Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
1Синоќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слобода
3Петкоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светот
ТехнологијаЕпл ги распредели iTunes во нови апликацииApple објави дека iTunes треба да биде заменет од Apple Music, Apple Podcasts и Apple TV.Фирмата, исто така, откри неколку нови мерки за приватност на својата годишна конференција за инвеститори во Сан Хозе. Новост ќе биде алтернатива на пријавувањето на апликации користејќи сметки на социјалните медиуми, со скриена меил адреса и податоците на корисникот. iTunes ќе остане непроменет на Windows платформи, а преземањата сеуште ќе бидат достапни во страничната лента на апликацијата Apple Music за Mac. Најавите беа направени на конференцијата на WWDC, каде што техничкиот гигант ги претстави своите софтверски планови за следните месеци.Епл објави неколку нови мерки за заштита на приватноста, по минатогодишното протекување на податоците и преземената обврска за да се укине следењето преку Фејсбук. "Приватноста е основно човеково право", изјави шефот на софтверот на Apple, Крег Федериги. Тој рече дека ќе има опција за апликации кои бараат информации за локација што треба да ги прашаат корисниците секој пат кога тоа е потребно и тие ќе бидат блокирани да користат други маркери, како што се алатките за идентификување со Wi-Fi или Bluetooth сигнали. Епл, исто така, лансира пријава за влез во "Епл", како алтернатива за пријавување во некоја услуга користејќи сметка на социјалните медиуми. Користејќи го ова најавување, корисниците можат да изберат да ја сокријат својата е-поштенска адреса, при што Apple создава случајна алтернативна адреса што ќе ја препрати вистинската. "Откривањето на пријавување со Apple ќе се однесува на ривалите, особено на веб-гигантите", коментира Бен Вуд од CCS Insight. "Постојните услуги за пријавување обезбедуваат едноставни средства за еднократна пријава преку интернет. Приватност ќе биде многу нагласена наспроти Фејсбук и Гугл и претставува одлична маркетиншка алатка за поширокиот став на приватност на Apple".Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаСиноќа 262 сообраќајни прекршоци во Скопје, 102 санкции за возачи на мотоцикли, шест лишени од слободаСообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.Во текот на изминатата вечер (21/22.08.2026) во периодот од 18:00 до 01:00 часот Одделението за безбедност на патниот сообраќај и полициските станици од општа надлежност при СВР Скопје, спроведоа зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот со посебен акцент за преземање мерки за мотоцикли, мопеди трицикли и четирицикли при што санкционирани се 262 возачи. Од нив за возачи на мопеди и мотоцикли изречени се 102 мерки и тоа 93 санкции за управување мотоцикли без заштитна кацига, четири мерки за несоодветна категорија, пет санкции за управување без положен возачки испит и 160 останати мерки за други видови на прекршоци меѓу кои за не носење возачка дозвола, не носење сообраќајна дозвола, не истакнати таблици, минување на црвено... Исто така привремено е одземен еден мотоцикл поради измината важност на регистрација повеќе од шест месеци, а шест лица се лишени од слобода по член 297 а од Кривичниот законик. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.Тагови: мвр Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаВо Битола беше одбележан Денот на формирањето на седмата македонска ударна бригадаЗаменик градоначалничката на Битола Марина Крстиќ денеска присуствуваше на свеченоста по повод одбележувањето на Денот на формирањето на седмата Македононска ударна бригада 22 август 1944 година.На свеченоста беше интонирана химната на Република Македонија, по што присутните положија свежо цвеќе пред спомениците. Во име на општина Битола свежо цвеќе положи и се поклони пред спомениците на народните херои Васко Карангелевски и Пецо Гудовски во градското шеталиште во Битола, заменик градоначалничката Крстиќ. Пригодно обраќање имаше претседателот на огранокот за формирањето на седмата Македонска ударна бригада, а свеченоста ја организираше Здружението на ветерани на одбраната и безбедноста на Република Македонија-огранок Битола. Општина БитолаТагови: Општина Битола Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтрански државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:1043 случаи на западнонилска треска во Македонија - вирусот првпат потврден и кај мртва птица 15:00Странските возачи преку safecountry.gov. mk moже го следат системот „Безбеден град“08:34Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05Втор ден возачите со странски таблички плаќаат сообраќајни казни на ГП Табановце15:16
Странски државјанин лишен од слобода на ГП „Табановце“ - возел 168 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч10:10
Возачите со странски таблички гневни- втор ден колони на Табановце поради наплата на сообраќајни казни 18:05
МакедонијаПеткоска: За две години 28 нови авиодестинации, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ја поврзува Македонија со Европа и светотВоздушната поврзаност е важна за секоја модерна и развиена држава. Таа значи полесно патување за граѓаните, повеќе можности за туризмот и бизнисот и поголема отвореност на Македонија кон Европа и светот. Токму затоа Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи на проширување на мрежата на авиодестинации од македонските аеродроми. Од преземањето на одговорноста ВМРО-ДПМНЕ да ја води македонската Влада, постигнати се конкретни резултати, така што се воведени нови 28 авиодестинации. Така, од Скопје сега може да се патува во Париз, Барселона, Лион, Амстердам, Љубљана, Дубаи, Мадрид, Стокхолм, Келн, Бари, Прага, Ларнака, Неапол, Будимпешта, Алгеро во Сардинија и Палермо во Сицилија. Додека од аеродромот во Охрид, македонските граѓани можат да летаат за Истанбул, Базел, Ларнака, Мадрид, Штутгарт, Бари, Стокхолм, Катовице, Вроцлав, Милано, Братислава и Виена. Со новите дестинации, нашите граѓани добиваат повеќе директни врски со европските центри, полесно патуваат за работа, образование и туризам, но и полесно ги посетуваат своите семејства и пријатели кои живеат во странство. Истовремено, со секоја нова директна линија Македонија станува подостапна за странските туристи, а особено значајно е тоа за Охрид и за македонскиот туризам, бидејќи поголемата воздушна поврзаност значи и поголема можност за привлекување туристи од нови пазари. Но, подобрата воздушна поврзаност е важна и за бизнисот, за привлекување инвестиции и за поврзување на македонските компании со европските пазари. Кога една држава има повеќе директни авиолинии, таа станува подостапна и попривлечна за инвеститорите, компаниите и меѓународните партнери. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжи посветено да работи на проширување на мрежата на дестинации и создавање услови за нови авиолинии од Скопје и Охрид, затоа што Македонија треба да биде држава со повеќе можности, подобра поврзаност и отворени врати кон светот. Лидија Петкоска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook