СветЕскалација на повидок: Украина истрела балистички ракети врз РусијаДен откако добија дозвола за употреба на американските ракети со далекусежен домет Атакамс, руското министерство за одбрана тврди дека Украина истрелала 5 такви ракети на руска територија. Нападот за кој досега потврда има само од руска страна, доаѓа откако официјална Москва усвои нова доктрина за употреба на нуклеарно оружје, според која напад врз руска територија со западно оружје би можело да доведе до нуклеарен одговор. Портпаролот на Кремљ Дмитри Песков за тамошните медиуми посочи дека целта на доктрината е потенцијалните противник да ја разбере неизбежноста од одмазда во случај на напад. -Денеска беше потпишан многу важен указ на претседателот. Тој указ е потврда за основата на политиката на Руската федерација во делот на нуклеарната политика. Важен елемент на оваа политика е дека нуклеарното одвраќање има за цел да обезбеди потенцијалниот противник да ја разбере неизбежноста од одмазда во случај на агресија против Руската Федерација или нејзините сојузници,- - Дмитри Песков – Портпарол на Кремљ. Во меѓувреме, земјите – членки на Унијата на состанок договараат нов вид на поддршка за Украина во војната. На состанокот присутен е и генералниот секретар на НАТО Марк Руте, кој порача дека воените системи кои се доставуваат до Украина, не треба да имаат ограничувања. Сличен став изрази и високиот претставник на ЕУ Борел. -Кога сојузниците испорачуваат системи за оружје на Украина, најдобро е да нема рестрикции за нив, тоа е општ поглед. Но, тоа е на индивидуалните сојузници да одлучат што ќе прават. Во моментов гледаме ескалација на војната поради вмешувањето на Северна Кореја од страна на Русија,- - Марк Руте – Генерален секретар на НАТО. -Во Европа, тоа е во рацете на националните влади. Земјите-членки веќе го прават тоа, отворено, некои го прават тоа молчеливо, а некои вчера, не кажаа ништо. Но, сигурен сум дека ќе го следат примерот на САД да им дозволат на украинците да користат оружје да се борат против русите на руска територија бидејќи од руска територија се тие нападнати и тоа е целосно во согласност со меѓународното право,- - Џозеп Борел – Висок претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Новата ескалација доаѓа во услови кога војната се заканува да навлезе во нова по опасна фаза, а Украина одбележува 1000 денови од почетокот на инвазијата. Украинскиот претседател Зеленски кој претходно порача дека ќе остави ракетите да говорат, денеска во говор пред Европскиот парламент побара фер и праведен мир за неговата земја. -Тој (Путин) нема да запре сам, колку повеќе време има, толку полоши ќе бидат условите. Ако било кој во Европа мисли дека може да продаде голем дел од Украина или било која друга држава, како балтичките земји, Балканските земји, Грузија или Молдавија, и да добие нешто за врозврат, тогаш нека се потсети на оваа едноставна вистина, никој не може да ужива во мирни води за време на бура и мораме да направиме се за да ја завршиме оваа војна фер и праведно,- - Володимир Зеленски – Претседател на Украина. Русија ја започна својата целосна инвазија на Украина на 24 февруари 2022 година, а по првичниот брз напредок на армијата, украинските сили успеаја да ослободат северните погранични региони на државата. По ослободувањето на Херсон, кој беше најголемиот украински град под руска контрола, воените дејствија продолжуваат со несмален интензитет, особено во регионот на Донбас.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаУтре во Даблин ќе се одржи неформален самит на ЕУ, во фокусот ќе биде и УкраинаУтре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен.Утре во Даблин, Ирска ќе се одржи неформален самит каде ќе се соберат лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ, заедно со претседателката на Европската комисија – Урсула Фон Дер Лајен, а со самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта. Целта на неформалниот самит е дискусија за актуелни прашања и стратешки приоритети за унијата. Иако засега говорниците не се објавени, како што посочува организаторот - Ирска, која моментално претседава со Советот на Европската унија, неформалниот формат на состанокот ќе овозможи отворена политичка дискусија и стратешко размислување за прашања што влијаат врз идниот правец на Европската унија, а во фокусот ќе биде и Украина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПо верижниот судар на автопатот Тракија ќе се проверува асфалтотПо тешките верижни судири на автопатот „Тракија„ во Бугарија, во кои загинаа 11 лица а над 50 беа повредени - се проверува состојбата на асфалтот.Освен примероци од прилепливоста на асфалтот, Обвинителството побарало документи од агенцијата за патна инфраструктура, за пуштањето во употреба и поправките на делницата каде што се случија несреќите, по што ќе биде изготвено и техничко-градежно вештачење. Врз основа и на сеопфатното вештачење кое ќе ја опфати и судско-медицинската анализа, Обвинителството ќе одлучи дали постојат основи за покренување обвиненија против одредени поединци. Во меѓувреме обвинителството нема да поднесе обвиненија против романскиот возач кој беше задржан по карамболот, а кој учествувал во почетокот на првиот верижен судар. Лекарите од болниците во Сливен, Јамбол и Бургас продолжуваат да се борат за животите на четворица најтешко повредени во несреќата на автопатот.Тагови: Бугарија сообраќаен хаос Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветВиткоф и Кушнер на средба со Путин во МоскваПретставниците на американската делегација која посредува во преговорите меѓу Русија и Украина – Стив Виткоф и Џеред Кушнер, утрово пристигнаа во Москва на средба со претседателот Владимир Путин. Врз основа на тоа што Путин ќе слушне од нив, ќе се определи идниот план на дејствија на Москва, изјави шефот на руската дипломатија – Сергеј Лавров. Како што вчера изјави Кушнер, кој е зет на американскиот претседател Доналд Трамп, тие доаѓаат и по „благослов„ од Путин, во преговорите да се вклучат и европски претставници. Кушнер ги искритикува Европејците дека тие сакаат да бидат присутни на преговарачката маса, а не можат да се договорат кој ќе зборува во име на Европа. Од украинската страна пак изразија надеж дека може да биде постигнат договор до нова година, доколку Европејците се вклучат во преговорите. Деталите од вчерашните преговори не се откриваат освен дека е договорена размена од големи размери на заробени војници од двете страни. Сепак, познато е дека територијалните барања и безбедносните гаранции остануваат главни спорни прашања меѓу Москва и Киев. По посетата на Москва, Виткоф и Кушнер треба да отпатуваат во Даблин, каде веќе пристигна украинскиот претседател Володимир Зеленски за понатамошен дијалог околу можностите за завршување на војната.Тагови: Владимир Путин САД - Русија - Украина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПродолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34