Ерик Клептон го прекина концертот во Мадрид, откако од публиката кон него фрлија предмет (ВИДЕО) - Канал 5

Ерик Клептон го прекина концертот во Мадрид, откако од публиката кон него фрлија предмет (ВИДЕО)

Британскиот музичар Ерик Клептон прекина концерт во Мадрид откако предмет фрлен од публиката го погодил за време на неговиот настап.

Ерик Клептон го прекина концертот во Мадрид, откако од публиката кон него фрлија предмет (ВИДЕО)

Инцидентот се случил на 7 мај во арената „Мовистар“, кон крајот на концертот, веднаш по изведбата на хитот „Кокаин“, објавува „Индипендент“.

Според очевидци, непознато лице фрлило винил плоча кон сцената, која го погодила 81-годишниот музичар во градите.

Клептон не бил повреден, но изгледал потресен, по што ја напуштил сцената и не се вратил за планираниот бис, за време на кој требало да изведе преработка на песната „Before You Accuse Me“ од Бо Дидли.

Официјалната веб-страница на уметникот објави дека музичарот е добро, со апел до публиката да не фрла предмети на сцената, бидејќи тоа би можело да ги загрози изведувачите, членовите на екипата и посетителите.

„Ерик е добро. И ние сме фанови и разбираме дека сите се возбудени што се на концертот, но ве молиме не фрлајте ништо на сцената. Може сериозно да повредите некого од бендот, екипата, персоналот на местото на одржување или дури и друг посетител на концертот“, се вели во соопштението.

YouTube video

Турнејата на Ерик Клептон продолжи неколку дена подоцна со концерт во Барселона, без инциденти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожар во породилиште во Исламабад: Изгореле 15 бебиња (ВИДЕО)

Најмалку 15 бебиња загинаа во пожар што избувна во болница во Исламабад, објави денес локалната телевизија „Geo TV“.

Пожар во породилиште во Исламабад: Изгореле 15 бебиња (ВИДЕО)

Пожарот избувна во болницата на Пакистанскиот институт за медицински науки (PIMS), а според телевизијата, тој бил предизвикан од дефект во системите за климатизација, објави Ројтерс.

Во времето на пожарот имало 16 новороденчиња во гинеколошкиот оддел, од кои едно било спасено.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Мицкоски се обидува да објасни дека токму нему лично не му оди во процесот на преговори со ЕУ - бидејќи, како што самиот рече, тој „разговара“, а не  „преговара“, што не е ни чудо што не му оди.

СДСМ: Стратешкото партнерство со САД оди заедно со членството во ЕУ

Второ, по сите лажни ветувања, овој тендер-патриот, лидер на промакедонска партија (бидејќи не може да биде лидер на македонска партија каде со бугарско државјанство се речиси цело раководство), шеф на организираната криминална група, сега не може да им каже на своите гласачи дека сè било лага.

Не може да им каже дека нема подобри услови, дека нема гаранции, дека нема „половични"- членства со Вучиќ, дека нема ништо од тоа.

Не може да им го каже тоа, но веќе и не мора - денес тоа им е јасно на сите.

Сега се обидува да протурка нова теза.

Нема ЕУ – вели Мицкоски, премногу им дадовме, а не добивме ништо.

Воопшто не спомнува дека не ги завршил реформите што ги вети уште во јуни, со пролонгирањето од една година што го доби минатата година.

Што вели Мицкоски?

Вели дека би бил пресреќен за воведување уште построги визи за македонските граѓани - затоа што не очекува укинување на сегашните, каде што сме на листата на трети земји… туку вели дека ќе има уште поцврсти врски и соработка.

Но што сака всушност да објасни? Дека ѝ врти грб на ЕУ, ја оддалечува земјата и го блокира европскиот пат.

Мицкоски сака да каже дека Македонија, наместо во ЕУ, треба да биде во релација само со САД, нашиот најважен стратешки партнер.

Некој треба да му објасни на Мицкоски дека оваа приказна за спинување на блокирањето на ЕУ-патот и целосна изолација на земјата не поминува со оваа теза.

Членството во ЕУ и стратешкото партнерство со Америка меѓусебно не се условуваат, напротив, се надополнуваат и создаваат синергија во интерес на Македонија, регионот и пошироката европска безбедност.

Стратешките партнерства се компатибилни. Ако го напушташ европскиот пат тоа значи и напуштање и стратешкото партнерство со САД.

На Македонија ѝ е местото во ЕУ, со стратешко партнерство со Соединетите Американски Држави и така треба да остане.

На сите денес им е јасно дека стравот од независното европско обвинителство кај Мицкоски е голем колку Америка.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Пожари беснеат во регионот. 

 Пожари во близина на Атина, наредена е евакуација на неколку населби

Властите за цивилна заштита на Грција наредиле евакуација на пет населби во близина на Атина поради големи пожари што беснеат југоисточно од главниот град и во близина на најголемата поморска база во земјата на островот Саламина, пишува грчки „Катимерини“. Освен на овие пожари, пожарникарите интервенирале и на повеќе огнени стихии северозападно од градот и во северна Грција. Поради сушата, ризикот од пожари останува висок во поголемиот дел од Грција, според грчката агенција за цивилна заштита. Земјата, кон крајот на летото, се соочува со топлотен бран со температури до 40 целзиусови степени, а се предвидува дека тој ќе трае до почетокот на следната недела. Активни пожари има и во 5 општини во Црна Гора. Како што соопшти црногорското министерство за внатрешни работи пожари беснеат во Херцег Нови, Даниловград, Колашин, Цетиње и Никшиќ. Во некој области побарана била помош и од воздухоплови за гасење на пожарите.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер