ЖивотЕрменските банки повеќе нема да прифаќаат руски банкарски картички „Мир“поради страв од санкцииЕрменските банки денеска објавија дека повеќе нема да прифаќаат руски платежни картички „Мир“ поради санкциите на Западот наметнати на Москва поради инвазијата на Украина.Таа мерка стапува на сила утре и е слична на овонеделната одлука за мобилниот систем за плаќање „Самсунг Пеј“ („Samsung Pay“). Одлуката е донесена во контекст на зголемените тензии меѓу Ерменија и Русија, чиј традиционален сојуз се чини дека се повеќе се доведува во прашање, пишуваат француските медиуми. Во септември 2022 година, американското Министерство за финансии им се закани на странските банки со секундарни санкции доколку прифатат трансакции со рускиот платен систем „Мир“. Банкарските картички „Мир“ им овозможуваат на Русите да вршат плаќања и да повлекуваат пари во некои странски земји. На крајот на февруари американското Министерство за финансии воведе санкции за тој платен систем, со оглед на тоа дека им помага на Русите да „избегнат санкции“. Сојузот на ерменските банки објави дека комерцијалните банки од утре ќе престанат да прифаќаат „Мир“ картички поради ризик од секундарни санкции. Исклучок ќе бидат картичките издадени од ерменската филијала на руската банка ВТБ, која е контролирана од руската држава. По воведувањето на драстични западни санкции на почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, ерменските банки имаа голем прилив на пари од Русија, а како резултат на тоа нивниот профит се зголеми за три пати. Илјадници Руси, исто така, најдоа засолниште во кавкаската земја за да ја избегнат репресијата и изгледите за мобилизација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаСе гаси КК „Монако“по 12 години голем успех!„АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања.Европската кошарка е потресена од шокантна вест: „АС Монако Баскет“ официјално објави дека повеќе не е во состојба да ги исполнува своите финансиски обврски и целосно ги запира сите активности и натпреварувања. Во официјалното соопштение упатено до јавноста и навивачите, клубот потврди дека се наоѓа во состојба на целосна несолвентност, изразувајќи надеж дека во иднина можеби ќе успее повторно да го активира проектот преку реструктурирање. „И покрај сите вложени напори, ’АС Монако Баскет’ се најде во состојба на несолвентност“, се вели во соопштението на тимот, кој се надева дека „Рока Тим“ (Roca Team) еден ден повторно ќе заигра во арената „Гастон Медесин“. Овој пресврт – барем засега – стави крај на проект што постигна историски резултати во француската и европската кошарка во текот на изминатите 12 години. Во тој период, „Принцовите“ освоија три титули во француското првенство, четири трофеи во „Лидерс купот“, два Купа на Франција и еден Суперкуп. Нивниот најголем европски успех дојде во 2021 година, кога го освоија Еврокупот, обезбедувајќи ја првата европска клупска титула во историјата на Кнежевството. Потоа, Монако двапати се пласираше на завршниот турнир (Фајнал-фор) во Евролигата, а пред само година и пол играше и во големото финале на елитното европско натпреварување. Предавање на палката и премин на аматерско ниво Раководството на клубот им се заблагодари на навивачите за поддршката низ годините, нагласувајќи дека заедницата што ја изградиле е нивното најголемо богатство – она што нема да исчезне.Тагови: Евролигата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПетрова-Чамова: Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот за Коридорот 8Коридорот 8 треба да се гледа како единствен стратешки проект за поврзување, а не како збир од одделни инфраструктурни сегменти. Ова го изјави бугарската министерката за надворешни работи Велислава Петрова пред меѓународниот форум за Коридорот 8 во Софија каде присутвува и македонска делегација.според неа, -Бугарија има јасна политичка волја да ја забрза работата на проектот, кој е од клучно значење како за поврзувањето со Западен Балкан, така и за европското поврзување, пренесе БГНЕС. Бугарскиот министерот за транспорт Георги Пеев утринава изјави дека Бугарија и Македонија веќе презеле конкретни чекори за забрзување на изградбата на Коридорот VIII. Тој нагласи дека проектот има не само транспортно, туку и стратешко значење за безбедноста на регионот. Пренесува БГНЕС. Тој додаде дека со оглед на конфликтите и војните во близина на регионот, изградбата на транспортни коридори добива уште поголемо значење.во врска со чекорите за изградба на Коридорот 8, рече:„веќе дека постои заеднички комитет со македонската страна, кој одржал два состанока - еден во Софија и еден во Скопјe. Таму изготвивме конкретен план. Сите проекти се одвиваат со забрзано темпо.“„најтежок е заедничкиот тунелски објект меѓу Бугарија и Македонија. Таму, бугарија ќе биде водечка земја, таа ќе ги додели процедурите. Ова е најголемиот предизвик бидејќи станува збор за тунелски објект кој бара соодветни напори“, објасни тој.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пилешко во пестоВо четврток (01.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Виктор Димитриевски.Состојки за денешниот рецепт: 3 парчиња пилешки стек 100 гр. фета сирење 1 домат 1 тегличе песто сол и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенеска билатерална средба Муцунски – Петрова Чамова во Софија 08:35Утрешната средба Муцунски – Петрова Чамова потврдена од бугарското МНР 15:00ЈО: Виш јавен обвинител осомничен за примање награда за противзаконито влијание10:40Сончево и релативно топло време08:22ЕК предлага квалификувано мнозинство, наместо едногласност за време на преговорите по кластери17:59