ЖивотЕпископ Марко назначен на чело на новоформирана Делчевско-каменичка ЕпархијаВо Црквата Успение на Пресвета Богородица во Делчево денеска беше извршено востоличувањето на епископ Марко на чело на новоформираната Делчевско-каменичка епархија. Епархијата е формирана со одлука на Синодот на Македонската православна црква- Охридска архиепископија е една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Претставувањето на Епископ Марко на света архиерејска литургија во Делчево го изврши неговото високо преосвештенство митрополитот Брегалнички г-н Иларион, а на настанот присуствуваа високи црковни претставници од земјава, Србија и други гости кои со своето присуство го збогатија денешниот црковен чин. -Преосветен владико господин Марко еве денеска радоста во овој паскален ден не собра да присуствуваме и да те востоличиме на тронот на новата епархија Делчевско-каменичка. Со многу радост, со многу љубов ти ги доверуваме овие градови кои што досега беа во Брегалничката епархија, ти го доверуваме на твојот томофор и овој народ да го чуваш и пазиш како добар пастир на црквата и стадото Христово. Користам прилика од името на поглаварот на нашата православна црква, г-н Стефан, од името на сите архиереи на нашата православна црква да го честитам устоличувањето посакувајќи ви добро здравје долг живот и достојни плодови на нивата господова, рече владиката Иларион. Епископот на новоформираната Делчевско-каменичка епархија по неговото назначување истакна дека епископот се поставува на служба првенствено за да ги принесува даровите на благодарење и да ја упатува заедницата на патот кон обожувањето. -Тоа е програмата на секој архиереј на црквата Христова, тоа ќе биде и нашата програма на делување во оваа новоформирана епископија Делчевско-каменичка на која денес биваме поставени за епископ. За успех на мисијата која ни ја доверува црквата се надевамe на Божјата помош која е глава на црквата и кој ја стекна истата со својата крв. Во 127 псалм се вели ако Господ не ја согради куќата залудно ќе се трудат градителите нејзини. Ако Господ не го запази градот залудно ќе бдее стражата. Токму на тоа се надеваме како епископ, како помошник на Бога во ѕидањето и чувањето на црквата. Не дека на Бог му е потребна нашата помош, туку нам ни е потребно да бидеме негови помошници за да се вградиме во вечноста, рече епископот Марко. Денешниот ден, како што истакна делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, е голем ден за Делчево и верниците од православна вероисповед, ден кој носи гордост и за него како градоначалник претставува посебна чест што за време на неговиот мандат Делчево и Македонска Каменица добиваат своја епархија. -Седиштето на Епархијата со црковната администрација ќе биде во Делчево со што пристапот на граѓаните до црковната администрација ќе биде олеснет. На неговото преосвештенство, владиката Марко, му посакувам долг живот, неговото свето слово да нè носи поблиску до Бога, да нè води со чиста мисла и со молитва и со духовна храна да се издигнуваме над тешкотиите. Историјата покажала дека верата е она што нè идентификува и нè движи напред и е спасение за секој човек. Нека е среќен и вековит овој ден, рече Трајковски. Градоначалникот на Македонска Каменица, Димчо Атанасовски на новиот епископ му посака долгогодишна служба очекувајќи добра соработка помеѓу општината и новоформираната епархија. -Чест и задоволство е да се биде денес овде присутен во овој храм во Делчево. Можеме да бидеме среќни бидејќи двете општини стануваат епархија, да му честитаме на епископот Марко и да посакаме да не води во прав правец, да не собира околу божјите храмови, да даваме се од себе да помагаме на црквата да имаме добра соработка како што имавме досега со митрополитот Иларион, сега истото се надеваме со епископот Марко, му посакувам долги години служење во нашата епархија, рече Атанасовски. Верниците од двата града и пошироко се радосни што конечно овој регион добива своја епархија. -Горда сум што Делчево го дочека овој миг, доби свој владика кој денес се востоличи. Септември е значаен месец за Делчево, 7 Септември Ден на ослободувањето, 8 Септември Ден на независноста и 17 Септември Ден на востоличувањето на Епископ Марко на чело на Делчевско-каменичката епархија. Да бидеме верни кон Бога и благодарни кон сето тоа што ни го подари. Само со љубовта ќе опстоиме затоа што господ Бог е љубов, кој го љуби Бог се љуби самиот себе, рече делчевката Зорка Димитровска. Со чинот на востоличување на нови епископи и во други епархии верниците очекуваат целиот народ да се приклучи кон целата православна екумена. -Дојдов овде со голема радост да присуствувам на оваа литургија како што бев и во Крушево каде се устоличуваше митрополитот Крушевски, а денес присуствувам и на востоличувањето на епископ Марко на чело на Делчевско-каменичката епархија. Очекувам дека квасецот што ПОА го стави во Македонија како канонска црква дека ќе овозможи навистина целата црква и сиот верен народ да се приклучи кон целата православна екумена, рече посетителка од Скопје. Одлуката Делчевско-каменичката епархија да биде формирана како посебна епархија е донесена на 20 јуни 2023 година како една од 15 епархии во јурисдикција на МПЦ-ОА. Седиште на новоформираната епархија е во Делчево со јурисдикција на градовите Делчево и Македонска Каменица заедно со селата во овие општини. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЌе ги отстрани ли новиот Кривичен законик штетните последици од 2023 година?15:00Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Жителите на Каменик ќе добијат систем за водоснабдување, проект во соработка помеѓу Кисела Вода и Владата11:55
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Шоу бизНовата снимка од Мараја Кери предизвика загриженост, фановите коментираатСнимка од Мараја Кери во Бразил предизвика загриженост кај нејзините обожаватели. На социјалните мрежи, луѓето почнаа да се прашуваат дали сè е во ред со 57-годишната пејачка, откако видео од нејзино јавно појавување покажа дека таа се движи малку нестабилно додека излегува од автомобил. За време на престојот во Бразил, пејачката делеше автограми и се фотографираше со фановите кои се собраа да ја поздрават, држејќи транспаренти. Иако изгледаше добро расположена, некои гледачи забележаа дека ѝ треперат рацете и дека чекори несигурно. Снимката беше објавена на „TikTok“. Фановите се прашуваат дали сè е во ред „Дали треба да се грижиме?“ – праша еден корисник на „TikTok“. „Изгледа како да чувствува болка“, напиша друг, додека трет ѝ посака добро здравје на пејачката: „Се молам за неа и ѝ испраќам убави желби на нашата Божиќна кралица“. Сепак, не сите ја протолкуваа оваа ситуација како причина за загриженост. Некои укажаа на конкретните услови во кои се движеше пејачката: врнеше дожд, теренот беше закосен, а Кери носеше високи потпетици. „Како прво, врне дожд. Второ, теренот е закосен. Трето, таа носи високи потпетици. Четврто, не сака да падне“, напиша еден корисник. На снимката се гледа и како нејзиниот асистент ја држи околу половината додека таа поминува покрај фановите. Засега нема информации кои укажуваат на тоа дека Мараја Кери има некакви здравствени проблеми, а самата снимка не е доволна за да се донесе таков заклучок.Тагови: Мараја Кери Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Технологија„Microsoft“ и големиот прекин – што навистина се случи?Услугите на „Microsoft“ конечно работат правилно по повеќе од 24 часа –што навистина тргна наопаку?„Microsoft“ го реши големиот проблем што предизвика повеќе од 24 часа застој на „Microsoft 365“, тоа предизвика сериозни прекини во работењето на бизнисите и владините агенции низ целиот свет. Проблемите започнаа на 12 ноември околу 17:17 часот по средноевропско време, кога услугата „Exchange Online“ падна. Малку повеќе од два часа подоцна, проблемите се проширија на остатокот од платформата „Microsoft 365“. Што го предизвика тоа? „Microsoft“ првично се сомневаше дека невообичаено големиот сообраќај е причина за проблемите. Сепак, последователната истрага покажа дека неколку серверски системи неочекувано престанаа да работат, оставајќи ги преостанатите сервери неспособни да се справат со зголеменото оптоварување. Обидите за рестартирање на серверите беа неуспешни, бидејќи тие повторно престанаа да реагираат откако се врати сообраќајот. Компанијата на крајот утврди дека проблемот е поврзан со претходно надградување на капацитетот на мрежата, предизвикано од последователна промена во мрежната инфраструктура. Потоа инженерите применија поправка на компонента одговорна за автентикација и насочување на сообраќајот. Обновувањето беше спроведено постепено, со обработка на заостанати е-пораки. „Microsoft“ нагласи дека нема докази за злонамерна активност и дека вештачката интелигенција не е причина за проблемот. Кој беше засегнат? Покрај „Outlook“ и „Exchange Online“, прекините влијаеја на календарите на „Teams“, закажувањето состаноци, „Copilot“, „SharePoint“ и „Intune“. Некои функции продолжија да работат за време на прекинот. Влијанието се почувствува надвор од технолошкиот сектор. Националната здравствена служба на Велика Британија (NHS) мораше да се потпре на алтернативни системи, додека индиските авиокомпании „Air India“, „IndiGo“ и „Akasa Air“ пријавија проблеми со поддршката за е-пошта. Проблемите влијаеја и на финансиските институции. Една тајванска компанија дури мораше да користи факс за да ги потврди трансакциите со акции. Според „Downdetector“, имало повеќе од 7,4 милиони пријави за проблеми низ целиот свет. Сепак, овој број не го претставува вкупниот број на индивидуални корисници погодени од прекинот. Извор: Б92Тагови: Microsoft Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаФранција на нозе: 200.000 луѓе на улицитеФранцуската полиција уапси 121 лице за време на протестите одржани низ целата земја, објави француското Министерство за внатрешни работи.Според Министерството, околу 106.000 луѓе учествувале во демонстрациите, додека синдикатите проценуваат дека околу 200.000 граѓани се собрале на улиците. 22 лица се приведени во Париз, вклучувајќи тројца малолетници. Апсењата се главно за носење оружје од категорија Д, навреди и кршење на забраните за посетување одредени места или учество во демонстрации, објавува „BFMTV“. Според полициските податоци, околу 24.000 луѓе протестираа во француската престолнина, додека младинските синдикати проценуваат дека на улиците имало близу 100.000 демонстранти. Низ цела Франција се одржаа повеќе од 60 протестни собири. Во Париз истовремено се одржаа три одделни демонстрации - против предлог-закон за претпоставка за легална употреба на оружје од страна на безбедносните сили, меѓународен марш против насилството врз децата и протест на движењето „Жолти елеци“ против зголемувањето на трошоците за живот. Тензии беа пријавени во Париз, Бордо, Нант, Лион и Руан. На Плоштадот на нацијата во Париз, полицијата употреби солзавец за да ја растера толпата, што предизвика први знаци на паника кај демонстрантите. Во Нант, полицијата употреби водени топови, додека во Бордо беа пријавени судири за време на кои некои демонстранти фрлаа предмети кон полицијата. Во Тулуз, според организаторите, протестираа 6.000 луѓе, додека полицијата соопшти дека имало 1.800. Собирот помина без инциденти. The Protests in France are Massive https://t.co/CefTcDvpqL — Ryan Rozbiani (@RyanRozbiani) November 14, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter