ЕСЕ: Програмата за рана детекција на рак е скратена за два милиона денари - Канал 5

ЕСЕ: Програмата за рана детекција на рак е скратена за два милиона денари

Наместо да ги зголемуваат, Владата и Министерството за здравство кратат пари на клучни програми за рана детекција на рак со кои можат да се спасат животи, велат од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените – ЕСЕ.

ЕСЕ: Програмата за рана детекција на рак е скратена за два милиона денари

Оттаму тврдат дека програмата за рана детекција на рак е помала за два милиони денари во однос на буџетот што бил предвиден за 2022. А, освен повеќе финансии, од здружението бараат надлежните повеќе да работат на едукација на жените за скринингот за рак на грло на матка, болест од која годишно умираат по околу 40 жени во Македонија...Животи што со рана детекција може да се спасат, вели Борјан Павловски од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените.

-Оваа програма и претходно имаше недоволен буџет. Во неа се опфатени повеќе скрининзи, за рак на дојка, за рак на грло на матка, за колоректален карцином, за рак на простата и.т.н. Не е се уште објавена во службен весник, па не знаеме од кои ставки конкретно е скратено, но сепак два милиона денари значат уназадување на самата програма. Конкретно за скринингот за рак на грло на матка со години алармираме за подобрување на програмата, бидејќи може да се каже дека е еден од ретките карциноми за кои има методи за рано откривање и може да се спречат речиси сите смртни случаи. вели Борјан Павловски - здружение ЕСЕ.

Од здружените го критикуваат и последниот скрининг, бидејќи според нив, укинувањето на покани до жените за да направат гинеколошки преглед со ПАП тест и импементацијата на интернет платформата skrining.mk за сами да се пријавуваат, довело до помал опфат.

-Истражување што го спроведовме во 2022 година во руралните средини низ Македононија и ромските средини покажа дека многу малку, под 5% од жените знаат за оваа страница што укажува на тоа дека многу малку е работено на промоција. Немаат пристап до интернет, пристап до дигитален уред, како и нивото на дигитална писменост, за жал и тоа не е на толку високо ниво. вели Борјан Павловски - здружение ЕСЕ.

Во меѓувреме од здружението алармираат и за недоволен број на матични гинеколози, а лекарите по повод одбележување на деновите за зголемување на свеста и превенција на рак на грло на матка им порачаа на надлежните дека скринингот наместо ПАП тестови, треба да вклучува и нова методологија, како што се ХПВ типизации кои се поточни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Позната е причината за пожарот во дом за згрижување во Алжир, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Единаесет лица, меѓу кои и деца, загинаа во пожар во сиропиталиште во близина на главниот град Алжир, предизвикан од електрична искра од клима уред, објави денес државната телевизија, повикувајќи се на Службата за национална безбедност.

Позната е причината за пожарот во дом за згрижување во Алжир, во кој загинаа 11 лица, меѓу кои и деца (ВИДЕО)

Според службата, клима уредот работел континуирано во соба на првиот кат додека температурите во земјата биле многу високи, објави Ројтерс.

Во пожарот се повредени 19 лица, меѓу кои 10 со изгореници, додека пет лица со попреченост се евакуирани, соопшти службата за цивилна заштита.

Алжир е погоден од силен топлотен бран во последните денови, а цивилната заштита мораше да интервенира на повеќе од 900 пожари низ целата земја од 8 јули.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Чешка дозволи брзина од 150 км/час, но само под еден услов

Чешка ја зголеми максималната дозволена брзина на делница од автопатот D3 од 130 на 150 км/ч, но возачите нема да можат да ја користат оваа дозволена брзина во секое време.

Чешка дозволи брзина од 150 км/час, но само под еден услов

Новото правило е дел од пилот-проект во кој ограничувањето се менува во реално време во зависност од условите на патот.

Тестот се спроведува на делница од 47 километри што ја поврзува Прага со австриската граница. Државата инвестираше околу два милиони евра во нова сигнализација, паметни знаци и систем за следење на условите за возење на оваа рута.

Паметните сензори одлучуваат кога е безбедно да се вози со 150 км/ч

За разлика од традиционалните ограничувања на брзината, овој систем автоматски го прилагодува ограничувањето на брзината врз основа на податоците од метеоролошките станици, камерите и сензорите вградени во асфалтот.

Возачите ќе можат да возат со 150 км/ч само кога се исполнети сите услови: целосно сув пат, одлична видливост и низок интензитет на сообраќај.

Во случај на дожд, магла или голем број возила на патот, системот автоматски ќе ја намали дозволената брзина за да се одржи безбедноста.

Чешките власти веруваат дека овој пристап може да овозможи побрзо возење без да ги загрози учесниците во сообраќајот, бидејќи брзината се прилагодува на реалната ситуација на патот.

Заштедата на време не е голема, но тестот продолжува

Според теоретските пресметки, зголемувањето на брзината од 130 на 150 км/ч заштедува околу шест минути на 160 километри континуирано возење.

Иако временската разлика не е огромна, чешките власти сакаат да соберат што е можно повеќе податоци за однесувањето на возачите и влијанието на поголемите брзини врз безбедноста во сообраќајот.

Пилот-проектот на автопатот Д3 требаше да заврши порано, но Чешка одлучи да го продолжи до крајот на 2026 година за да добие подетална анализа.

Првичните резултати покажуваат дека возачите генерално ги почитуваат променливите ограничувања и дека досега нема докази за значително зголемување на бројот на сериозни сообраќајни несреќи.

Доколку тестот се покаже како успешен, можно е сличен модел да се примени во иднина и на други европски автопати каде што временските услови често го менуваат нивото на ризик.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во сообраќајка во Уганда загинаа над 20 деца- светот е во шок од состојбата на автобусот (ВИДЕО)

Најмалку 20 ученици и еден возрасен загинаа откако автобус што превезувал ученици на екскурзија се урна во источна Уганда, соопштија локалните власти.

Во сообраќајка во Уганда загинаа над 20 деца- светот е во шок од состојбата на автобусот (ВИДЕО)

Како што објави Би-Би-Си, ова е една од најлошите сообраќајни несреќи во земјата во кои учествувале деца во последните години.

Десетици други, вклучително и вработени, беа повредени во несреќата во областа Капчорва во четврток вечерта.

Прелиминарните истраги покажуваат дека автобусот имал механички дефект пред возачот да ја изгуби контролата врз возилото на ридот Чекватит, дел од патот што е место на неколку сериозни несреќи, соопштија локалните власти.

„Возачот наводно ја изгубил контролата врз возилото, кое излетало од патот, удрил во голема карпа покрај патот и се превртел“, соопшти полицијата.

Автобусот, кој превезувал ученици од основното училиште „Крал Дејвид“ во Ндеја, се урна околу 20 часот по локално време (17 часот по Гринич) во селото Чекватит, округот Кавово, соопшти полицијата.

„За жал, 20 деца и еден возрасен, кој беше основач и директор на училиштето, г-дин Тадео Секаде, отидоа да бидат со Господ“, напиша министерот за локална самоуправа Балам Атењи Баругахара на платформата X додека беше на местото на несреќата.

Видеата споделени од очевидци покажаа дека автобусот е тешко оштетен додека локалното население брзаше да им помогне на повредените деца.

Учениците се враќаа од студиско патување, а локалните медиуми објавија дека претходно ги посетиле водопадите Сипи, популарна туристичка област.

Илјадници луѓе умираат во сообраќајни несреќи во Уганда секоја година. Брзината, лошо одржуваните возила и опасните патишта се меѓу главните причини, според сообраќајните власти.

Најновата несреќа се случува во време кога повторно се покрена загриженоста за безбедноста на училишниот превоз, откако во земјата во последните недели беа пријавени неколку сериозни автобуски несреќи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер