Еруптираше вулкан на Планината Асо во Кумамото

 Вулканот Накадаке на Планината Асо во централниот дел на јапонската област Кјушу денеска еруптираше.

Во 11:43 часот, по локално време, почна да излегува час од врвот на Планината Асо, во префектурата Кумамото. Метеоролошката агенција издаде предупредување за луѓето кои се во планинското подрачје.

Агенцијата потврди дека пирокластичните текови достигнале повеќе од еден километар од кратерот. Таа издаде предупредување и го зголеми нивото на вулканска тревога на 3 на скалата од 5 степени.

Агенцијата ги повикува луѓето во близина на кратерот да бидат подготвени за големи протоци на гасови. Пирокластични текови може да се појават во радиус од околу два километри. Луѓето во близина треба да сторат се што можат за да ја осигураат нивната безбедност.

Мицкоски: Само преку спортот имаме здрав дух

 „Да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.“

Почитувани,

На покана на градоначалникот еве и јас сум денеска тука, да го отвориме овој Спортски центар. За жал некои работи во животот се случуваат и не можеме да се вратиме назад и да ги спречиме тие работи да се случат.

Но, она што најмалку можеме да направиме е токму ова што денеска го правиме.

Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овдека во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот бидејќи само во спортот имаме здрав дух.

А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас.

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ

Муцунски:Спортскиот центар во Ново Лисиче ќе го носи името на младиот ракометар Марко Божиновси

Од денес и официјално Спортскиот центар во Ново Лисиче имаме чест и задоволство да носи име Спортски центар – Марко Божиновски.

Марко Божиновски е едно младо момче пример за млад човек, спортист, добар другар и пријател, кој што пред шест месеци трагично почина.

Заедничка одлука на моја иницијатива, но заедничка одлука на сите советници во Советот на Општина Аеродром, и од ВМРО-ДПМНЕ, и од СДСМ, и од Левица, е овој Спортски центар да го носи токму неговото име.

Одлучивме да инвестираме во реновирање на спортската инфраструктура која што ја гледате позади вас. Дел од таа инвестиција е на општина Аеродром, но и самото семејство на Марко Божиновски, пријатели нивни, се активно вклучени во подобрување на условите кои што ќе ги има овој Спортски центар.

Во чест на Марко Божиновски, кој што треба да биде пример на сите исти млади генерации, успешен млад ракометар, добар другар и искрен, верен пријател, сакаме да функционираме и таков однос да воспоставиме спрема сите други млади луѓе во општина Аеродром, да бидат како Марко Божиновски.

И во таа смисла ќе продолжиме и следната година, ние како општина да инвестираме во спортската инфраструктура, да инвестираме во младите спортски таленти.

Тимчо Муцунски, градоначалник на општина Аеродром

Реакција на Трипуновски на прес-конференцијата на заменик-министерот Димковски

Над 50 милиони евра помалку за земјоделците за догодина, и СДСМ пак се фали дека работат за народот и земјоделците. Дали навистина мислите дека некој ви верува?

5 години по ред нема сигурен откуп ниту нормални откупни цени за земјоделските производи.

Власта не се потруди да обезбеди откуп. 5 години по ред јаболката завршуваат во Преспанско езеро, праските во депониите, пиперките на буниште, оризот скапува во амбарите, тутунот го палат или продаваат по мизерни цени.

Не гледам ниту една мерка, која владата ја планира, а е насочена кон обезбедување на сигурен откуп. Нема. И годинава што доаѓа ќе гледаме како земјоделците нема каде да си го продадат родот свој.

Со хидроакумулациите не знаат како да управуваат. Вода нема ниту за земјоделците, ниту за производство на струја. Во нови капацитети не се инвестираше 5 години.

Од пресот се гледа безидејност и незнаење. Затоа колку побргу си заминат толку подобро за Македонија, само така ќе имаме можност да ги исправиме работите.

Цветан Трипуновски, член на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

притисни ентер