3Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“
Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
1Кристијан Бајовски постави Гинисов рекорд со 1.257 склекови за еден час: „Не е само бројката – тука се сите жртви, тренинзи и сомнежи“
БалканЕрдоган отвори џамија во Сисак: Храватска е светски пример за правата на муслиманите „Хрватска е пример за земјите во светот во однос на слободата и правата на муслиманите“, рече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за време на отворањето на Исламскиот центар во Сисак, кој го носи неговото име.На отворањето на новата џамија во Сисак, Ердоган рече дека за време на неговата последна посета на Хрватска пред шест години, до Европа и светот била испратена „порака против дискриминација, толеранција, исламофобија и ксенофобија“. Турскиот претседател рече дека вакви пораки „за пријателство, братство, мир и соживот“ се испраќаат и денеска. „Не е случајно затоа што Хрватска е пример за земја во Европа и светот во однос на слободата, благосостојбата, почитувањето и правата на муслиманите. Оваа слобода не важи само за нашите браќа муслимани, туку и за другите религии и култури во Хрватска“, рече турскиот лидер. Тој нагласи дека новата џамија е симбол на „примерната позиција и мултикултурализмот на Хрватска“. Пред повеќе од илјада насобрани верници и оние кои сакаа да го видат Ердоган пред новиот Исламски центар, кој го носи неговото име и е изграден со турски средства, тој рече дека Анкара никогаш не ги заборавила своите „браќа и пријатели со кои дели заедничка историја, човечки и културни врски“ во регионот. „Во нашите срца никогаш не сме го одвоиле Сисак од Амасија, Петриња од Бурса, Загреб од Анкара, Сараево од Истанбул и Мостар од Ризе“, рече тој, спомнувајќи го поделениот херцеговски град заедно со оној во источна Турција од каде потекнуваат неговите родители. Тој ѝ се заблагодари на Хрватска за помошта во борбата против разорните шумски пожари во Турција и изрази сочувство до семејствата на загинатите во земјотресите што ја погодија Банија, по што Анкара испрати дарежлива помош. Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека во Сисак е отворен „споменик на културата, модерноста, исламската заедница и модерната Хрватска“, демократска земја отворена за „сите луѓе со добра волја, од сите вери и здрави погледи на светот“. Милановиќ зборувал за загинатите бошњачки бранители кои „застанаа во одбрана на Хрватска заедно со нивните браќа Хрвати“. „Ако сега гледаат во нас, а верувам дека гледаат, овој Исламски центар е споменик на нивната храброст, патриотизам, верба во подобро утре и татковина“, додаде тој. Турскиот и хрватскиот претседател пред Исламскиот центар биле пречекани од голем број луѓе кои со автобуси пристигнале од Хрватска и Босна и Херцеговина. На свеченоста присуствувале голем број хрватски министри и други лица од политичкиот живот. Таму биле и верски и политички претставници од земјите од Заливот и од други европски земји. Муфтијата на Мешихатот на Исламската заедница во Хрватска, Азиз Хасановиќ, на свеченоста рече дека со отворањето на Исламскиот културен центар, градот Сисак доби уникатен верски објект и „се потврдува на светската културна и верска мапа како мултикултурен и верски центар каде сите граѓани живеат во хармонија и заедништво“. По неколку минути благодарност до сите кои придонесоа за изградбата на џамијата, Хасановиќ заврши со благодарност до Ердоган, „чие име од денес ќе биде врежано во темелите на нашата заедница“. „Сисак е нашиот град во кој ги оставивме не само најдобрите години од нашите животи, туку во него ги вткавме и нашите квалитети и вредности“, додаде главниот имам на Сисак, Алем Црнкиќ. „Со отворањето на џамијата на Исламскиот центар, на нашиот град му даваме нова визија, архитектонско здание кое ја одржува бодроста и позитивниот дух на овој град со раскошот на куполата“, рече имамот на Сисак, нагласувајќи дека новата комплексот претставува „заедничко добро и пријателска дестинација“ за сите жители на Сисак.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСДСМ: Цените на дизелот пораснаа на 104,5 денари, Мицкоски не ги прифати мерките - народот плаќаДизелот поскапе на 104,5 денари за литар. Нов удар врз семејните буџети, земјоделците, превозниците и целата економија.СДСМ навреме предложи конкретни мерки за намалување на цените на горивата и заштита на граѓаните. Укинување на акцизата, ДДВ намалѕвање на 5%, минимална плата од 600 евра. Арамијата Мицкоски ги одби. Последиците од неговите арамиски политики ги плаќаат граѓаните. Секое полнење резервоар е нов трошок за граѓаните. Поскапиот дизел значи поскап транспорт, поскапо земјоделско производство и нов бран поскапувања на храната и на сите основни производи. Има 5,5 милиони евра за DJ за една вечер, а нема пари за мерки за заштита на граѓаните. Има 200 милиони евра за криминални тендери а нема пари за земјоделците. Има пари за 50 члена делгација на Мицкоски и авион, нема за миниамална плата. Тоа е арамиска власт. Додека граѓаните преживуваат со плати што не стигнуваат ни за основните потреби, а потрошувачката кошничка достигна 90.000 денари, Владата профитира од секое ново поскапување. Ова е свесна одлука на организираната криминална група, да се богати а товарот од кризата да им го префрли на граѓаните. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваатМалопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит.Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,19% во однос на одлуката од 14.9.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 0,960%, кај дизелот за 6,772%, кај екстра лесното масло зголемувањето е за 5,960% и кај мазутот исто така има зголемување за 4,084%. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,753%. Во Одлуката на РКЕ е применет намален износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и е продолжен намалениот износ на акцизата од 4,00 ден/лит кај ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V). Во исто време е применет и намалениот износ на ДДВ за нафтениот дериват ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) во износ од 10% Од 22.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 95 99,00 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС - 98 101,00 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 104,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 114,50 (денари/литар) Мазут М-1 НС 50,078 (денари/килограм) Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 1,50 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 5,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,835 ден/кг и сега ќе изнесува 50,078 ден/кг. Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 22.9.2026 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.Тагови: РКЕ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРКЕ: Цената на дизелот се зголемува за 5,50 денари по литар, бензините поевтинуваат16:29Од полноќ нови цени на горивата15:05Мицкоски: Разговарав со државниот секретар на САД, Марко Рубио.08:31Црн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаЛишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“Лишени од слобода 10 возачи, а со двајца е извршен службен разговор за „безобѕирно управување возило“, еден возел под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а останатите без возачка дозвола.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, седуммина управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.М.(19), Ѓ.Ј.(22), С.У.(36) и К.П.Т.(45), сите од Велес, 17-годишник од с.Морани, скопско, 16-годишник од Скопје и 15-годишник од с.Присојница, општина Маврово и Ростуше, кој предизивикал и сообраќајна незгода. Исто така, со двајца малолетници од Велес, во присуство на родител е извршен службен разговор, затоа што управувале мопеди без возачка дозвола. Двајца управувале возило со активна забрана за управување моторно возило и тоа: П.Р.(61) од с.Јакимово, виничко и Д.А.(33) од Скопје. Додека пак, под дејство на алкохол возел П.Л.(70) од Кавадарци. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter