Епл е казнет во Франција поради софтверот што ги забавува Ајфоните - Канал 5

Епл е казнет во Франција поради софтверот што ги забавува Ајфоните

Француската агенција за заштита на потрошувачите денес соопшти дека „Епл“ се согласил да плати казна од 25 милиони евра зашто не ги известил корисниците на „iPhone“ дека ажурирањето на софтверот може да ги забави постарите уреди.

Епл е казнет во Франција поради софтверот што ги забавува Ајфоните

Скандалот избувна во декември 2017 година, кога американскиот технолошки гигант призна дека постарите модели на телефони се забавуваат по инсталирањето на најновиот софтвер iOS, со значително влошена состојба на батеријата.

Критичарите ја обвинија компанијата дека ги принудува клиентите да купуваат нови модели порано отколку што е потребно. Протестите го натераа „Епл“ да го ажурира софтверот и да понуди големи попусти за замена на батеријата.

Француските обвинители отворија истрага во јануари 2018 година, на барање на Здружението.

„Сопствениците на iPhone не се информирани дека инсталацијата на ажуриран iOS (10.2.1 и 11.2) може да ги забави нивните уреди“, се вели во соопштението на агенцијата за борба против измама DGCCRF.

„Ова е историска победа над скандалозната практика која се заснова врз принципот„ фрли го и купи нов “- победа и за потрошувачите и за околината“, изјавија основачите на ХОП, Лалети Васер и Самуел Соваж. Тие додадоа дека ќе размислат и за поднесување дополнителни барања за обештетување за клиенти на iPhone.

„Епл“ објави дека е задоволна од спогодбата со DGCCRF, што ќе му овозможи да избегне потенцијално засрамувачко јавно судење.

"Нашата цел секогаш беше да произведуваме безбедни производи што ќе ги ценат нашите клиенти. Важен дел од ова е да создадеме iPhone кој ќе трае што е можно подолго", објави американската компанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Незаборавно музичко доживување исполнето со виртуозност и длабока емоција приреди италијанското трио „Кимера“ кое настапи вчеравечер на 66.издание на фестивалот „Охридско лето“.

Префинето музицирање на триото „Кимера“

Публиката во црквата „Света Софија“ ги почувствува индивидуалните музички квалитети на пијанистката Марта Черета, на виолинистот Стефано Ракањи, како и на виолинистот Џорџо Лукини, но не помалку се чувствуваше и префинетоста во заедничкото музицирање на тројцата млади уметници за што беа наградени со бурни овации.

Виолинистот Стефано Ракањи рече дека за фестивалот конципирале посебна програма и оти акустиката во храмот, како што кажа, била топла, особено за пијаното.

-Репертоарот е посебно создаден за фестивалот „Охридско лето“. Ги имавме „Петте куси пиеси“ од Триото број 1 на чешкиот композитор на модерната класична музика Бохуслав Мартину. Тој пишувал долги сонати, но не и во овој случај. Пред тоа отсвиривме потрадиционална класична музика од Бетовен. Тој како млад композитор сакал да ги покаже своите способности пред публиката во Виена и затоа го создал ова Трио во Це-мол опус 1 број 3 кое е најромантично и истовремено бурно по карактер дело. Вечерта ја завршивме со славното дело на Дмитри Шостакович, Трио бр.2 напишано за време на Втората светска војна и посветено на неговиот драг пријател Иван Солертински, руски музиколог и полиглот, појасни Ракањи.

„Кимера“ е оформено под менторство на Патрик Јуед на Високата школа за уметности во Берн и неговите членови се здобиваат со магистериум по камерна музика во 2023 година. Во Италија студираат со квартетот „Кремона“ во Центарот за гудачки инструменти „Стауфер“, а постдипломските студии ги завршуваат на Конзерваториумот „А. Боито“ во Парма под стручно менторство на квартетот „Парма“.Инспирација и искуство црпат од соработките со Миша Мајски, Амирам Ганц од триото „Алтенберг“, од Антонио Менезес и од Екарт Рунге кој е член на квартетот „Артемис“.Триото е официјален член на Европската академија за камерна музика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет, до 250 илјади денари грант по работник за вработување млади до 29 години

ВМРО-ДПМНЕ: Поддршката на стопанството за креирање нови работни места главен приоритет

Отворање нови работни места, намалување на невработеноста, подобрување на животниот стандард и креирање подобра бизнис клима за стопанството се едни од главните државни приоритети.

Во оваа насока на подобрување на животот на македонските граѓани, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ посветено работи веќе две години по ред и политиките кои ги спроведува даваат резултати.

Со цел да се поддржат и помогнат македонските фирми да се прошират и развијат преку отворање нови работни места, во тек е јавниот повик за „Поддршка за креирање на нови работни места од Оперативниот план за вработување 2026.

„Вработување и раст на правни субјекти“ е прва мерка од овој повик преку која финансиски ќе се поддржат компании за вработување на вкупно 1385 лица со по 160.000 до 250.000 денари од работно место со вкупен буџет од 332.650.000 денари или околу 5,4 милиони евра.

Додека првиот повик за Самовработување од Оперативниот план беше насочен кон лица кои сакаат да отворат сопствен бизнис, овој јавен повик е насочен кон микро, мали и средните претпријатија кои сакаат да ги прошират бизнисите со отворање нови работни места, а неповратни финансиски средства можат да добијат за вработување на најмногу 5 лица.

Паричните средства варираат согласно категоријата, каде што најголем износ се доделува за вработување на млади до 29 години, и тоа 250.000 денари по лице, за лица корисници на гарантирана минимална помош, Роми, лица со попреченост, жени, долгорочно невработени лица и за жени Ромки со завршено средно или високо образование, висината на грантот изнесува 220.000 денари, додека за невработени над 29 години 160.000 денари по лице.

Со оваа мерка се таргетираат и македонските повратници, така што за секое вработено лице повратник, во зависност од дефинираните износи на соодветна категорија на невработени лица, на работодавачот му се исплаќаат дополнителни 10% од вкупниот износ на одобрени средства.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со ваквите мерки, креира еднакви можности професионален и кариерен развој за сите македонски граѓани од сите возрасти и категории и создава поволна бизнис клима за раст и развој на македонската економија.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговара

Христијан Мицкоски со месеци ги навредува граѓаните. Ги нарекува „талог на општеството“, „мекотели“, „коленичари“, “глодари”, „медиокритети“.... Тоа не се обични политички изјави. 

СДСМ: Мицкоски треба да се извини за навредите - за криминалот ќе одговара

Тоа е презир кон сопствените граѓани од највисоката државна позиција.

Врвот на навредите го достигна со пцуење на пратениците во Собранието. Пратениците се избрани претставници на граѓаните. Кога ги пцуе пратениците, всушност ги навредува и граѓаните кои им ја дале својата доверба да ги претставуваат.

Уште позагрижувачки е што тоа го прави заедно со Иван Стоилковиќ, кој отворено застапува интереси на други држави.

Мицкоски мора и треба да се извини за навредите. Тоа е минимумот што им го должи на сите оние кои ги нарекуваше со погрдни имиња затоа што мислат поинаку од него или затоа што сакаат европска иднина за Македонија.

За криминалот и корупцијата, меѓутоа, извинување не постои.

За криминални тендери, ослободувањето на Никола Груевски и Драган Павловиќ Латас, за враќањето на „Бела палата“ - имот стекнат со криминал – и за заштитата на организираната криминална група ВМРО, Мицкоски нема да се извинува. За тоа ќе одговара.

Навредите може да се повлечат со извинување.

Криминалот не.

За криминалот следува одговорност.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер