Ештон Кучер е снимен како спасува куќа на пријател од пожарот во Л.А. (ВИДЕО) - Канал 5

Ештон Кучер е снимен како спасува куќа на пријател од пожарот во Л.А. (ВИДЕО)

Холивудскиот актер Ештон Кучер е снимен како му помага на пријател среде пожарот во Лос Анџелес.

Ештон Кучер е снимен како спасува куќа на пријател од пожарот во Л.А. (ВИДЕО)

Тој е снимен пред домот на продуцентот и сценарист Чак Лоре и неговата сопруга Ариел. Со маска на лицето, Ештон влетал во дворот и бил виден како ја полева куќата со црево за да не изгори.

Лоре е инаку познат како крал на ситкомовите, а тој и Качер соработуваа во последните сезони на Two and a Half Men.

Шумски пожари го опустошија Лос Анџелес, оставајќи пустош по нив и принудувајќи илјадници луѓе да се евакуираат. Меѓу нив има и многу познати актери и јавни личности, чии луксузни имоти биле уништени во пожарот.

Лејтон Мистер и Адам Броди, Парис Хилтон, Џејмс Вудс, Били Кристал, Ентони Хопкинс и многу други останаа без недвижен имот во областа зафатена од пожарот.

Шумски пожари го зафатија Лос Анџелес, убивајќи најмалку пет лица, уништени се стотици домови и ги оптоварија ресурсите за гаснење пожари и снабдувањето со вода до крај, додека на повеќе од 170.000 луѓе им е наредено да се евакуираат. Почнаа да горат и Холивуд Хилс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев

Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев и останатите.

ВМРО-ДПМНЕ:Наместо во служба на правдата и граѓаните, правосудството се претвори во бастион на СДС и ДУИ кој го штити Филипче, Заев

Македонското правосудство се претвори во бастион на СДС и ДУИ и со сите преостанати сили се стави во служба на одбрана на нивните криминалци.

Остатоците на СДС и ДУИ во правосудните органи за да ги спасат од кривична одговорност Венко Филипче, Зоран Заев и таквите како нив укинуваат пресуди, стопираат истраги, враќаат предмети на повторување на постапки.

Зависно од предметот и што тоа му треба на ликот кој се гони или треба да се гони за одредено кривично дело.

Така, за автобуската несреќа на Дурмо Турс кај Ласкарци со 16 жртви, пресудата е укината. За 14 жртви кои живи изгореа во пожарот во модуларната болница во Тетово, затворена е истрагата и обвинение за кривична одговорност за Филипче нема. Тука е запрената истрага за случајот Мазут, тежок 167 милиони евра.

Сето ова не е случајност, затоа што ова е правосудниот систем воспоставен од СДС и ДУИ кој и ден денес ги штити нивните луѓе и интереси. Ова покажува дека СДС и ДУИ ја загубија власта, но нивните судии и обвинители останаа нивното последно упориште за одбрана на нивниот криминален систем што го создаваа со години.

Малкумината остатоци на СДС и ДУИ бирани во партиските штабови во Зајас и Струмица кои грчевито ги штитат од одговорност нивните поранешни државни функционери се ликови како Ислам Абази, Вилма Русковска, Добрила Кацарска, Африм Фидани.

Секогаш кога луѓе на СДС и ДУИ треба да одговараат пред лицето на правдата, тука се нивните инсталации во правосудството за предметите да се развлекуваат, истрагите да се затвораат, а пресудите да паѓаат.

Од Ласкарци и Модуларната до случајот Мазут, истата правосудна мрежа ги штити истите политички структури и тоа е причината зошто граѓаните во правосудството имаат само 2% доверба.

Затоа што правосудството, наместо да биде бастион и упориште на правдата, се претвори во бастион на СДС и ДУИ.

Но, и СДС и ДУИ, и нивните корумпирани ликови, треба да знаат дека времето на недопирливите мора и ќе заврши, одговорност за секој според делото, ќе има.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција

Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“.

Поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач кој предупреди за вештачката интелегенција

Продолжуваат бранувањата за вештачката интелегенција, поранешен вработен во „Google Deepmind“ вчера стана најновиот истражувач на вештачка интелигенција кој предупреди дека технологијата би можела да „ги убие сите луѓе“, велејќи дека времето за да се избегне таков исход можеби истекува.

Јавната вознемиреност за потенцијалната опасност што ја претставува вештачката интелигенција расте, откако истражувачот Џејкоб Коксон, минатата недела изјави дека поднел оставка , делумно затоа што „луѓето што ја градат вештачката интелигенција искрено веруваат дека таа би можела да нè убие сите до крајот на деценијата“.

Антропологот Еван Хубингер потоа одговори на коментарите на Коксон, велејќи дека тој е во право и дека верува оти постои поголема од 10% шанса вештачката интелигенција да ги убие сите луѓе во следната деценија.

„Неодамна дадов отказ од „Google Deepmind“, каде што работев на истражување за безбедност и усогласување на вештачката интелигенција“, напиша Билал Чугтаи на X.

„Искрено верувам дека вештачката интелигенција има потенцијал да нè убие сите и дека можеби ни истекува времето за да го избегнеме овој исход.“. Извршниот директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, повика на забавување на темпото на развој на напредна вештачка интелигенција во текот на викендот, добивајќи ретка поддршка од илон маск од „Спејсикс“ и извршниот директор на „Опенаи“, Сем Алтман.

Чугтаи, исто така, рече дека безбедното управување со вештачката интелигенција е можно, но ќе биде потребна координација „за да се избегне трката меѓу компаниите за вештачка интелигенција“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест. Поради дизајнот на дресот некои навивачи се гневни и бараат отпуштање на дизајнерот.

Фото: Баерн Минхен го претстави дресот за Октоберфест, дел од навивачите негодуваат

Фудбалерите на Баерн во петок го пречекуваат Унион Берлин во натпревар од 4. коло на Бундеслигата, во нова специјална опрема дизајнирана во чест на Октоберфест.

Новиот дрес се одликува со шарен дезен кој остава силен визуелен впечаток на теренот.

Според официјалното соопштение на клубот, новиот дрес „ја спојува традицијата на Минхен со модерен и смел дизајн и го слави она што го прави Октоберфест посебен: радоста на живеењето, заедништвото и различноста“.

Понатаму се наведува дека шарениот цветен дезен претставува модерна интерпретација на традиционалните мотиви.

„Различните живописни бои ги отсликуваат многубројните аспекти на Октоберфест – неговата енергија, живост и разновидност – и ја доловуваат уникатната атмосфера што го исполнува Минхен секоја година за време на одржувањето на фестивалот.“

Дизајнот, кој се одликува со цветни шари и впечатливи бои, предизвика силни реакции, а навивачите не штедеа критики.

„Отпуштете го дизајнерот“, „Со сета должна почит, што е ова?“, „Фотошоп од пеколот“, „Ова е едноставно тажно“ и „Вака изгледа дрес откако ќе испиеш 18 литри пиво“ се само дел од коментарите објавени на Инстаграм-профилот на Баерн.

Иако смелиот дизајн има свои поддржувачи, на социјалните мрежи сепак доминираат негативните реакции.

Во дрес со новиот дизајн на Барен Минхен се појави и победникот од Грен слемот во Њујорк, вториот светски тенисер Александар Зверев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер