3Бојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните?
БалканЕрдоган за „Катимерини“: Пријателе Кирјакос, не ви се закануваме, ако не ни се заканитеМе прашавте што би му рекол на господинот Мицотакис. Ќе му кажам: Кирјакос пријателе, не ви се закануваме, ако не ни се заканите.Ме прашавте што би му рекол на господинот Мицотакис. Ќе му кажам: Кирјакос пријателе, не ви се закануваме, ако не ни се заканите. Ајде да ја зајакнеме довербата меѓу нашите две земји, да ја зголемиме билатералната соработка во секој сектор, да покажеме заемна грижа за историскиот и културниот имот на нашите земји, без разлика дали се работи за прашањата во Егејското Море, или заедничката борба против нелегалната миграција или континуираните проблеми на турското малцинство во Грција, порачува турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во интервјуто за грчкиот весник „Катимерини“, јави дописничката на МИА од Атина. На ден пред посетата на Атина и одржувањето на Високиот совет за соработка меѓу двете земји Ердоган истакнува дека не постои проблем што не можеме да се реши преку дијалог, врз основа на заемна добра волја и најавува потпишување на Декларацијата за пријателски односи и добрососедство. Турскиот претседател истакнува дека со Грција се соседи и секогаш ќе останат соседи, вели дека делат иста географија, исто море, дишат ист воздух, поврзани се со нивното минато, но и дека постојат многу прашања за кои сè уште не успеале да ги решат, а од двете страни зависи дали ќе дозволат овие проблеми да предизвикаат тензии и раздор. Говори за „нова страница“ во билатералните односи и принципот „вин-вин“, за кој вели дека „веќе е во сржта на турскиот пристап кон меѓународните односи и дипломатијата“ а „ако разликите се решаваат преку дијалог и се најде заеднички јазик, тоа е во корист на сите“. -Неодамна, во рамките на оваа перцепција добивме добар импулс во обликувањето на нашите односи со Грција. Ги оживеавме билатералните механизми кои долго време беа во мирување. Нашите канали за дијалог се отворени и работат на сите нивоа. Чести се меѓусебните посети. Имаме волја, врз основа на заемна доверба, да ја развиеме нашата соработка во многу области важни за нашите земји и регионот. Сега двете страни имаат одговорност да ја воспостават, да ја институционализираат и да ја промовираат ова перцепција. Мислам дека и господинот Мицотакис ја има истата волја. Декларацијата за пријателски односи и добрососедство, која се надеваме дека ќе ја потпишеме во Атина на 7 декември, исто така јасно ќе ја регистрира оваа заедничка намера, вели Ердоган. За изјавата од минатото упатена до Грција дека „една вечер може ненадејно да дојдат“, турскиот претседател објаснува дека од нив треба да се плашат само оние кои им се закануваат, а конкретната порака се однесувала до „терористичките елементи кои ја загрозуваат безбедноста на нашата земја и го направивме тоа што требаше да го направиме“. Во однос на мигрантското прашање објаснува дека е важно ЕУ да ја поддржи Турција и неопходно е да се преземат заеднички мерки кои обезбедуваат еднаква поделба на товарот и одговорностите, нешто што според Ердоган, не треба да се ограничи само на соработката меѓу Турција и Грција. На прашањето за одлуката Света Софија да се претвори во џамија, Ердоган објаснува дека Света Софија е во сопственост на фондацијата Фатих Султан Мехмет, а „со соодветна одлука на Државниот совет се користи за намената за која е посветена“ и истакнува дека нема ниту материјално ниту духовно да бидат оштетени иконографијата и другите уметнички елементи, кои ќе бидат заштитени. Во интервјуто за „Катимерини“, Ердоган говори и за позицијата на Турција во однос на Газа и истакнува дека отсекогаш биле гласот на правичноста, правдата и совесноста во меѓународните односи и нивната главна цел е да бидат на вистинската страна на историјата. - Реакцијата на Турција на неправдата и нехуманиот третман што ги трпи палестинскиот народ, како и фактот дека не избегнуваме да го критикуваме Израел за неговите постапки, кои јасно го кршат меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и човековите права, се природно барање на оваа цел. Имајќи предвид дека многу западни земји денес заземаат сè повеќе слични позиции, исполнувањето на таквата морална обврска од страна на Турција за прашањето за Палестина не може да доведе во прашање дали таа му „припаѓа на Западот“ или не. Наместо да дебатираме за ориентацијата и позицијата на Турција, она што треба да се разгледа е фактот дека одредени западни земји понекогаш можеби ги игнорираат вредностите што силно ги бранат. Молкот за бруталноста во Газа е најживописниот пример за тоа, вели Ердоган. Дополнително, се запрашува „дали бомбардирањето на болниците, нападите на училиштата, бегалските кампови, пазарите и убивањето цивили се компатибилни со западните вредности?“. Турскиот претседател утре ќе биде во Атина за да учествува на Високиот совет за соработка меѓу Грција и Турција, а предвидено е да биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, потоа ќе следи средба со премиерот на Грција и изјава за медиумите, по што ќе се одржи и состанокот во форма на работен ручек, во присуство на Мицотакис и Ердоган и со учество на министри од двете земји. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаФЗО: Над 2,35 милијарди денари исплатени за четири месеци Октомври со највисока исплата за породилни надоместоци.Над 621 милион денари исплатени во октомври, од кои рекордни 467 милиони денари за породилни надоместоци во последните четири месеци. Зад овие бројки стои континуитет во реализацијата на правата на осигурениците и јасна определба навремената исплата да стане стандард, а не исклучок. Фондот за здравствено осигурување го заокружи октомври 2026 година со исплатени 621.383.663 денари за надоместоци на плата по основ на привремена спреченост за работа и породилно отсуство. Од вкупниот износ, 467.074.428 денари се исплатени за породилни надоместоци, што претставува највисока месечна исплата за оваа намена во периодот јули–октомври 2026 година. За останатите надоместоци по основ на боледување се исплатени 154.309.235 денари. Но, вистинската слика за работењето на Фондот не ја дава само еден месец. Во периодот од јули до октомври, Фондот исплати вкупно над 2,35 милијарди денари за боледувања и породилни отсуства, од кои над 1,66 милијарди денари се однесуваат на породилни надоместоци. Овие податоци ја отсликуваат финансиската димензија на една од најважните обврски на Фондот – обезбедување континуитет во остварувањето на законските права на осигурениците. Особено значајно е што октомвриската исплата за породилни надоместоци бележи раст од над 25 проценти во однос на септември, потврдувајќи го засилениот обем на реализирани исплати за оваа категорија осигуреници. За Фондот, успехот не се мери само со висината на исплатените средства, туку и со сигурноста што ја носи нивната навремена исплата. Зад секој исплатен надоместок стои конкретно право, а зад секое право – човек, родител или семејство за кое финансиската предвидливост има особено значење. Токму затоа, определбата на раководството, предводено од генералниот директор м-р Златко Перински, е редовноста на исплатите да се воспостави како траен принцип на работење, со одговорно управување со средствата и непречено исполнување на останатите обврски на Фондот. Средствата на здравственото осигурување им припаѓаат на осигурениците. Обврска на Фондот е тие да се користат законито, одговорно и навремено, во функција на остварување на нивните права. Фондот и во наредниот период ќе продолжи да работи на подобрување на организацијата, ефикасноста на обработката на барањата и одржувањето стабилна динамика на исплатите. Нашата цел е едноставна: осигурениците да не ја доживуваат навремената исплата како посебна вест, туку како сигурност на која можат да сметаат. ФЗОТагови: ФЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаМицкоски: Иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенцијаПремиерот Христијан Мицкоски вели дека иднината на светот е во дата-центрите и вештачката интелигенција, а Македонија мора да биде дел од таа иднина, а не да остане на маргините на технолошкиот развој.-Како инженер и професор, чувствувам одговорност да ги искористам сите можности за привлекување нови инвестиции, развој на современи индустрии и создавање перспективи за нашите граѓани. Нашата цел е Македонија да биде меѓу земјите што ќе го предводат овој процес, а не оние што ќе го следат.- вели Мицкоски. Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУапсен Давор Мацура: Полицијата повеќе од 30 часа ја пребарувала банката11:39Вториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45
МакедонијаБојаџиева Марковска: Водно не е градежна парцела, а Центар не е партиска каса на СДС, Герасимовски каде е грижата за граѓаните? Денеска сме на Водњанска, во дел од Центар каде сè поочигледно се гледаат последиците од урбанистичката негрижа и неконтролираната градежна експанзија. Водно се претвора во бетонска населба, згради никнуваат една до друга, а зеленилото, просторот за деца и условите за нормален живот стануваат сè помалку достапни. Герасимовски треба да одговори: дали воопшто се прошетал во овој дел од општината за да види што им се случува на граѓаните? Дали разговарал со родителите кои се соочуваат со недостиг од места во градинките и училиштето „Кочо Рацин“? Или Водно и целата Општина Центар се гледа само низ призма на градежни парцели, урбанистички планови и партиски приходи? Не може да се дозволува урбанистичка експлоатација на Водно, а притоа да не се ветуваат градинки и подобри услови за живот. Каде се конкретните проекти, роковите и решенијата? Граѓаните не живеат од прес-конференции и празни ветувања. И ова не е проблем само на Водно истите прашања се и низ цел Центар. Наместо општина што ги штити јавниот простор, животната средина , зеленилото и интересите на жителите, приоритет се градежните интереси и полнењето на партиската каса. Општината не е златна кокошка на СДС, ниту јавниот простор е ресурс за политичко и финансиско профитирање! Герасимовски мора да разбере дека неговата функција не е да биде промотор на градежната експанзија, туку градоначалник кој го штити јавниот интерес. Центар не смее да се претвори во бетонска општина во која ќе има станови, но нема да има доволно училишта, градинки и простор за живот. Водно не смее да биде жртва на урбанистичките интереси, а Центар не смее да биде заложник на партиските и градежните калкулации. Граѓаните заслужуваат општина за живот, а не општина за профит! Стефанија Бојаџиева Марковска, член на ОК Центар на ВМРО–ДПМНЕТагови: Бојаџиева Марковска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook