Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
2Познато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД
Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
1Поранешен кошаркар на „Жалгирис“ се соочува со сериозна затворска казна! Оштетил жртви за два милиона долари, а сега сè признал!
Шоу бизЕштон Кучер и Мила Кунис го навлекоа гневот со поддршката за МастерсонЕштон и Мила се двајца од над 50 луѓе кои му пишале на судијата, а тие писма ги добила и редакцијата на „Варајети“ (Variety), како што пренесуваат.Пред глумецот Дени Мастерсон да биде осуден на 30 години до доживотен затвор за две точки од обвинението за силување, неколку негови колеги од „Луди 70-ти“, вклучувајќи ги и Ештон Кучер и Мила Кунис, напишале писма со поддршка до Судот, со надеж дека ќе влијаат на казната на Дени. Ештон и Мила се двајца од над 50 луѓе кои му пишале на судијата, а тие писма ги добила и редакцијата на „Варајети“ (Variety), како што пренесуваат. Тие двајца глумеа заедно со Мастерсон во хумористичната серија и се верува дека влијаеле на изрекување поблага казна. „Иако сум свесен дека пресудата вели дека Дени е виновен за две точки од обвинението за силување и дека жртвите имаат силна желба за правда, се надевам дека моето сведочење за неговатат личност ќе биде земено предвид при изрекувањето на казната. Не верувам дека тој носи каква било трајна штета за општеството. Тој има ќерка која ќе порасне без татко, што само по себе е третостепена неправда. Ви благодариме што одвоивте време да го прочитате ова“, пишува Кучер. Во писмово уште се вели дека Мастерсон е „примерна личност“, а Мила тврди дека тој е „исклучителен лик“ и „исклучителен пример на постар брат“. „Со цело срце гарантирам за исклучителниот карактер на Дени Мастерсон и огромното позитивно влијание што тој го имаше врз мене и луѓето околу него. Неговата посветеност на живот без дрога и искрена грижа за другите го прават извонредна личност за пример и пријател“, додаде Мила. Тие истакнуваат дека Дени бил поборник против дрогата. Инаку, обвинителите тврдеа дека Мастерсон ги дрогирал жените пред да ги силува. „Меѓу најистакнатите делови на личноста на Дени е неговата непоколеблива посветеност да ја обесхрабри употребата на дрога. Неговото влијание врз мене во тој поглед беше непроценливо. Во индустрија каде што притисокот и искушенијата за употреба на супстанции можат да бидат огромни, Дени одигра клучна улога во одвраќање од такви деструктивни начини“, истакнува Кунис. И двата напади се случиле во домот на Мастерсон во Холивуд Хилс, 2003 година, кога тој беше на врвот од својата слава, додека се прикажуваше „Луди 70-ти“, каде тој го глуми Хајд. На интернет се шири и сцена од ТВ-серијата каде циничниот Хајд му ја предвидува иднината на Дени. Имено, во разговор за работа, прашан „каде се гледа за пет години“, Хајд вели: „В затвор“. Инаку, поротата составена од седум жени и пет мажи го прогласи Дени Мастерсон за виновен по две точки од обвинението по седум дена расправа. Беше осуден на 30 години - до доживотен затвор поради силување на две жени. Судијката на Врховниот суд во Лос Анџелес, Шарлејн Олмедо го осуди 47-годишниот глумец. Сопругата на Мастерсон се расплака по пресудата. „Господине Мастерсон, вие не сте жртва овде. Вашите постапки пред 20 години му го одземаа изборот на друг. Вашите постапки пред 20 години беа криминални и затоа сте тука", нагласи судијката при читањето на пресудата. - „Не бевте осудени врз основа на гласини, алузии, озборувања и шпекулации. Бевте осудени врз основа на докази коишто 12 лица од поротата ги прогласија за веродостојни“, додаде таа. Меѓу другите кои ѝ пишаа на судијката беа Дебора Џо Руп (која ја глуми Кити) и Куртвуд Смит (Ред). Натаму, покрај семејството на Мастерсон, испратени се и писма со холивудските имиња на Џовани Рибиси, Џим Патерсон, Џени Вајнман и Дејвид Трејнер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАпел до Општина Чаир: Време е за ред, но и за решенија за станарите!Гледач на Канал 5 од Општина Чаир со писмо до надлежните за проблемот со паркирањето во општината. Неговото писмо го објавуваме во целост: „Почнува да се воведува ред во паркирањето во Општина Чаир. И тоа е за поздравување. Но, пред да почнат да се делат опомени за непрописно паркирање, неопходно е граѓаните јасно и навремено да бидат информирани каде смеат, а каде не смеат да ги паркираат своите возила. Живеам на улицата „Џон Кенеди“, една од главните улици во Чаир. Пред нашата зграда има ограничен простор за паркирање, додека делот пред поранешното трговско училиште „Цветан Димов“, денес медицинско училиште, е заграден. Во нашата зграда има два угостителски објекта, а на улицата уште десетици пицерии, ресторани и кафулиња. Секојдневно, особено во вечерните часови, гостите ги паркираат своите автомобили во околината, а ние, станарите, често немаме каде да ги паркираме сопствените возила. Прашањето е едноставно: каде се станарите во целата оваа приказна? Дали Општината планира да воведе зонско паркирање? Дали ќе се разгледа можноста за обележани паркинг-места за станарите? Дали се планираат катни гаражи или други долгорочни решенија за овој хроничен проблем? Во други делови на Скопје веќе постојат различни модели на организирање на паркирањето, вклучувајќи обележани места, рампи и паркинг-системи за станарите. Зошто и во Чаир да не се најде соодветно решение? Господине Меџити, воведувањето ред не треба да значи само контрола и опомени, туку и создавање услови граѓаните да можат да ги почитуваат правилата. Барам Општината: - Навремено да ги информира жителите за новите правила и зоните за паркирање. - Да ги утврди реалните потреби на станарите и можностите за резидентно паркирање. - Да направи план за обележани паркинг-места и подобра организација на сообраќајот. - Да обезбеди повеќе зеленило, проодни тротоари и безбеден простор за пешаците. - Да разгледа долгорочни решенија, вклучително и изградба на катни гаражи таму каде што е можно. Како жител на Општина Чаир, не барам привилегија. Барам достоинствени услови за живот, пристап до сопствениот дом, организирано паркирање и право на безбедно движење. Писмо од М.К. жител на опш. Чаир“Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПознато е колку им донирал Илон Маск на републиканците- се наближуваат меѓуизборите за Конгресот на САД Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули .Американскиот милијардер Илон Маск донирал повеќе од 276 милиони долари на Републиканската партија за овогодишните избори за Конгресот на САД од јули и во моментов е најголемиот познат донатор на кампањата за среднорочните избори, потврди Ендру Ромео, портпарол на организацијата преку која Маск врши политички донации. Донациите на Маск се во спротивност со неговата претходна најава дека ќе го намали политичкиот ангажман и придонесите за политички каузи, објавува АП. 🔹Elon Musk has reportedly donated $276 million to help Republicans retain their Senate majority in the US midterm elections, making him the biggest known donor in the race. (The New York Times) https://t.co/bXUSWrdM9e — Indian Trends Hub | Economy (@IndianTrendsHub) October 12, 2026 „Мислам дека направив доволно“, рече Маск во мај минатата година, осврнувајќи се на неговата улога во претседателската кампања во 2024 година, кога учествуваше на изборни митинзи со сегашниот американски претседател Доналд Трамп. Во текот на првите месеци од вториот мандат на Трамп, Маск го водеше Одделот за ефикасност на владата (DOGE), но подоцна влезе во конфликт со Трамп и поднесе оставка. Двајцата оттогаш се помирија. Републиканците имаат значителна финансиска предност пред демократите на овогодишните среднорочни избори, но се соочуваат со можноста за загуби поради незадоволството на гласачите и лошите резултати на претседателот Трамп во анкетите за јавното мислење. Богатството на Маск флуктуираше оваа година, во зависност од движењата на цените на акциите, и се проценува на околу 1 трилион долари.Тагови: Илон Маск Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУтре облачно и постудено време со температура до 18 степени- разведрување за викендот Утре времето ќе биде променливо облачно и постудено, информира УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 4 Попова Шапка, 5 Крушево, Маврови Анови, 9 Берово, Прилеп, 10 Претор, Крива Паланка, Битола, 11 Охрид, 12 Тетово, Зајчев Рид, Виница, Кавадарци, Штип, 13 Демир Капија, Струмица, Велес, Скопје Петровец, 15 Гевгелија. КОЛИЧИНА НА ВРНЕЖИ за изминатите 9 часа во (l/m2) 8 Кавадарци, 6 Берово, Прилеп, 5 Битола, Демир Капија, 4 Виница, 3 Штип, Гевгелија, Претор, Охрид, 2 Велес, Крушево, 1 Маврови Анови, Крива Паланка. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше променливо облачно и посвежо. Наместа имаше повремени локални врнежи од дожд. Во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни. ВРЕМЕТО УТРЕ Променливо облачно и постудено. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец, кој наместа ќе надминува брзина од 60 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11, а максималната ќе достигне од 11 до 18 степени. Во Скопје, променливо облачно и постудено. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 15 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ До петок ќе преовладува променливо облачно и постудено време. Денес и во петок ќе има повремени локални врнежи од дожд, кои на некои од повисоките планини ќе преминат во снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец, кој наместа ќе биде силен со брзина над 60 km/h. За време на викендот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook