НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
2НБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонеси
Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
1Легендарниот Арсен Венгер е кандидат за претседател на ФИФА, ќе ја нападне „фотелјата“ на Џани Инфантино
БалканЕскобар: Договорот меѓу Белград и Приштина е за нормализација,ЗСО ќе се оствари Договорот меѓу Белград и Приштина е за нормализација, а не за признавање, ЗСО ќе се оствари.Специјалниот пратеник на САД за Западен Балкан Габриел Ескобар денеска изјави дека европскиот предлог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина е договор за нормализација на односите, а не за меѓусебно признавање, јави доиписникот на МИА од Белград. На прес-конференција во американската амбасада, по дводневната посета на Белград, за време на која разговараше со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ, Ескобар рече дека неговите очекувања се „двајцата лидери да можат да се слушнат меѓу себе“. -Треба да разговараат како да одат напред кон потпишување на договорот. Треба да размислат како да ги надминат пречките и да излезат од тој состанок сфаќајќи дека така ќе продолжи се додека тоа не се реши. Нашите очекувања се договор за нормализација на односите, а не за меѓусебно признавање, изјави Ескобар. Тој додаде дека американскиот став е да Косово е независна земја со територијален интегритет и суверенитет и дека веруваат дека меѓусебното признавање би било од корист за целиот регион. -Што се однесува до членството на Косово во ОН, мислам дека тоа ќе донесе побрза интеграција во ЕУ не само на Косово и Србија, туку и на целиот регион. Целиме кон процеси кои ќе го доближат целиот регион до Европа, рече Ескобар. Тој рече дека целта на неговата посета е да работи со политичките лидери во регионот за да се изнајдат начини за подобрување и напредок на предлогот на европскиот договор. -Од перспектива на САД, ние веруваме дека овој договор дава една од најдобрите можности да се придвижи регионот напред и да се создадат мирни услови за сите луѓе кои живеат во регионот, рече Ескобар на прес-конференција, по вчерашните средби со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. -Сакаме двете страни да бидат сериозни во барањето на оваа можност да бидат конструктивни и флексибилни и да имаат визија и да ја искористат оваа можност, не само Европа, туку и САД и трансатлантската заедница како целина, рече Ескобар. Тој оцени дека Заедницата на српски општини (ЗСО) е важна за односите меѓу Србија и Косово, но прашање е само кога таа ќе се формира Според него САД би сакале на средбата во Охрид да видат признание дека ЗСО е важен дел од односите меѓу Србија и Косово и рече дека ЗСО ќе се формира и дека единствено прашање е колку брзо тоа ќе се случи. -Кога зборувам за тоа како барање, не сакам да предизвикам конфронтација или да го поставувам како предизвик. Факт е дека ЗСО се појавува во Бриселскиот договор, тоа е дел од заклучоците на Европскиот совет и тоа е дел од политиката на САД. Ќе се оствари, само прашање е колку брзо тоа ќе се случи, а другиот дел е каков модел ќе се примени, рече Ескобар на прес-конференција. Тој истакна дека специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, навел неколку различни примери како функционира овој тип на заедница во ЕУ, за да им се даде право на малцинствата сами да одлучуваат за својата судбина. -Би сакале еден од тие модели да послужи како модел за ЗСО. Во однос на нашите очекувања од средбата во Охрид, би сакале да видиме што е можно поголемо учество на Србите на косовските избори, вклучително и нивното учество како кандидати, посочи Ескобар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЏип удри во луѓе во Лос Анџелес, тројца загинатиНајмалку три лица загинаа, а тројца други се сериозно повредени откако џип влета во група пешаци во населбата Норт Холивуд во Лос Анџелес, пренесува Ројтерс. Инцидентот се случил нешто пред 18:00 часот по локално време. Полицијата сè уште работи на утврдување на точните околности – конкретно, дали возачот намерно удрил во луѓето или станува збор за несреќен случај. „Мораме точно да утврдиме што се случило и што довело до оваа трагедија“, изјави Кетрин Барџер, членка на Одборот на супервизори на округот Лос Анџелес. „Ќе ја следам истрагата и ќе барам дополнителни информации како што ќе излегуваат на виделина нови факти“, додаде таа. At least three people are dead after a car crashed into a food stand near a North Hollywood bus stop on Tuesday night. LAFD says three people were pronounced dead and three others were taken to a nearby hospital in critical condition. Breaking details in our bio. https://t.co/hOCLnAhBKQ — CBS LA (@CBSLosAngeles) November 11, 2026 Според претставници на полицијата и противпожарната служба во Лос Анџелес, три лица загинале на самото место, додека двајца пешаци и возачот на теренско возило биле пренесени во болница. Градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека теренско возило излетало на тротоарот и удрило во група улични продавачи и минувачи. Таа додаде дека службите за итни случаи се на терен и дека нејзиниот кабинет соработува со надлежните градски служби. „Срцето ми се крши за семејствата на сите погодени“, напиша таа на платформата X, додавајќи дека ќе сподели дополнителни информации штом ќе станат достапни.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаНБРМ: Компаниите што редовно исплаќале плати преку „АЛТА банка“ АД Битола ќе можат да вршат исплата на плати и придонесиНародната банка продолжува со постепено олеснување на условите за клиентите на „АЛТА банка“ АД Битола. Со најновата измена на Решението за администрација се овозможува исплата на плати, заедно со уплата на соодветните даноци и придонеси, за компаниите што во последните три месеци редовно исплаќале плати преку платежните сметки во Банката. Оваа можност се однесува на компаниите за кои исплатата на плати преку „АЛТА банка“ АД Битола претставува воспоставена практика, односно кои континуирано ја користеле Банката за оваа намена и во трите месеци пред донесувањето на одлуката. Исто така, износот на средствата кои може да се користат од платежната сметка на фирмата во „АЛТА банка“ за исплата на платите може да биде повисок до 5% во однос на вкупниот износ на платите исплатени во октомври. На овој начин се овозможува продолжување на постојните текови на исплата и исполнување на обврските кон вработените и државата, а истовремено се задржува контролата врз одливите на средства од Банката. Со измената се овозможува и физичките лица во целост да располагаат со новите приливи на своите сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, доколку средствата доаѓаат од платежни сметки отворени кај други банки и даватели на платежни услуги. Тоа значи дека граѓаните можат без ограничување на износот да ги користат средствата коишто дополнително ќе им бидат уплатени врз оваа основа. Народната банка внимателно ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и продолжува со приспособување на мерките, имајќи ги предвид условите за работење на Банката и потребите на нејзините клиенти. Притоа, приоритет остануваат заштитата на интересите на клиентите и постепеното олеснување на ограничувањата, со задржување на соодветната контрола врз одливите на средства.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветРепубликанците го блокираа импичментот на Пит Хегсет, демократите најавуваат нов Републиканците во Претставничкиот дом на САД го блокираа обидот за импичмент на министерот за Одбрана Пит Хегсет.Со 211 гласа „за“ и 204 „против“ беше усвоен предлогот за упатување на осумте точки за импичмент до правосудниот комитет.Иницијативата ја поднесе републиканскиот конгресмен Томас Маси, но не доби поддршка од ниту еден друг републиканец. Демократите го обвинуваат Хегсет за злоупотреба на функцијата и незаконско наредување воени операции во Иран и Јемен.Во обвиненијата се споменуваат и американските напади врз бродови на Карибите, како и заробувањето на венецуелскиот претседател Николас Мадуро. Хегсет ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека обидот за негов импичмент е политичка фарса.Тој ја бранеше воената политика на администрацијата на Доналд Трамп и тврдеше дека неговите наредби биле законски. Трамп и потпретседателот Џ.Д. Венс јавно застанаа во одбрана на министерот.Демократите, кои по среднорочните избори ќе ја преземат контролата врз Конгресот, најавуваат дека ќе разговараат за нова иницијатива. Незадоволството од војната во Иран беше и еден од факторите што влијаеја врз изборните резултати.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter