опции: да го исполни овој услов и Косово да биде примено во Советот на Европа или да остане без членство. Според него, одлуката е донесена „водејќи се од здравиот разум“. Курти нагласи дека и натаму ја смета одлуката за штетна, но додаде дека приемот во Советот на Европа ќе биде историска победа.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаММА: Последен поздрав до нашиот колега и пријател Лирим ХајрединиХаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат.Со тага и болка ја примивме веста за смртта на оперативниот директор на Алсат, нашиот колега и голем пријател, Лирим Хајредини. Хаjредини беше 16 години оперативен директор на Алсат , работеше и во невладиниот сектор а беше искусен професионалец во областа на менаџментот и маркетингот. Заедно со него како еснаф се боревме за професионализација и подобри услови на сите наши колеги во медиумскиот простор. Вработените во националните комерцијални ТВ станици изразуваат длабоко сочуство до семејството и најблиските . ММАТагови: ММА Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиКрај на кризата во Гостивар? Од утре се очекува укинување на забраната за пиење вода15:00Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија08:42Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00Прогласена епидемија на западно-нилска треска во пет скопски општини- почина 83 годишен пациент15:00Прогласена епидемија од западнонилска треска во Кисела Вода, Илинден, Гази Баба и Бутел12:31
Канал 5 дознава: Шестмина се приведени за пораките дека во водата во Скопје е пронајдена бактерија18:00
ЕвропаИсланд пред клучна одлука: Дали земјата се враќа на патот кон Европската унија?За прв пат по Брегзит, Европската Унија има сериозна можност повторно да расте. Додека Црна Гора е блиску до членство, Албанија брзо напредува, а Украина и Молдавија амбициозно ги почнаа процесите, Исланд по повеќе од деценија откако ги напушти амбициите, повторно се враќа на голема врата. Но пред нив е референдум за две недели, на кои Исланѓаните ќе се изјаснат дали се за рестартирање на напуштените пристапни преговорите. Пред клучниот 29-ти август, нацијата е поделена, иако последните анкети покажуваат предност на проевропски настроените граѓани со 53 наспрема 47. -Мислам дека Исланд е многу блиску до ЕУ. Некои ќе речат дека сме 75% во ЕУ. Никогаш не сме гласале за ова. Граѓаните никогаш не добија можност да се изјаснат дали сакаат целосно да се приклучат кон ЕУ или не. Ова е референдум за постигнување договор. На пример: „дали сакате повторно да ги отвориме преговорите и да ги завршиме“, а потоа штом имаме договор, ќе имаме уште еден референдум на кој ќе кажеме „да“ или „не“. , изјави Катрин Гунардотир, премиерка на Исланд. Исланд ги напушти преговорите со Еу во 2013-та година откако тогашните власти по финансискиот колапс пет години претходно оценија дека економијата закрепнала и островската држава може да се потпре на сопствените сили. За само три години од 33 поглавја, успеа да отвори дури 27, а да затвори 11. Затоа, не случајно, во случај на позитивен референдум, Брисел не исклучува можност Исланд со популација од само 400 илјади жители, но стратешка положба и економија силно повзрана со остатокот на светот, во пакет со Црна Гора да стане членка на ЕУ во наредните две години. -Сега го имате Балканот како тропа на врата, други источноевропски земји, дури и Украина. Мислам дека овој вид проширување е многу поразличен. Се работи за северозапад. Исто така со економијата, земја која има висок БПД по глава на жител, ниска невработеност, високи стандарди за социјална помош. Се справуваме добро со сите работи и веројатно ќе биде брз процес. , вели Катрин Гунардотир. Темпото на проширување во најголем дел ќе зависи и од новите правила кои ги крои Европската Унија, поради се посилниот страв дека забрзаниот прием на нови членки може да доведе до парализа на носењето на клучните одлуки во блокот. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМПЦ-ОА: Ги отфрламе сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаатМПЦ ОА ги отфрла сите политички, идеолошки светови или платформи од каде и да доаѓаат. Реакцијата на Синодот на МПЦ -ОА доаѓа по неодамнешната изјава на српскиот претседател во Мркониќ град за тоа дека српската црква е иста и во Скопје.„МПЦ – ОА ја остварува својата духовна и пастирска мисија кон сите православни христијани на својата канонска територија, без каква било условеност од нивната национална, политичка, културна или етничка припадност“, стои во реакцијата. Свесна за својата историска улога и одговорност во духовниот живот на македонскиот народ, црквата останува „отворена за сите“, со цел верниците да ги обединува во единството на верата и евхаристиското заедништво...Со тоа се надминуваат, како што се посочува, „сите минливи политички, идеолошки и општествени поделби“. Евангелието христово, верата во воскресението и благосостојбата на доверените души се основната и единствена водилка во дејствувањето на МПЦ – ОА. Се наведува во реакцијата на мпц-оа, во која се додава дека се отфрлаат сите политички, идеолошки светови или платформи, од каде и да доаѓаат“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter