Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам - Канал 5

Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам

Претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, во рамки на мини балканската турнеја, в четврток ќе престојува во Албанија, каде што свечено ќе ја отвори големата џамија во центарот на Тирана.

Ердоган в четврток ќе ја отвори големата џамија во Тирана, со неа ќе раководи турски имам

Како што јавија албанските медиуми, покрај средбата со албанскиот премир Еди Рама, Ердоган ќе ја отвори џамијата „Намазѓа“, за чија изградба најголем придонес има токму неговата земја.

Турскиот претседател присуствуваше и на церемонијата на започнувањето на изградбата во 2015 година, нарекувајќи ја „единствениот симбол на братството меѓу нашите две нации“.

Овој верски објект веќе подолго време е завршен, но турската Влада до сега не прифаќаше да ја предаде поради „конфликтите“ на турските владини претставници со претставниците на Муслиманската верска заедница во Албанија, обвинувајќи дека дел од имамите и раководството се поврзани со организацијата „Фето“.

Министерството за верски прашања во Турција за имам на џамијата го назначи Енес Бастур.

„Со инструкции на нашата Управа за верски прашања, бев распореден во големото светилиште на централната џамија Намазѓа во Тирана“, објави Бастур на социјалните мрежи.

Џамијата архитектонски е слична на оние во Истанбул, ќе може да прими повеќе од 5.000 луѓе во исто време. Во објектот има библиотека, културен центар и конференциска сала. Освен што на ова место ќе може да се изучува Куранот, ќе може да се учи и турскиот јазик. За нејзината изградба Турција инвестирала околу 30 милиони долари и се смета за најголема џамија на Балканот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Во среда (28.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Мартин Јорданоски.

„Гответе со Дракче“ - Саганаки

Состојки за денешниот рецепт:

1 пакување ракчиња

1 козерва доматни пелати

1 домат

1 мало пакување фета сирење

1 лажиче сенф

1 главица кромид

2 - 3 чешниња лук

маслиново масло

сол, бибер и нане

2 потпечени лепчиња

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни.

Карни: Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј

Канада нема да им дозволи на натпреварувачи од Русија или Белорусија да учествуваат на Светското јуниорско првенство во хокеј на мраз, кое треба да започне следниот месец во покраината Алберта, изјави во вторникот премиерот Марк Карни пред новинарите.

Канада, клучен меѓународен сојузник на Украина во војната против Русија, веќе ја осуди одлуката на Спортскиот арбитражен суд од минатата недела, со која им се дозволува на Русите да се натпреваруваат на настани организирани од Меѓународната федерација за хокеј на мраз.

Предвидено е Светското јуниорско првенство да се одржи во периодот од крајот на декември до почетокот на јануари.

„Сè додека Русија и Белорусија ја поддржуваат оваа незаконска, неоправдана и ужасна војна во Украина, и сè додека таа трае, ниту еден од тие спортисти нема да се натпреварува за својата земја во Канада“, изјави канадскиот премиер. „Значи, ако прашувате конкретно за Светското јуниорско првенство – Русите нема да бидат таму“, рече тој на телевизиска прес-конференција одржана по завршувањето на самитот во Антигва.

Претходно во вторникот, националните федерации за хокеј на мраз на Норвешка, Данска, Шведска и Чешка изјавија дека ќе одбијат да играат против Русија на Светското првенство во хокеј на мраз за мажи, кое следната година ќе се одржи во Германија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос!

 Евролигата покрена дисциплинска постапка против Димитрис Јанакопулос, сопственикот на Панатинаикос, откако тој на социјалните мрежи сподели содржина директно насочена кон Олимпијакос и неговиот тренер Јоргос Барцокас.

Нов хаос во Грција: Евролигата покрена постапка против газдата на Пана, Јанакопулос!

Судирот меѓу двата најголеми грчки кошаркарски ривали со тоа доби нова димензија, а контроверзниот прв човек на атинските „зелени“ повторно се најде во центарот на вниманието.

Јанакопулос на своите профили сподели објави и пораки што претходно беа истакнати од навивачите на Панатинаикос за време на натпреварот од Евролигата против Басконија.

Нивната содржина се однесуваше на тековната истрага во Грција за сомнежи околу регуларноста на одредени кошаркарски натпревари, при што се алудираше дека Олимпијакос и неговиот тренер би можеле да бидат вмешани во целата афера.

Во пораките се спомнуваа наводно местење на натпревари и „валкани пари“, што дополнително ја вжешти и онака напнатата атмосфера меѓу двата табора. Панатинаикос не остана без одговор на потегот на Евролигата, туку реагираше со официјално соопштение во кое го насочи вниманието кон ставовите на својот најголем ривал за случувањата во грчката кошарка.

Атинскиот клуб потсети дека Олимпијакос своевремено го оценил изборот на Вангелис Лиолис за претседател на Грчката кошаркарска федерација како „одличен“, притоа забележувајќи дека клубот од Пиреја јавно не реагирал на она што Панатинаикос го нарекува најголем скандал во историјата на грчката кошарка. Останува да се види каква одлука ќе донесат дисциплинските органи на Евролигата и дали Јанакопулос ќе се соочи со последици поради своите објави.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер