СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
2СДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општина
БалканЕрдоган денеска во посета на Атина за Високиот совет за соработка меѓу Грција и ТурцијаТурскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе биде во Атина за да присуствува на петтиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција.Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе биде во Атина за да присуствува на петтиот Висок совет за соработка меѓу Грција и Турција, а воедно ќе биде примен од грчката претседателка Катерина Сакеларопулу и ќе се сретне со премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина. Одржувањето на Високиот совет го договорија Мицотакис и Ердоган на нивните средби веднаш по изборите во двете земји, кога се согласија дека е потребно да се задржат отворени каналите на комуникација меѓу двете земји и да се обнови дијалогот. Според изјавите од официјална Анкара и официјална Атина и двете страни на денешниот состанок доаѓаат со добра волја и позитивна клима, а неофицијално се очекува да бидат потпишани и меморандуми за соработка во неколку области. Во вчерашното интервју за весникот „Катимерини“, турскиот претседател најави потпишување на Декларација за пријателски односи и добрососедство и истакна дека не постои проблем што не можеме да се реши преку дијалог и врз основа на заемна добра волја. - Ме прашавте што би му рекол на господинот Мицотакис. Ќе му го кажам следното: Кирјакос пријателе, не ви се закануваме, ако не ни се заканите. Ајде да ја зајакнеме довербата меѓу нашите две земји, да ја зголемиме билатералната соработка во секој сектор, да покажеме заемна грижа за историскиот и културниот имот на нашите земји, без разлика дали се работи за прашањата во Егејското Море, или заедничката борба против нелегалната миграција или континуираните проблеми на турското малцинство во Грција, истакна Ердоган. Говореше за „нова страница“ во билатералните односи и принципот „вин-вин“, за кој вели дека „веќе е во сржта на турскиот пристап кон меѓународните односи и дипломатијата“ а „ако разликите се решаваат преку дијалог и се најде заеднички јазик, тоа е во корист на сите“. Портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на редовниот брифинг со новинарите во понеделникот рече дека средбата Мицотакис-Ердоган, како и одржувањето на Високиот совет за соработка е уште еден важен чекор во напорите на двете страни да ја консолидираат климата на дијалог. Посочи дека со Турција имаат една разлика што треба да ја решат, а тоа е одредување на Ексклузивната економска зона и континенталниот гребен, но додаде дека постојат и други важни прашања за кои се разговара во оваа фаза од дијалогот. Турскиот претседател утрово ќе пристигне во Атина, во Претседателската палата ќе се сретне со Сакеларопулу, од каде што ќе замине во Премиерската палата на средба со премиерот на Грција, по што ќе се одржи и состанокот во форма на работен ручек, во присуство на Мицотакис и Ердоган и со учество на министри од двете земји. Паралелно Атина денеска ќе биде под драконски безбедносни мерки поради посетата на Ердоган, ќе бидат ангажирани најмалку 3.000 полицајци, а во централниот дел на грчката метропола, со одлуката на полицијата постои забрана за било какви собири и протести. Турскиот претседател последен пат во Атина беше пред точно шест години, односно на ист датум, на 7 декември 2017 година, кога оствари официјална дводневна посета на Грција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
СветДеветмина загинати во пад на приватен авион во Флорида (ВИДЕО)Девет лица загинаа во пад на приватен авион во округот Палм Бич, Флорида. Авионот „Лирџет 60“ летал од Остин, Тексас, кон Бахамите. Се урнал на прометна сообраќајница, при што се создал длабок кратер и избувнал голем пожар.Непосредно пред несреќата, пилотот пријавил насобирање мраз на авионот. Потоа упатил повик за помош, предупредувајќи дека леталото брзо ја губи висината. Според податоците од следењето на летот, авионот изгубил 27 илјади стапки за една минута. Во областа имало и бури, но не е познато дали тие придонеле за несреќата. Околу 600 жители од блиската населба биле евакуирани поради оштетувањата. Несреќата ја истражуваат американските воздухопловни власти. Тагови: флорида Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Специјалитет со свинско филеВо понеделник (26.10.2026) во емисијата гостин ни бeше Цаки - КисмиСостојки за денешниот рецепт: 1500 гр. свинско филе 1 кг. свежи печурки буковки 200 гр. путер 100 гр. сенф 150 гр. мед 500 мл. кисела павлака сол, бибер лук во прав италијанска (тајланска) мешавина Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВториот круг од вонредните локални избори во Општина Брвеница помина без инциденти10:38Мицкоски: Сите жители на Брвеница ќе ја имаат поддршката од Владата09:00Во Брвеница победи кандидатот на ДУИ Јахиј, ВМРО-ДПМНЕ ја честиташе победата21:00ДИК: Излезност до 18-30 часот на изборите во Брвеница, гласале 52,90 проценти од гласачите19:45Втор круг од предвремените избори за градоначалник во Брвеница18:22
МакедонијаСДСМ: Мицкоски бара алиби за избори преку Брвеница, вистината за Алта банка не може да се покрие со општинаМицкоски се обидува да си обезбеди алиби за предвремени избори.Наводната кавга со ВЛЕН поради губењето во Брвеница е само димна завеса. Oпштина не може да биде покритие за голем проблем како Алта банка. Сè почна да се одмотува. Вистината излегува на површина. Мицкоски бара спас во предвремени избори во надеж дека ќе може да избегне одговорност за криминалот, корупцијата, трансферот на дрога преку граница и учеството во криминалната организација заедно со Вучиќ. Она што Алта банка го докажа е дека беше пералница за пари на мафијашкиот синдикат СНС-ВМРО-OКГ. Немањето пари во буџетот е доказ за хаосот во кој сега се наоѓа оваа банда на власт. Парите веќе не стигнуваат ни за пензии. Овој мафијашко кршење на Алта банка ќе доведе до рушење на финансискиот систем. Она што му останува на Мицкоски, без да признае, се вонредни избори и теми што ќе бидат националистички и популистички. Поделба на народот. Сеење меѓунационална омраза. Сè е спремно. Латас веќе тргна во кампања. Остатоците од БИА што ќе помагаат да се остварат плановите од руската агенда. Сателитите како Левица и ЗНАМ 2.0, предводени од екипата што ја рушеше СДСМ, чекаат знак од Мицкоски и ќе се претстават во ново одело. Одело на опозиција на далечинско. Граѓаните гледаат. Касата се празни. Бандата се тресе. Алибито со Брвеница не држи. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter