1Аргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000
Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
1Медведев му се извини на повредениот гледач, дисквалификацијата скапо го чинеше- се огласи и Ѓоковиќ (ВИДЕО)
Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
2Телохранителот на Џеј Ло стана хит, фановите ѝ пишуваат: Човекот на твојот живот стои покрај тебе (ВИДЕО)
КултураЕрусалимското платно - порта до светата земја и ХристијанствотоТоа е порта кон светата земја. Слика на Христијанството. Ерусалимското платно, изработено од врвни зографи од Ерусалим ги краси ѕидовите на повеќе цркви и манастири во Македонија. Тоа е потврдата на аџилакот на значајни македонски семејства кои последните два века тргнале на аџилак во Светата земја - Ерусалим и на гробот на Исус, враќајќи се дома со потврда на сопствениот аџилак, на статусот, на чувството за поинаков поглед на животот, на гревовите и себеоткривањето. Завиткани во ролни, помалку тајно, аџиите од Македонија сакале светоста да ја пренесат дома. Платното го покажувале секому и на крајот, главно, го подарувале на црквите и манастирите во Македонија. Раритетен примерок од 1870 година на Ерусалимското платно со димензии 1,70 на 1,20 метри поседува Прилепскиот музеј. Во прилепската црква „Свето Благовештение“, Ерусалимското платно е двојно поголемо и 17 години постаро, а најстаро е во Трескавец, подарок од Манастирот Бигорски. Што значи Ерусалимското платно? Нашата потрага по значењето и описот на ерусалимското платно стигнува до експертите кои допрва ќе го истражуваат. Засега ги документираат податоците кои фасцинираат. -Ерусалимското платно во Галеријата на икони во Прилеп има историјат, не по неговото доаѓање во Музејот и во неговото презентирање. Потекнува, се разбира, од Ерусалим. Не е типично платно. Ги изработувале зографите во Ерусалим. Се изработуваат од еден метар, па до неодредена големина. Ова платно во Галеријата е со димензии 1,70 на 1,20 метри и потекнува од 1870 година. Во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп Ерусалимското платно е двојно поголемо и е постаро, датира од 1853 година, ја почнува приказната за Ерусалимското платно Мимоза Христоска, директорка на прилепскиот Завод и музеј. -Платната ерусалимските зографи ги работат со посебна љубов. Се работат во посебни зографски училишта, работилници. За секое платно е интересен фактот што, кога ги гледате, е изработено од гипсан грунт врз платно. За тоа има причина. При пренесувањето, аџиите го виткале во ролна за лесно да го пренесат. И, честопати, поради тоа, Ерусалимските платна се оштетени на краевите, вели Христоска. Ерусалимското платно - порта кон Светата земја и Христијанството Платното претставува портата на светата земја. Ова е посебна, карактеристична христијанска уметност, која се издвојува од почетокот на 18-тиот се до 20-тиот век до кога егзистираат. Допирот на платното бил магичен. -Ерусалимското платно во себе си ја носи целата христијанска религија. Кога одат на аџилак, аџиите го земале платното и го носеле дома. Немале сертификати, како што сега има кога одат на аџилак во Ерусалим, па морале да донесат нешто за да го потврдат она Хаџи напред во своето презиме. Но, патот бил многу скап, долг бил временскиот период за да се појде во светата земја и да се вратат назад. Затоа, кога аџиите ќе се врателе, го поставувале на ѕидот во своите домови. Секој да го види, да го допре. И роднините, и соседите и со тоа да ги доближат до светата земја. Затоа, Ерусалимското платно е порта кон светата земја. Но она што не можеш да го видиш, а со самото допирање, го допираш гробот Господов, објаснува директорката на прилепскиот Завод и музеј, Христоска. Сценските претставувања на самото Ерусалимско платно се различни. Може да има 10, но и 10 000. Сѐ зависи од големината на платното. Самите зографи имале страв од празен простор. На секој сантиметар од платното цртале сцена. Ерусалимското платно со библиски приказ во три делови Платната секогаш се поделени на три делови со библиските сцени. Во централниот дел на Ерусалимското платно секогаш е претставен храмот во Ерусалим. Лево и десно се претставени Исус Христос и Богородица и сцените поврзани со нивниот живот. Во долниот дел на платното е циклусот празници. Претставува еден вид Библија. -Нашите Ерусалимски платна, во Македонија, се поврзуваат точно со влијанието кое го имаме со поствизантискиот период и го имаат тоа западно влијание со преземањето на графиките. Во горниот дел на платното секогаш е претставен Страшниот суд и, ако е поголемо платно, има старозаветни сцени, вели Христоска. Не се знае од каде е донесено платното што е во Галеријата на икони во Прилеп. Се претпоставува дека е од околните цркви каде е донирано. Може да се рече дека дури во 90 проценти во прилепските цркви има Ерусалимски платна. Допирот на платното е тоа што фасцинира. Како да сте стигнале во светата земја. - Аџиите Платната ги подариле на црквите за да останат за идните поколенија кои не може да појдат во Ерусалим, а да може да го допрат Ерусалимското платно и да ја добијат таа благодет што тие ја виделе или ја почувствувале при одењето во Ерусалим. Платното во црквата „Свето Благовештение“ во Прилеп е неизмерно импозантно. Сцените се изработени со такви детали што се презентирани и старозаветни сцени. Дури, цели сцени, со детали се претставени на мал простор, со големина на една монета од 5 денари, објаснува Христоска. Денешниот аџилак за верниците е духовно доживување. Денес многу верници одат на аџилак. Се враќаат со сертификат. Прилепчанецот Зоран Дамкоски кој со сопругата пред седум години бил на аџилак во Ерусалим, на гробот на Исус, вели дека тоа е духовно доживување. -Аџилакот не е едно обично туристичко патување. Тоа, буквално, е внатрешно духовно доживување. Поточно, со самиот аџилак ние стануваме поблиски до верата, до молитвата, до духовното. Посебни се чувствата во црквата каде е гробот на Исус. Таму, додека стоиш и чекаш да се поклониш, чуваствата, емоциите се различни. Ве обзема тага, радост. Дури, размислувате подлабоко за животот. Размислувате да направите некои промени во вас. Сакате да донесете и поинакви одлуки. Всушност, енергијата околу гробот на Исус зрачи да нѐ промени нас, во суштина. За верниците значи дека можеме да ги почувствуваме сите чуда на Исус, возбудено објаснува прилепчанецот Дамкоски, нагласувајќи дека сега многу подлабоко размислува пред да ја донесе секоја одлука во животот. -Буквално, внимаваме да не грешиме свесно. Овој аџилак прави да бидеме подобри луѓе, смета Дамкоски. Ако денес се добива друг сертификат, Ерусалимското платно е неизбришливиот сертификат и потврдата за духовното доживување и себенаоѓање на човекот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваПоранешна порно ѕвезда со 17 годишен стаж открива што ѝ било најтешко (ФОТО)Поранешната ѕвезда во филмови за возрасни Линдзи Брук одлучи јавно да проговори за тоа што се случува зад сцената по 17 години во индустријата. На Threads, таа ги покани следбениците да ѝ постават прашања за работата што ја напушти во 2024 година, а нејзините одговори се отворија за заработката, условите за работа, дрогата и последиците од долгогодишното работење во индустријата. „Најдобриот дел? Завршено“ Брук објасни дека по толку години, тешко ѝ е да избере нешто позитивно од самото снимање. „Најдобриот дел? Хм. Завршено. Најлошиот дел: секс со целосен странец.“ Таа откри дека во еден момент заработувала околу 1.500 долари по сцена, но верува дека тоа не било доволно со оглед на работата што ја работела. Во текот на првите десет години, снимала речиси секој ден, додека подоцна нејзината работа била значително намалена. Кога ја прашале дали целата индустрија е токсична, таа не дала едноставен одговор. „Има добри и лоши работи во секоја работа. Постојат одлични компании за кои сакав да работам, но и оние од чии сетови едноставно си заминав.“ Таа зборуваше и за дрогата Најсериозниот дел од нејзините одговори се однесуваше на начинот на кој се справувала со својата работа. Брук рече дека во текот на целата кариера користела дрога за емоционално да се одвои од она што се случувало на снимањето. „Не, јас сум во состојба на дисоцијација. Земам наркотици. Се ставам настрана и влегувам во улогата.“ „Дрогите ѝ го олеснија“, односно, како што објасни, дрогата ѝ ја олесни работата. Ги користела за да не може ништо да чувствува за време на снимањето, додека дома ги користела за да може воопшто да чувствува било што. Брук, која е мајка на три деца, се обидела да ја напушти индустријата по раѓањето на секое дете. Сепак, финансискиот притисок и стигмата поврзани со нејзината претходна работа ја терале да се враќа секој пат. „Требаше да бидам мртва“ Пресвртницата се случила во 2024 година, кога, непосредно пред да потпише нов договор, зела смртоносна доза апчиња. Преживеала обид за самоубиство, а подоцна одлучила целосно да престане со дрогата и порно индустријата. „Требаше да бидам мртва. Тоа не е драма, тоа е фармакологија.“ Таа на својот Substack наведува дека 1 ноември 2024 година бил првиот ден кога не земала апчиња ниту алкохол, и тогаш решила да ги напушти дрогата, работата и претходниот начин на живот. View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) За причината зошто конечно одлучила да си замине, таа рекла: „Сакав да се откажам од моментот кога почнав. Не знаев како. Се откажав затоа што повеќе не можев да земам доволно дрога за да потпишам уште еден договор.“ „Порнографијата е изградена врз илузии“ По напуштањето на индустријата, Брук почнала да пишува и јавно да зборува за своите искуства. На својата страница, таа се опишува себеси како поранешна работничка во индустријата за возрасни која денес се обидува да зборува за тоа што ѝ донел таков живот. Особено е упатена кон мажите кои ја перцепираат порнографијата како претстава за вистинскиот сексуален живот. „Целата индустрија е изградена врз илузии. Жените всушност не сакаат мажите да ги прават сите работи што им ги покажуваме во филмовите. Жените не сакаат да имаат секс со мајстор кој дошол да го поправи мијалникот, а камоли да имаат оргии со нивната маќеа или девојки.“ View this post on Instagram A post shared by Lindsay Brooke (@lindsay13rooke) Брук тврди дека порнографијата може да создаде искривена слика за сексот и врските и ги предупредува мажите дека она што го гледаат на екранот не треба автоматски да се сфаќа како претстава за вистинските желби на жените. Зборувајќи за сопственото искуство, таа заклучи: „Колку повеќе е нарушен вашиот систем, толку повеќе машинеријата има контрола врз вас. Јас сум надвор... зошто сте сè уште внатре?“Тагови: ѕвезда порно Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветАргентина им ги отвори вратите на богатите- пасош се продава за 350.000 долари, со опција од 800.000 Колку вреди пасошот на една земја? Аргентина штотуку даде многу специфичен одговор - најмалку 350.000 долари.Јужноамериканската земја ја започнува првата програма за државјанство преку инвестиција во Јужна Америка, која ќе им овозможи на богатите странци да добијат аргентинско државјанство преку директен финансиски придонес во државата или купување државни обврзници. Што нуди Аргентина во рамките на програмата Програмата треба да започне да прифаќа апликации во текот на последниот квартал од оваа година, а на потенцијалните кандидати ќе им бидат понудени две опции, според „Бизнис и финансии“. Првата е директна, неповратна уплата од 350.000 долари во аргентинската државна каса. Втората бара значително повеќе пари - купување на посебна државна обврзница во вредност од 800.000 долари. Програмата беше презентирана за време на „Неделата на Аргентина“ во Париз од страна на министерот за економија Луис Капуто и началникот на кабинетот Диего Сантили. Пасошите како начин за привлекување капитал Зад необичната понуда стои многу специфична економска цел. Владата на претседателот Хавиер Милеј се обидува да привлече нов странски капитал, да го зголеми приливот на долари и дополнително да ја отвори аргентинската економија за меѓународни инвеститори. Властите ја претставуваат програмата како уште еден дел од реформите насочени кон подобрување на инвестициската клима во земјата. Аргентина со години се соочува со големи финансиски проблеми, а според АП, новата програма би можела да донесе до 2,5 милијарди долари во следните пет години. Во исто време, земјата се соочува со десетици милијарди долари обврски за надворешен долг. Колку чини пасош за целото семејство? Можноста нема да биде ограничена само на главниот апликант. Членовите на неговото семејство исто така ќе можат да аплицираат за државјанство, но за дополнителен надомест. Брачниот другар, како и невенчаните или вонбрачните деца на возраст од 18 до 25 години без свои деца, ќе можат да аплицираат со дополнителен придонес од 100.000 долари по лице. За дете под 18 години ќе бидат потребни уште 25.000 долари. Така, според пресметките на аргентинската влада, типично семејство од четири лица - родители и две малолетни деца - би можело да аплицира за аргентинско државјанство за вкупно 500.000 долари преку модел на плаќање што не може да се врати. Парите нема да бидат единствениот услов Чек од 350.000 долари нема автоматски да значи добивање пасош. Аргентина најавува детални проверки на кандидатите, вклучувајќи го потеклото на парите, идентитетот, криминалното досие и други безбедносни критериуми. Сите средства ќе мора да поминат низ официјалниот финансиски систем, со примена на правила за спречување на перење пари и финансирање на тероризам. Аргентина започна со подготовка на законската рамка за државјанство преку инвестиции уште во 2025 година, кога беше овозможено странец кој прави инвестиција од особено значење да побара натурализација без оглед на должината на претходниот престој во земјата. Сега, за прв пат, државата ја прецизираше и цената на овој пат до пасош - 350.000 долари што не може да се вратат или 800.000 долари преку државни обврзници.Тагови: Аргентина пасош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиОд полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00Горивата поевтинуваат, дизелот за 3 бензините за 1,5 денари 12:35ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08Мицкоски на пуштање во употреба на детска градинка во Општина Теарце08:54Лице со целосно слепило дискриминирано од страна на стручна комисија, му била намалена помошта15:01
Од полноќ намалување на цените на горивата: Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3 денари по литар15:00
ЈП Водовод и канализација – Скопје: Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење11:08
СудбинаПосвоиле пет деца, па ги претвориле во робови- осудени се на 375 години затвор и казна од 4,4 милиони долариПет афроамерикански деца кои биле принудени да трпат злоупотреба и држени во услови слични на робови од страна на нивните посвоители ќе добијат огромна финансиска компензација.Децата, кои некогаш биле посвоени од Џин Кеј Вајтфедер (63) и Доналд Лантс (64), добиле спогодба во вредност од 4,4 милиони долари од државата Западна Вирџинија поради начинот на кој Службите за заштита на децата се справиле со повеќекратните пријави за нивна загрозеност, објавува Дејли Меил.. Парите ќе им бидат распределени на децата преку фонд за доверба и ќе се користат за да им се помогне да се опорават, бидејќи неколку од нив сè уште се соочуваат со сериозни последици од траумата предизвикана од злоупотребата. „Тоа значи дека овие деца ќе добијат шанса да бидат деца. Тие беа ограбени од нивната невиност и детство од луѓе кои им биле родители, кои всушност биле чудовишта“, рече адвокатот Данте ди Трапано, кој ги застапуваше. Платената сума претставува максимална компензација што секое дете можеше да ја добие според државните ограничувања, а спогодбата ја плати Одборот за управување со ризици на Западна Вирџинија. 375 години затвор за „тинејџерски клуб“ Спогодбата доаѓа повеќе од една година откако Вајтфер и Лантс беа осудени на децении затвор за злоупотреба на деца. Вајтфер моментално отслужува казна од 215 години, со минимум 40 години за да се добие условна слобода. Лантс беше осуден на 160 години затвор, со задолжителен минимум 30 години зад решетки пред да може да аплицира за условна слобода. И двајцата беа осудени да платат вкупно 280.000 долари отштета на децата. Децата беа пронајдени од полицијата во октомври 2023 година заклучени во барака до домот на двојката во Сисонвил. Бараката немаше светла, храна или вода, а областа беше под надзор со камери. Вајтфер тврдеше дека децата не биле држени против нивна волја и дека бараката се користела како „тинејџерски клуб“. Сепак, детективите утврдија дека децата биле заклучени од надвор. Откако властите ги пронајдоа трите постари деца заклучени во бараката, открија и деветгодишно девојче заклучено во главната куќа. Децата имаа силен мирис, носеа валкана облека и имаа рани на нозете. Предупредувањата беа игнорирани, децата беа подложени на расистички навреди Подоцна беше откриено дека соседите го пријавиле она што го забележале во куќата во Службата за заштита на децата, но нивните извештаи во голема мера не беа земени предвид. Сосетката Џојс Бејли сведочеше на суд дека видела како Лантс ги тера децата да носат тежок материјал за ограда, кофи со вода и резервоари за пропан низ дворот. Според неа, децата биле толку исцрпени од работата што во еден момент најстарото момче едвај можело да оди. За време на судењето беа презентирани и расистички текстуални пораки. Најстарото дете, сега 18-годишно, сведочеше дека нејзините посвоители ја принудувале да копа со рацете, ги хранеле неа и нејзините браќа и сестри претежно со сендвичи со путер од кикирики и ги принудувале да користат кофа за да се олеснат. Таа исто така рече дека нејзините посвоители одбивале да јадат од истите чинии како децата и ја нарекувале „валкана“. И покрај овие обвинувања, Службата за заштита на децата не обезбеди документација дека нејзините службеници разговарале со децата, изјави адвокатот на ди Трапано во тужбата против државата. Според сведочењето на судењето, агенцијата едноставно оставила белешка на вратата на семејството. Кога службениците конечно разговарале со децата, Лантс и Вајтфер биле доволно блиску за да го слушнат разговорот. „Целиот систем е расипан“ „Имаше многу повици од соседите, и мислам дека имаше само една посета на таа куќа. Требаше да има многу повеќе“, рече ди Трапано. Тој тврди дека „целиот систем е расипан“ и дека начинот на кој се обработуваат пријавите за злоупотреба на деца, вклучително и обуката на вработените, начинот на кој се спроведуваат интервјуата и начинот на кој се документираат случаите, треба да се промени. Портпаролот на гувернерот на Западна Вирџинија, Патрик Морисеј, Ларс Далсеид, рече дека вработениот кој ги интервјуирал децата бил отпуштен за време на претходната администрација. Тој додаде дека сегашната администрација направила промени за зајакнување на системот за заштита на децата, вклучително и реорганизација на управувањето, појасни правила и дополнителна обука за вработените. Децата оттогаш се сместени кај нови згрижувачки семејства. Двајца од нивните нови згрижувачки родители зборуваа на суд за тоа каков е нивниот живот сега. Еден опиша одење на плажа, забавни паркови и музеи. „За мене како адвокат беше неверојатно искуство да видам дека овие деца сега имаат нешто за што да бидат среќни“, рече диТрапано. Нова тужба за претходни обвинувања Ди Трапано и неговата фирма сега планираат да поднесат уште една тужба, овој пат против Одделот за социјални услуги на државата Вашингтон. Тие тврдат дека агенцијата им дозволила на Вајтфедер и Лантс да ги преместат децата од Вашингтон во Западна Вирџинија и покрај претходните обвинувања за злоупотреба на деца. Во Вашингтон нема ограничување на штетите, така што децата би можеле да добијат дополнителна отштета ако успеат во нивната тужба. Државниот претставник Холис Луис, исто така, објави дека ќе воведе закон наречен Закон за спречување на притвор на деца, кој би барал од семејствата што се преселуваат во Западна Вирџинија и планираат да ги школуваат своите деца дома да го известат Одделот за социјални услуги. Луис додаде дека верува оти Вајтфедер и Лантс не се преселиле во Западна Вирџинија поради убавината или економијата на државата, туку затоа што верувале дека таму можат да се однесуваат кон своите деца со мал надзор. Тој нагласи дека родителите треба да имаат можност да изберат како да ги воспитуваат своите деца, но дека мора да постојат и разумни мерки за да се спречи таквите можности да се искористат за злоупотреба. Луис рече дека треба да им оддаде признание на жителите на Сисонвил кои продолжиле да го пријавуваат случајот на Службите за заштита на децата и на полицијата. „Всушност, заедницата беше таа што го крена алармот. Да не беа нивните напори, овие деца можеби сè уште ќе беа поробени и злоупотребувани, или ќе се случеше нешто полошо“, рече тој.Тагови: деца робови Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook