ЕСЕ: Намалувањето на смртноста од рак на грло на матка ќе се спречи со скрининг - Канал 5

ЕСЕ: Намалувањето на смртноста од рак на грло на матка ќе се спречи со скрининг

 Намалувањето на смртноста од рак на грло на матка ќе се спречи со скрининг на 80 проценти од жените на возраст од 24 до 60 години.

ЕСЕ: Намалувањето на смртноста од рак на грло на матка ќе се спречи со скрининг

Во Македонија само во 2017 година се изгубени 574 години на живот помеѓу жените, поради предвремена смртност од рак на грлото на матката, покажуваат резултатите од анализата на Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените (ЕСЕ).

– Поради ненавременото дијагностицирање на ова заболување, Фондот за здравствено осигурување годишно троши најмалку 29 милиони денари за лекување на жените каде што карциномот е откриен во напредна фаза. Жените кај кои ова заболување е откриено во напредна фаза годишно трошат најмалку 11 милиони денари, за трошоци кои се поврзани со заболувањето, се вели во соопштението од ЕСЕ.

Од Здружението велат дека годишните трошоци на државата и жените со рак на грлото на матка, се проценуваат на минимум 39 милиони денари. Со цел да се намали смртноста на ракот на грло на матка и да се намалат трошоците, ЕСЕ апелира дека е потребно државата да обезбеди опфат со скрининг за рак на грлото на матката на 80 проценти од жените на возраст од 24 до 60 години.

– За да се постигне бараниот опфат, бараме државата за тригодишен период да одвои 168.728.100 денари или во просек 56.242.700 денари годишно за оваа намена. Со овие средства и со доследно спроведување на скринингот ќе се спречи предвремената смртност и ќе се унапреди квалитетот на животот помеѓу жените. Воедно ќе се избегнат трошоците на товар на државата и жените, што се резултат на ненавремено откривање на ова заболување, додаваат од ЕСЕ.

Од Здружението за еманципација, солидарност и еднаквост на жените велат дека целта на оваа анализа е да се утврди влијанието на карциномот на грлото на матката откриен во понапредна фаза врз животот на жените и врз трошоците поврзани со дијагностиката, лекувањето и палијативното згрижување во врска со ова заболување, од страна на државата и од страна на жените.

Анализата, насловена „Која е цената на тоа што немаме организиран скрининг на рак на грлото на матката?", покажува дека со зголемување на финансиските средства наменети за оваа програма ќе се спасат животи на жените, ќе се продолжи животот на жените и ќе се унапреди квалитетот на животот, а воедно државата и жените ќе заштедат финансиски средства.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Кај модерните автомобили, каде што е можно, се елиминираат жиците и механичките врски, а овој тренд сè повеќе се проширува и на системите за сопирање. 

Дали би му го довериле својот живот? Поднесен е патент за „кочење на допир“ (ФОТО)

Сепак, ова го отвора прашањето: што треба да направите ако „електронските“ сопирачки откажат?

Според веб-страницата „CarMoses“, се чини дека „Bosch“ пронашол решение за „најлошото можно сценарио“ – конкретно, кога електрониката одговорна за системот за сопирање во автомобилот ќе откаже. Поднесена е пријава за патент за „резервен“ систем за сопирање, кој се потпира на специјализирани контроли и конфигурација што користи три одделни контролни единици.

Првата и втората контролна единица управуваат со стандардните операции на сопирање, додека третата постојано ги следи и надгледува. „Bosch“ предлага две сценарија за тоа што се случува доколку „редовниот“ систем за сопирање откаже.

Во првото сценарио, доколку возачот добие известување дека сопирачките не функционираат од која било причина, тој може да ги активира сопирачките преку копче за итни случаи, сместено на екранот на инфо-забавниот систем во возилото.

Во второто сценарио, возачот би користел копче за сопирање поставено директно на воланот – локација што овозможува полесен пристап, без потреба возачот да го трга погледот од патот. Понатаму, се наведува дека возачот би можел дури и да ја модулира силата на сопирање – применувајќи посилно или послабо сопирање – преку менување на времетраењето на притисокот врз копчето.

Ова решение би можело да биде корисно, бидејќи им нуди на возачите поголема контрола врз интензитетот на сопирање и обезбедува дополнителни опции во итни ситуации. Сепак, во итни случаи, посегнувањето кон екранот на допир од инфо-забавниот систем веројатно не е првото нешто што би ви паднало на памет, додека копче на воланот би имало малку повеќе смисла.

Секако, сè уште сме далеку од сериозни разговори за примена на оваа технологија, но интересно е да се видат различните насоки во кои размислуваат компаниите во однос на иднината на автомобилот.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Давор Мацура, сопственикот на Алта банка, над која е прогласен стечај, бил приведен ноќеска, дознаваат српските медиуми.

Уапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката

Претходно, полицијата повеќе од 30 часа, односно од саботата, вршела претрес во просториите на Алта банка, на која во раните утрински часови во саботата Извршниот одбор на Народната банка на Србија ѝ ја одзел дозволата за работа, по што бил прогласен стечај.

Наскоро повеќе информации.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

​Банкарскиот систем во Македонија е стабилен, надлежните институции ги преземаат сите неопходни мерки за заштита на штедачите, инвеститорите, граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на СДС пропадна Еуростандард, а нивната министерка 5 дена порано ги извади своите пари додека тие на граѓаните отидоа заедно со банката

Заврши времето на СДС кога пропаѓаа банки, како Еуростандард банка, а најодговорните наместо да ги штитат интересите и парите на граѓаните, работеа за сопствени интереси.

Таков е примерот на тогашната министерка за финансии од редовите на СДС, Нина Ангеловска која требаше да го штити капиталот на граѓаните, штедачите и инвеститорите, гледаше да си ги спаси само своите пари.

Така, располагајќи со информации кои и го дозволуваше позицијата министер за финансии, Ангеловска неколку дена пред да пропадне Еуростандард банка во 2020 година, си ги повлече своите 250 илјади евра, додека заштедите на граѓаните пропаднаа заедно со банката.

И да не заборавиме како банката дојде до неликвидна ситуација. Долго време на компании одобрувала ризични кредити без соодветно покритие, меѓу кои и 29 струмички меѓу кои имало и фирми блиски до Заеви. Дел од нив освен што зеле кредити без соодветно покритие, истите и не ни ги враќале на банката.

Сето ова се случувало додека СДС беше на власт и нормално не реагираа навреме и не ги заштитија парите на граѓаните, затоа најголем интерес од тоа имаа фирмите на Заеви и на лица блиски до нив.

Но затоа пак, Нина Ангеловска своите пари си ги спаси.

Сега државата и надлежните институции се на страна на граѓаните, преземаат соодветни мерки и се грижат за нивниот интерес, а не како во време на СДС кога пропаѓаа банки, а оние кои треба да го штитат јавниот интерес и парите на граѓаните, како министрите за финансии пет дена пред банката да оди во стечај да ги вадат своите пари.

ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер