Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија - Канал 5

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Високата вулканска активност на Етна предизвика нарушувања на авиосообраќајот во Сицилија, додека најактивниот вулкан во Европа продолжува да исфрла големи количества лава и пепел.

Ерупцијата на Етна ги приземји летовите на аеродромот во Катанија

Според Националниот институт за вулканологија, густи текови лава истекуваат од два отвора на надморска височина од над две илјади метри.Поради потенцијалната опасност за воздушниот сообраќај, сите слетувања на аеродромот во источна Сицилија во Катанија се прекинати до 17 часот, соопшти операторот.

Погодени се и летовите од Сицилија, поради што туристите морале да го користат аеродромот во Палермо, главниот град на островот или да патуваат со воз.

Во моментов е во сила највисокото, црвено ниво на тревога. Тоа значи дека ерупција проследена со значителен облак од вулкански пепел е неизбежна или веќе е во тек.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Европската тркачка приказна на Игор Стефановски - Иџе со новиот прототип започна одлично. 

Иџе на подиумот во Словенија: Новиот болид трет меѓу најбрзите во Европа

Македонскиот автомобилист го освои одличното трето место во генералниот пласман на трката во Илирска Бистрица, во рамките на FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

Претпоследниот викенд од Европскиот шампионат на ридски патеки донесе и прво сериозно мерење на новиот болид на европската сцена. Стефановски настапи во Категорија 2 - категоријата на болиди и прототипи, во која се натпреваруваат најбрзите машини на ридските патеки.

Иџе веднаш се соочи со најсилната европска конкуренција, во трка на која стартуваа 242 автомобилисти од цела Европа, меѓу кои и искусни имиња како Кевин и Себастиен Пети, Хосеба Ираола Ланзагорта и Петр Трнка.

Резултатот е трето место во генералниот пласман на неговото деби со новиот прототип, што е силна потврда за потенцијалот на новиот болид и тимот.

„Многу сум задоволен од постигнатиот резултат. Трето место во генералниот пласман во Словенија, во конкуренција на 242 автомобилисти од цела Европа, и тоа на моето прво деби со новиот прототип е резултат што навистина дава тежина на целата моја кариера. Покажавме дека имаме потенцијал и дека можеме да им се спротивставиме на најдобрите европски возачи во оваа категорија“, вели Стефановски.

Иџе упатува благодарност и до своите поддржувачи и до тимот кој стои зад новиот спортски предизвик.

„Би сакал да им се заблагодарам на моите поддржувачи кои и овојпат без сомнеж застанаа зад мојот нов спортски предизвик. Горд сум и на мојот тим, ова е заеднички резултат и доказ дека работата и вербата во проектот даваат резултат.“

По одличниот старт со новиот прототип, фокусот веднаш се префрла кон Бузет, Хрватска, каде ќе се вози финалната трка од FIA Европскиот шампионат на ридски патеки.

„Сега се фокусираме на Бузет. Очекуваме добар резултат и од таму да ја продолжиме оваа убава европска приказна“, најавува гордо Иџе.

Токму Бузет има посебно место во кариерата на Стефановски. Минатата сезона, на истата патека, Иџе ја возеше својата 200-та трка во кариерата, а сезоната во FIA Европскиот шампионат на ридски патеки ја заврши со одлично трето место во Група 1.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Активни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски Брод

Седум пожари се уште се активни, еден е ставен под контрола, а 16 изгаснати информираа од центарот за управување со кризи.

Активни пожарите во Ресен, Зелениково, Боговиње и Македонски Брод

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Бела Црква и подмочани во општина Ресен, каде гори борова шума и ниска вегетација, како и меѓу селата Копаница и Радуша во општина Сарај, каде е зафатена нискостеблеста шума и ниска вегетација. Активни пожари има и над селото Палиград во општина Зелениково, над селото Нежилово на месноста сватови во општина Чашка, кај селото урвич во општина Боговиње, кај селото Градец во општина Врапчиште и кај селото Драгов Дол во општина Македонски Брод.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски не смее да побара одговорност од Стоилковиќ, затоа што мисли како него

Христијан Мицкоски молчи за својот пулен во Владата, Иван Стоилковиќ, по величењето на осудениот воен злосторник Ратко Младиќ.

СДСМ: Мицкоски не смее да побара одговорност од Стоилковиќ, затоа што мисли како него

Мицкоски не смее ниту да го спомене Стоилковиќ, а камоли да побара негова одговорност.

Луѓе кои величаат осудени воени злосторници и релативизираат воени злосторства не треба и не смеат да извршуваат јавни функции.

Особено што во конкретниот случај постои и кривично дело согласно Кривичниот законик, што се однесуваат на одобрување или оправдување геноцид, злосторства против човечноста или воени злосторства.

Мицкоски мора јавно да одговори:

Дали се согласува со ставовите на својот министер Иван Стоилковиќ?

Дали Ратко Младиќ е и негов „генерал“?

Ако не се согласува, тогаш нека ги осуди ваквите ставови и нека ги разреши Стоилковиќ и Китановиќ.

Или не смее, бидејќи нема дозвола за Стоилковиќ?

СДСМ подолго време предупредува дека ваквите провокации не се изолирани инциденти. Тие се вклопуваат во поширока политика од операцијата “Талог“ на создавање тензии, поделби меѓу граѓаните и етнички провокации, која Мицкоски ја спроведува по налог на Вучиќ.

Стоилковиќ навредува пратеници во Собранието и го велича Ратко Младиќ. Паралелно, во јавниот простор Латас води кампањи исполнети со навреди, етикетирање и дехуманизација на политичките противници.

Влегува српска медиумска маншинерија преку преку Еуроњуз и Ало, на сомнителен начин и со заобиколување на законите.

Ништо не е случајно. Ова е свесна политика на Мицкоски и неговата криминална група – да ја држат Македонија далеку од ЕУ, во изолација а поблиску до авторитарни сили и источни влијанија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер