Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија
2Министерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со Србија
3Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни
ТехнологијаЕпохално откритие: На месечината на Јупитер се најдени извори на водена пареа (ВИДЕО)Пред 40 години, вселенското летало Војаџер ги сними првите подетални фотографии на Европа, една од 79 месечини на Јупитер.Потоа Војаџер откри пукнатина со кафеава боја што се чинеше дека ја зафаќа цела Европа, а научниците почнаа да истражуваат што точно значи и како се појавила. Наскоро беше откриено дека тоа може да укаже на скриен океан под ледената површина, од каде водата излегува на површината преку гејзери. Но, астрофизичарите досега не успеале да ја докажат емпириски оваа хипотеза, односно да потврдат дека овие планетарни гејзери навистина содржат молекули на вода, пренесува НАСА. Но, неодамна, меѓународен истражувачки тим од центарот за вселенски летови на НАСА, Годард во Мериленд, за прв пат сними водена пареа над површината на Европа. Оваа појава била забележана на месечината на Јупитер преку еден од најголемите телескопи на Хаваи - телескопот Кек. Со помош на неговиот спектрограф, научниците го испитале хемискиот состав на планетарната атмосфера. Поточно, молекулите на вода, кога се во интеракција со сончевото зрачење, испуштаат специфични фреквенции на инфрацрвена светлина. Потврденото присуство на водена пареа укажува на три можни опции: а) под ледената површина на Европа постои океан со вода што може да биде двојно поголема од Земјата б) под површината на Европа има плитки резервоари на растворен мраз в) силното зрачење од Јупитер ги крева честичките на вода од замрзнатата површина (оваа можност е најмалку веројатна затоа што неодамнешните студии покажаа дека таков механизам не би можел да биде извор на забележаната водена пареа). „Низ целиот соларен систем, можеме да најдеме две од трите основни компоненти за развој на живот: основни хемиски елементи (јаглерод, водород, кислород, азот, фосфор и сулфур) и извори на енергија. Но, третата компонента, проточно вода, не е лесно да се најде надвор од нашата планета “, изјави научникот Лукас Паганини. „Иако сè уште не сме откриле директно вода за пиење, ја најдовме следната најдобра работа: пареа“, додаде тој. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МетеоНов топлотен бран со температури до 40 степени, заладување од недела Утре минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени, соопштуваат од УХМР.МАКСИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА 23 Попова Шапка, 28 Крушево, 29 Маврови Анови, 32 Претор, 33 Берово, 34 Крива Паланка, Охрид, 35 Прилеп, Битола, 36 Струмица, Виница, Тетово, 37 Штип, Кавадарци, Демир Капија, Гевгелија, 38 Скопје Петровец. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА И ДО КРАЈОТ НА ДЕНОТ Времето денес беше сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дуваше слаб до умерен ветер од југоисточен правец. До крајот на денот ќе биде стабилно со мала до умерена облачност. ВРЕМЕТО УТРЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 19, а максималната ќе достигне од 35 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ Утре и во сабота ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Дневната температура наместа се очекува да надмине 40 степени. Во недела и следните неколку денови во поладневните часови ќе има локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи, и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Температурата ќе биде во постепено опаѓање.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
МакедонијаМинистерот Серафимовски во Белград: Потврдена подготвеноста за продлабочување на соработката со СрбијаМинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски во Белград се сретна со својот српски колега, Драган Гламочиќ. Во фокусот на разговорот беа можностите за продлабочување на соработката во земјоделството, преработката, безбедноста на храната и ветеринарната заштита, како и создавањето нови развојни можности меѓу двете земји. Министрите Серафимовски и Гламочиќ посочија дека географската близина, поврзаноста на пазарите и сличните предизвици со кои се соочуваат земјоделците претставуваат добра основа за поцврсто партнерство. Соработката меѓу двете земји, како што беше нагласено, треба да добие практична димензија преку размена на знаење и технологии, нови деловни врски и подобро поврзување на примарното производство со преработувачката индустрија. Министерот Серафимовски нагласи дека македонското земјоделство влегува во нова развојна фаза во која институционалната поддршка се насочува кон поттикнување на поголемо и поквалитетно производство, модернизација и подобра пазарна позиција на домашните производи. „Нашата задача е земјоделството да произведува повеќе и поквалитетно, да привлече нови инвестиции, да биде подготвено за климатските и пазарните промени и да понуди препознатливи производи со поголема додадена вредност, усогласени со европските стандарди. Регионалната соработка може да ја забрза таа промена и да отвори нови можности за земјоделците и сточарите“, истакна министерот Серафимовски. Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Србија, Драган Гламочиќ, оцени дека двете држави имаат добра основа за натамошно продлабочување на соработката, особено преку размена на искуства во модернизацијата на производството и усогласувањето со европските земјоделски политики. Тој посочи дека редовниот дијалог меѓу министерствата може побрзо да ги трансформира заедничките иницијативи во конкретни проекти. „Со поголема поврзаност меѓу институциите, земјоделците и деловната заедница можеме да создадеме простор за нови инвестиции и посилен регионален пазар“, истакна министерот Гламочиќ, соопшти МЗШВ.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
МакедонијаВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на граничниот премин Табановце. На граничниот премин Табановце, камерите на „Сејф сити“ конечно почнаа да ги санкционираат и странските возачи. На излез од државата, оние кај кои се евидентирани прекршоци се известуваат за казните – пракса што се применува и во Европа, каде и странските возачи одговараат за направените сообраќајни прекршоци. Најпогодени од новиот начин на санкционирање се туристите, пред сè оние од Србија кои се враќаат од годишен одмор. При излез од Македонија, на возачите кај кои системот евидентирал пречекорување на брзината им се врачуваат прекршочни платни налози за прекршоците направени при транзитот низ земјава. Дел од анкетираните возачи велат дека доколку сториле прекршок, немаат проблем да ја платат казната. Но, се жалат дека претходно немале доволно информации каде и на кој начин треба да ја извршат уплатата. Според министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, со воведувањето на овој механизам се обезбедува еднаков и неселективен пристап во санкционирањето на сообраќајните прекршоци, без разлика дали станува збор за домашни или странски возачи. Од МВР додаваат дека се преземаат мерки за забрзување на процедурите и намалување на задржувањата на Табановце. Податоците на МВР покажуваат дека од 2 февруари до 31 мај 2026 година, системот „Безбеден град“ евидентирал над 33 илјади сообраќајни прекршоци сторени од возила со странски регистарски таблички. Во првите месеци од функционирањето на системот биле регистрирани повеќе од 120 илјади сообраќајни прекршоци, од кои дури 95 проценти се однесувале на пречекорување на дозволената брзина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВозачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16Прскање од авион против комарци, од 23 до 26 август теренско прскање11:05Активни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00