ЕПП: Системските недостатоци на изборите и корупцијата го загрозуваат патот на Албанија кон ЕУ - Канал 5

ЕПП: Системските недостатоци на изборите и корупцијата го загрозуваат патот на Албанија кон ЕУ

Европската народна партија (ЕПП) до Европскиот парламент поднесе 26 амандмани на извештајот за Албанија за 2025 година.

ЕПП: Системските недостатоци на изборите и корупцијата го загрозуваат патот на Албанија кон ЕУ

Европската народна партија (ЕПП) до Европскиот парламент поднесе 26 амандмани на извештајот за Албанија за 2025 година, во кои силно се истакнуваат системските недостатоци во изборите, правосудството и работата на владата кои го загрозуваат патот на Албанија кон ЕУ

-Извештајот, изготвен под раководство на известувачот за Албанија, Андреас Шидер, ги истакнува сериозните неуспеси на албанската влада во клучните области како што се изборите, правдата, администрацијата и работата на владата. Се нагласува дека без длабоки и неповратни реформи, Албанија ризикува да го изгуби кредибилитетот кај Европската Унија, објави Топ чанел.

Во извештајот се истакнува обемното користење на јавни ресурси од страна на владејачката партија, недостатокот на еднакви услови за опозицијата и обвинувањата за купување гласови, како и недостатокот на јасна поделба помеѓу државните институции и партиските структури, што „ја поткопува конкуренцијата и довербата на граѓаните“.

Се повикува на сеопфатна изборна реформа, во соработка со граѓанското општество и меѓународните партнери, што ќе обезбеди еднаков пристап до медиумите, заштита од злоупотреба на административните ресурси и ефикасно спроведување на законот.

Во документот се наведуваат тековните предизвици со кои се соочува судството, вклучувајќи го и застојот на нерешени случаи и обидите за прекумерно влијание. Пратениците го нагласуваат значењето на спроведувањето на одлуките на Уставниот суд и независноста на судството.

-Корупцијата на високо ниво останува клучна загриженост, додека СПАК треба да се зајакне за да се изгради јасна евиденција за истраги и пресуди. Пратениците повикуваат на независни ревизии и сеопфатни механизми за контрола на инвестициите и набавките. Исто така се нагласува влошувањето на слободата на медиумите, централизацијата на сопственоста и економскиот притисок врз новинарите, посочува телевизијата.

На крајот преку амандмани поднесени од групата на ЕНП, европратениците повикуваат на итна акција од страна на албанските власти: сеопфатна изборна реформа, деполитизација на администрацијата, решителна борба против корупцијата и целосна транспарентност во јавните набавки, предупредувајќи дека перспективата на Албанија во ЕУ останува во опасност без овие интервенции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, нема подолги задржувања за влез и излез од државата

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

ЗАБРАНА ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Од 1 јули до 31 август на државните патишта во Македонија се воведува летен времен режим на сообраќај со кој се забранува движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони, за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури. Термините се следни:

петок од 17:00 – 22:00 часот,

сабота од 09:00 до 18:00 часот и

недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство зa здравство, забранaта ќе важи и од понеделник до четврток во период од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати, превоз на опасни материјали и возила кои вршат превоз за компании кои имаат склучено договори за изведување на проекти на државните патишта со ЈП за Државни патишта.

На магистралниот пат А2 делница: Скопје – Охрид – Скопје (со важност до 01 септември) се забранува движење на тешки товарни возила чија вкупна маса преминува 7,5 тони за време на викендите, во следните интервали:

петок од 15:00 – 22:00 часот,

сабота од 07:00 до 12:00 и од 18:00 до 24:00 часот и недела од 07:00 до 22:00 часот.

Овој посебен режим на сообраќај се воведува во текот на летото со цел избегнување на застојот во сообраќајот на патната делница кон најпосетуваното туристичко место во Република Македонија, намалување на застоите на пунктовите за наплата на патна такса и воопшто побрз проток на возилата и непречено движење на туристите.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат живи животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 21.05.2026 г. во 8 часот ќе се започне со изведување на градежни активности-санација на мостови на државен пат А2 делница Гостивар-Стража конкретно на мост бр.4 Вијадукт на Атанасова река и мост бр.7 Вијадукт на Дол и истата ќе трае до завршување на санацијата. Со таа цел ќе биде воспоставен времен режим на сообраќај кој ќе трае до самото завршување на градежните активности.

Од 14.04.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Стража на мост бр.7 Вијадукт на Дол. Со цел да може да се реализираат работите за санација на мостови, ќе биде воспостовен времен режим на сообраќај додека траат градежните активности.

Од 30.03.2026 година, ќе се изведуваат градежни активности на државен пат А2, мостови на А2 на реката Вардар во близина на с.Желино во двата правци (Скопје – Желино и Желино – Скопје), со цел санација на истите. Времениот режим ќе се спроведува согласно Одобрението за временска измена на режим на сообраќај издадено од Министерство за транспорт.

Од 13.03.2026 година започна со активности за изведба на премин на интерконективен гасовод под автопат А1 (М1) Пријателство, делница Смоквица – Гевгелија. На делницата се поставени знаци за времен режим на сообраќај.

На државниот пат А2 (скопска обиколница) се врши рехабилитација во должина од 250 метри од клучка Волково до клучка Кондово. Има поставено соодветна сигнализација за затворањето на левата сообраќајна лента за претекнување. Сообраќајот се одвива по лентата за движење (средна) и лентата за принудно запирање (десна).

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претпладне променливо облачно, попладне пороен дожд

Денес претпладне времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне ќе има услови за појава на пороен дожд и грмежи. 

Претпладне променливо облачно, попладне пороен дожд

Во западните делови ќе дува западен, а во источните северозападен ветер, кој ќе биде со умерен а наместа повремено со силен интензитет. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 15, а максималната ќе достигне од 28 до 37 степени.

Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност, со услови за краткотраен дожд во делови од котлината. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 13, а максималната ќе достигне до 32 степени.

Од понеделник, времето ќе биде сончево со променлива облачност во текот на денот. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец, особено во понеделник и вторник кога ќе надминува брзина од 50 km/h.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дневен хороскоп за 12. јули 2026 година

Дневен хороскоп за недела, 12. јули 2026 година. 

Дневен хороскоп за 12. јули 2026 година

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Доколку сте решиле да бидете пољубезни , тоа нека биде искрено. Секоја измама ќе ве носи чекор наназад во односите со саканата личност.

Кариера

Доколку го проанализирате она што сте го сработиле , можете да бидете сосема задоволни. барем работата ви оди од рака.

Здравје и совет

Бидете трпеливи.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Ќе мора малку да се помачите за да освоите нечие срце. Доколку тоа ви е премногу тешко , почекајте.

Кариера

Можни се финансиски издатоци на кои не сте сметале. Немојте многу да се грижите , зашто се ќе се врати на друга страна.

Здравје и совет

Бидете поконкретни.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Малите внатрешни превирања нема да ја загрозат вашата стабилна врска. Оние кои се сами , нека не се откажуваат од додворувања.

Кариера

Денешните финансиски планови би можеле да ја нарушат соработката со младите колеги на работното место. Најдете компромис.

Здравје и совет

Внимавајте на сопствената грубост.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Оние кои успеале да воспостават поотворен контакт со лицата од работното место , денеска би можеле да ги повикаат на забава.

Кариера

Работата ќе ја одработите како зомби, а потоа ќе живнете и ќе се занимавате со спорт , забава , пријатели и љубов.

Здравје и совет

Можете да се опуштите.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Ќе се обидете уште повеќе да се зближите со личноста што ја сакате. Во тоа ќе ви помогне вашиот внатрешен глас , како и сексот.

Кариера

Многумина за време на работењето ќе осмислуваат нов проект , што сеуште нема конкретни темели. Сепак , идејата ќе биде многу јасна.

Здравје и совет

Ќе ги видите работите во целост.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Во љубовните прашања нека ве води вашата интуиција. Со нејзина помош се ќе биде подобро и полесно.

Кариера

Во работите каде што постои слободна размена на идеи , денеска би можеле да бидете брилијантни. Сите познати дејности ќе ви бидат здодевни.

Здравје и совет

Најдете златна средина.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Ќе ви недостига емотивно исполнување , но и сензационализам со кој обично ги пополнувате празнините.

Кариера

Во работењето со младите , ќе измислите нови идеи , кои целата работа ќе ја поместат чекор напред.

Здравје и совет

Помогнете им на послабите.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Она што сте го кажале , ќе има позитивно влијание. Партнерот ќе размислува за реалноста , а вие ќе бидете позадоволни.

Кариера

Ќе одработите она што мора да се сработи и тоа што можете побргу. По тоа ќе им се посветите на другите луѓе.

Здравје и совет

Излезете во природа на свеж воздух.

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Кога би ги собрале сите ваши љубовни сништа , ќе увидите дека во последно време само сонувате. Спуштете се на земја.

Кариера

Климањето со глава не може никому да му користи, но ниту покренуваљње револуција не е најдобро решение. Треба да се размисли.

Здравје и совет

Успех со алтернартивните терапии.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Својата среќа во личниот живот ќе ја споделите со блиските луѓе. Можно е да повикате гости кои ги сакате.

Кариера

Што и да работите , денеска без грижа ќе може да се потпрете на некои колеги , како и тие на вас . Ви претстои убава соработка.

Здравје и совет

Вежбајте правилно дишење.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Фазата на уживање во љубовта ќе продолжи и денеска . Имате речиси се што можете да посакате.

Кариера

Одличен ден за сите дејности во кои се бара поврзаност со луѓето и смисол за убаво. Се се одвива се подобро и подобро.

Здравје и совет

Кашлица.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

На повеќето љубовни настани вие ќе иамте некаква забелешка. Обидете се работите да ги гледате помалку строго и опуштете се.

Кариера

Нема ништо да се придвижи доколку само чекате. Треба да се покажете , да зсе јавите , да се претставите.

Здравје и совет

Некои ќе имаат преодна настинка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер