ТехнологијаЕпл го одложува претставувањето на Ајфон „SE2“Ќе мора да се почека за на пазарот да се појави новата генерација на евтиниот Ајфон.Епл требаше на 31 март да одржи конференција за медиуми на која би го претставил новиот хардвер за сезоната пролет-лето 2020. Меѓутоа, заради откажувањето на многу настани и неизбежните застои во производството поради пандемијата на коронавирусто, се чини дека од пролетниот евент на Епл, барем за сега, нема да има ништо. Извори, кои неслужбено го најавуваа овој настан, сега јавуваат дека е откажана неговата организација и тоа на засега неодредено време. iPhone 12, iPhone SE 2 delayed as Apple & others fight coronavirushttps://t.co/A2AsW8IlU7 pic.twitter.com/kCpMl6JeMl — Forbes Tech (@ForbesTech) March 11, 2020 Ќе мора да се почека уште некое време за на пазарот да се појави новата генерација на евтиниот Ајфон. Тој би требало да биде наречен „SE2“ или тоа ќе биде прескокнатиот Ајфон 9. Од надвор со изгледот од 4,7 инчи најмногу биналикувал на моделот 8, додека во себе би носел процесот од ланскиот модел 11, А13 Бионик. Освен новиот додаток во линијата на мобилни телефони, Епл наводно кон крајот на март има намера да претстави нов поинаков Ајпад Про и нов Мек Мини. По откажувањето на настанот, кој службено не е ни најавен, Епл сега го чека уште потешка одлука- можеби ќе мора да ја откаже големата девелоперска конференција „WWDC“ која би требало да се одржи на почетокот на јуни и која традиционално би требало да собере илјадници учесници. Компанијата веројатно ќе биде присилена да ја откаже „WWDC“ конференцијата поради одлуките на локалните власти во Калифорнија кои би можеле да ги забранат сите поголеми собири.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
Тројца од обвинетите за фалсификувани возачки дозволи признаа вина - осудени се на затворски казни15:00
Македонски дипломат бил повикан во бугарското МНР, откако на бугарски пратеник не му бил дозволен влез во земјава08:45
„Секси мама“ врз грoбот на Никола Карев во „Македониум“ - 500 евра платил косовски рапер за спотот 18:05
Косовскиот рапер Дон Џони го изнајмил Македониумот за 500 евра за снимњае на спотот „Секси мама“14:00
Мицкоски: За да имаме ефект во преговорите со Бугарија добро е да има претставници од Европската унија 11:11
ЕвропаШпанските војници обвинети за злоставување мигранти на Сеута- владата отвори истрага Мигрант во инвалидска количка, со сериозни повреди на глуждовите, рацете и торзото, тврди дека шпански војници го турнале од висина од шест метри. Неговиот случај е дел од извештајот на Амнести Интернешнл во кој се документираат систематски тепања, понижувања и протерувања од Сеута. Организацијата наведува дека снимените процедури имаат елементи на тортура и суров, нечовечки или понижувачки третман. По објавувањето на извештајот, шпанската влада нареди воена истрага, пишува Euronews. Детали за истрагата и реакцијата на властите Шпанското Министерство за одбрана потврди за Euronews дека случајот е проследен до државниот обвинител и судот во Сеута. „На Оперативната команда ѝ е наредено да истражи и да утврди можна индивидуална одговорност со цел да се зачува професионализмот и угледот на вооружените сили“, соопшти министерството. Амнести ја спроведе својата истрага во Сеута помеѓу 10 и 15 септември. Истражителите интервјуираа повеќе од 65 лица и собраа 22 директни сведоштва во кои ги обвинуваа војниците за тепања, малтретирање, понижување, кражба на пари и уништување на мобилни телефони. Организацијата, исто така, документирала повреди што се совпаѓаат со приказните на мигрантите. Сведоците велат дека злоупотребите се дел од повторлив модел, особено во операциите на Регуларните и Легиите. Тепања, закани и протерувања Собраните сведоштва споменуваат тепања со палки и чизми, врзување со пластични врвки и удари во главата. Еден млад човек од Мароко рекол дека не можел да оди 25 дена откако војник го турнал од висина од најмалку шест метри додека спиел. Двајца други млади мажи пријавиле дека биле тепани со палки и тупаници додека биле врзани, а Амнести соопшти дека проверила за траги од врвки на нивните зглобови. Организацијата, исто така, предупредува на можни нелегални протерувања. Според изјавите и снимките, некои војници наводно работеле ноќе со маски на лицата. Мигрантите биле тепани или прскани со иритирачки спреј пред да бидат брзо вратени во Мароко преку ограда во Тараџал. Исто така, имало случај на граѓанин на Јемен кој бил протеран без никаква постапка иако сакал да побара меѓународна заштита. Тој рекол дека тој и десетици други биле однесени на границата и предадени на мароканската полиција. „Имаме наредби да им создадеме непријатност“ Истрагата на Амнести укажува на ширење на расистичко и ксенофобично однесување меѓу населението на Сеута. Жителите за кои се претпоставува дека се од мароканско потекло наводно се подложени на проверки на документи, а нивниот пристап до некои делови од градот и продавниците е ограничен. Тимот на Амнести лично бил сведок на таков инцидент. Неколку војници им се приближиле на групата луѓе на клупата и ги прашале „дали се од тука“ и им наредиле да си заминат. Кога истражувачите прашале зошто се туркани, еден војник одговорил: „Имаме наредби да се осигураме дека нема да се чувствуваат удобно“. И самата делегација доживеала малтретирање. Националната полиција им ги дала нивните лични карти додека проверувале извештаи за одведување на мигрантите, а војниците во патролата ги навредувале. Ранливи малолетници и баратели на азил Амнести, исто така, предупредува на кршење на правото на азил. Луѓето од кризни области како што се Сомалија и Јемен, кои пристигнале во Сеута пред повеќе од два месеци, сè уште чекаат на започнување на постапката за заштита. Некои дури и не поминале низ основна проценка на ранливост ниту добиле информации за нивните права. Состојбата на малолетниците е особено тешка. Официјално се идентификувани 2.383 деца без придружба, но се проценува дека помеѓу 500 и 700 сè уште живеат на улица без никаква поддршка, некои на возраст од само 12 или 13 години. Амнести наведува дека овие деца бараат заштита во полициските станици речиси секој ден, но постојано се одбиваат. Ситуацијата е тешка и за околу 800 жени, од кои некои се со деца, кои живеат на улица или во импровизирани засолништа без основни хигиенски услови. Барања за истрага и суспензија Амнести Интернешнл испрати писма до шпанскиот премиер и претседателот на Сеута со заклучоците од истрагата и барање за итни мерки. Организацијата повикува на брза, независна и темелна истрага за наводите за злоупотреба. Тие исто така бараат војниците осомничени за нападите да бидат привремено отстранети од должност додека не се утврдат фактите. Во исто време, организацијата признава дека ситуацијата во Сеута е сложена и потсетува дека повеќе од 30 мигранти се уапсени за напад врз војници. Сепак, тие нагласуваат дека ова не ги ослободува државните службеници од обврската да ги почитуваат законите и човековите права.Тагови: мигранти Сеута Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Автомобилизам„Tesla“ наводно сама забрзала на црвено светло: Семејството ја тужи компанијатаСопственикот тврди дека изгубил контрола над својот „Model X“. Податоците од возилото ќе бидат клучни за судскиот процес.Семејство од сојузната држава Вашингтон ја тужи компанијата „Tesla“ по инцидентот во кој нивниот „Model X“, според наводите во тужбата, ненадејно забрзал додека стоел на црвено светло. Инцидентот се случил на 29 јуни 2023 година во Киркленд. Лин Нгуен бил зад воланот на „Tesla Model X“ (модел од 2023 година), придружуван од неговата 14-годишна ќерка. Според тужбата, автомобилот без предупредување поминал низ крстосницата и удрил во рабникот на тротоарот. Во судирот не учествувале други возила. Нгуен тврди дека се здобил со повреди на вратот, грбот, рамото и коленото, како и дека чувствува вртоглавица и збунетост. Според семејството, повредена била и неговата ќерка, која претрпела и тежок емоционален стрес. Семејството бара отштета од „Tesla“, вклучително и покривање на медицинските трошоци, пренесува „CarScoops“. Во тужбата се наведува дека за инцидентот бил одговорен системот „Autopilot“. Тој наводно не успеал да го задржи автомобилот во мирување, туку самостојно забрзал, спречувајќи го возачот да ја врати контролата преку сопирање или управување. Сепак, постои одредена нејасност околу тоа кој систем бил активен. Нгуен тврди дека платил дополнителни 15.000 долари за технологијата, сума што повеќе одговара на цената на пакетот на „Tesla“ „Full Self-Driving (Supervised)“ (целосно самоуправување со надзор) отколку на стандардниот „Autopilot“. Клучниот одговор би можеле да го дадат податоците снимени од возилото. Тие вклучуваат информации за положбата на педалата за гас, користењето на сопирачките, брзината, движењата на воланот и статусот на системите за помош на возачот. Таквите податоци би можеле да откријат дали станувало збор за технички проблем или за грешка на возачот. Слични случаи и претходно биле предмет на истраги. По фаталната несреќа со „Model X“ во 2018 година, американскиот Национален одбор за безбедност на транспортот (NTSB) утврдил дека „Autopilot“ го насочил возилото кон разделниот простор на автопатот, но истовремено забележал и дека возачот не реагирал. Во претходна анализа на 118 пријавени случаи на несакано забрзување кај возила на „ Tesla “, „NHTSA“ заклучи дека инцидентите за кои биле достапни податоци од возилото се поврзани со погрешна употреба на педалите, без докази за дефект на возилото или неефикасно сопирање. Сепак, конечните заклучоци во врска со случајот во Киркленд сè уште не се познати. Извор: Б92Тагови: Tesla Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветНетанјаху тужи новинари и медиумиНетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел.Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху поднесе тужба за клевета против три медиумски куќи и шестмина новинари во Израел поради извештаи во кои се тврди дека тој лично бил предупреден за нападот на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, но не презел никакви мерки како одговор на тоа. Според весникот „The Jerusalem Post“, наводите првпат биле објавени во книга од двајца новинари на израелскиот весник „Haaretz“, по што и други медиуми известувале за нив. Тужбата на Нетанјаху е насочена против весниците „Haaretz“ и „Yedioth Ahronoth“, информативниот портал „Ynet“ и телевизискиот канал „Канал 12“, меѓу тужените се и двајца новинари на „Haaretz“. Тужбата се однесува на две наводни предупредувања. Според првото, претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеикот Мохамед бин Зајед, кон крајот на септември 2023 година го предупредил Нетанјаху дека лидерот на Хамас, Јахја Синвар, подготвува голема операција. Второто се однесува на тогашниот шеф на египетското разузнавање, Абас Камел, кој наводно лично го предупредил израелскиот премиер непосредно пред нападот. Во своите извештаи за овие предупредувања, медиумите се повикувале на анонимни извори. Нетанјаху постојано негираше дека добил какви било такви предупредувања. Во тужбата, тој наведува дека „Haaretz“ ја објавил приказната и покрај неговото негирање, а истовремено ги обвинува другите медиуми дека известувале за наводите или дополнително ги истакнувале. Тој, исто така, реагира на тврдењето на еден коментатор од „Haaretz“ во врска со „предавство одвнатре“. Нетанјаху претходно побара од „Haaretz“ да ја повлече спорната статија, да објави извинување и да му исплати отштета од еден милион шекели – или повеќе од 287.000 евра. Весникот одби, наведувајќи дека статијата е резултат на опсежно истражување засновано на извори и дека е подготвен да го брани своето известување на суд. Израелскиот премиер сега бара отштета од најмалку 2,6 милиони шекели – или повеќе од 747.000 евра – од тужените медиуми и новинари. Според израелскиот закон за клевета, обвинетите можат да се бранат тврдејќи дека објавената информација била точна и се однесувала на прашање од јавен интерес, или пак дека била објавена во добра волја, по спроведено одговорно новинарско истражување. Медиумите и новинарите опфатени со тужбата имаат рок од 60 дена да поднесат одговор.Тагови: Бенјамин Нетанјаху Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter