Епл подготвува телефон без приклучот за полнење на батеријата?

По интернетот кружат гласини дека Епл планира целосно отфрлање на приклучокците и дека наскоро би можеле да видиме Ајфон без ниту еден „влез“.

Наводно, ова би можело да се случи следната година.

Ова прво го објави Твитер корисникот „9TechEleven“, а тој и претходно имал инсајдерски информации кои се покажувале како точни.

Аналитичарот Џон Просер од сајот „Front Page Tech“ се согласува со ова мислење, а тоа ни говори дека е скоро извесно дека тоа навистина ќе се случи. Како што вели тој, најмалку еден Ајфон модел следната година ќе биде без приклучоци, пренесе „Ubergizmo“.

Ова е особено интересно затоа што многумина мислеа дека Епл од „Lightning“ приклучокот ќе прејде на „USB-C“, но овие гласини, доколку се ипостават како точни, значат дека тој чекот би можел да биде прескокнат.

Вистина е дека Ајфон моделите моментално подржуваат безжично полнење, но доколку компанијата се одлучи на ваков потег, тоа сосема сигурно би бил голем ризик.

притисни ентер