ТехнологијаЕпл е обвинет за корпоративна кражба и рекетирање- „виновна“ е технологијата што сите ја користимеApple е во нови проблеми бидејќи Fintiv, компанија со седиште во Остин, Тексас, ја тужи за кражба на трговски тајни и нелегално стекнување предност на пазарот на дигитални плаќања.Според тужбата, клучните карактеристики на Apple Pay доаѓаат од технологијата развиена од CorFire, која Fintiv ја купи во 2014 година. Денес, таа технологија се користи во стотици милиони iPhone, iPad, Apple Watches и MacBooks низ целиот свет, објави Јаху. Fintiv тврди дека Епл одржале повеќе состаноци со CorFire во 2011 и 2012 година, потпишале договори за доверливост и преговарале за лиценцирање за своето решение за мобилни плаќања за да ја искористи растечката побарувачка за бесконтактни трансакции. Наместо тоа, во тужбата се тврди дека Apple, со помош на поранешни вработени во CorFire, ја користел таа технологија за да го лансира Apple Pay во САД во 2014 година, а набргу потоа и во десетици други земји. Тврдења за „корпоративна кражба и рекетирање“ Во тужбата се тврди дека Apple создала неформална мрежа преку која генерирала приходи за банки како што се Bank of America, Capital One, Citigroup, JPMorgan Chase и Wells Fargo, како и за мрежите за платежни картички American Express, Mastercard и Visa, користејќи Apple Pay. Според адвокатот Марк Касовиц, ова претставува „еден од најочигледните случаи на корпоративно малтретирање“ во неговата 45-годишна пракса. Тужбата, поднесена во федералниот суд во Атланта, бара и компензаторна и казнена отштета според федералните и државните закони на Џорџија, вклучувајќи го и статутот против рекетирање на RICO. Apple сè уште не ги коментирал обвинувањата, додека Fintiv планира да поднесе жалба на претходно отфрлената тужба за повреда на патент.Тагови: Епл технологија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканПретставници на победничката Студентска листа го посетија КосовоОд Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење.Претставници на победничката Студентска листа во Србија, ја посетија територијата на Косово и Метохија. Од Студентската листа порачаа дека за нив Косово и Метохија, зачувувањето на Српската православна црква, културниот и национален идентитет, како и заштита на правата на Србите на оваа територија се прашања од најголемо значење. Иако во меморандумот кој летово го објавија студентите, се наведува дека Студентската листа го смета Косово за неотуѓив и составен дел на Србија, факт кој не подлежи на преговори сепак, неодамна, косовскиот премиер Албин Курти, ги повика претставниците на студентите да ја признаат независноста на Косово како главен показател за нивната демократската ориентација. Без признавање на Косово нема напредок на европскиот пат, им порача Курти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветПреговорите меѓу Русија и Украина ќе продолжат наскоро, ќе се придружат ли европски претставници? Има напредок во преговорите меѓу Русија и Украина, нов состанок е веќе закажан, а европски претставници би треало да се вклучат во преговорите веќе од наредниот состанок.Изјавија двајцата американски медијатори - Стив Виткоф и Џеред Кушнер. Според најавите, следната рунда преговори би можеле да се оддржат во рок од две недели, меѓутоа учество на Европа засега не е потврдено од ниту еден европски претставник. Вчера, на состанокот на Европската политичка заедница, дел од европските лидери се спротиставија на барањето на Русија безбедносната архитектура на Европа да се дискутира како дел од мировните преговори за Украина. Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека безбедноста на Европа ќе се одлучува во Европа, додека пак, високиот претставник на ЕУ – Каја Калас посочи дека постои редослед на дипломатскиот процес – прво прекин на огнот во Украина па мировно решение, а во последната фаза би можело да се дискутира за пост-воената европска безбедносна архитектура.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 НоемвриНа денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. По повод празникот, предвидено е положување цвеќе пред Споменикот на ослободителите на Скопје на Партизанските гробишта во Бутел, на Алејата на заслужните граѓани на гробот на генералот Михајло Апостолски на гробиштата во Бутел, како и пред споменикот на Ослободителите на Скопје пред зградата на Владата. Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот на ослободувањето на градот во Втората светска војна . Од Град Скопје информираат дека вечерва во Македонската опера и балет ќе се одржи свеченото доделување на наградата „13 Ноември“. На денешен ден пред 82 години, на 13 ноември 1944 година, Скопје беше ослободено од фашистичката окупација. Во ослободителните операции учествувале 42. и 50. Народноослободителна дивизија на македонската војска и 16. Македонска бригада, кои по неколкудневни жестоки борби влегле во градот. Борбите се воделе на повеќе локации низ Скопје, меѓу кои на улицата „Илинденска“, кај Главната пошта, Офицерскиот дом, Народната банка и Старата железничка станица. Македонските борци ја спасиле хидроцентралата „Матка“ од уништување, додека граѓани учествувале во одбраната на Камениот мост од минирање. Во борбите за ослободување на Скопје загинале повеќе од 420 борци, а за време на целата Втора светска војна животот го загубиле околу 4.600 скопјани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook