КултураЕпископ Липљански г. Доситеј во посета на Бигорски манастирВо посета на Бигорскиот манастир беше Неговото Преосвештенство Епископ Липљански г. Доситеј, викар на Патријархот српски г. г. Порфириј.- Во отсуство на Старецот на Обителта, преосвештениот епископ Антаниски г. Партениј, со негов благослов, ценетиот архиереј и неговата придружба беа достоинствено пречекани од манастирскиот економ Архимандрит Доситеј и од присутните браќа во Манастирот, информираа од Бигорскиот манастир. Додаваат дека по свеченото иподохи и многулетието во храмот, драгиот гостин бил примен во големиот синодикон, каде што разговарал со Архимандритот Доситеј за животот во манастирот. Исто така, отец Доситеј го запознал со главните содржини на манастирот, вклучувајќи ја Книгохранителницата, каде високиот гостин се запишал во книгата за впечатоци. - Благодарен Му сум на Бога и на Свети Јован Претеча што се удостоив на посетата и што се поклонив на Бога во оваа света и многу древна Обител. Му благодарам и на Неговото Преосвештенство г. Партениј и на целото во Христова братство негово, за укажаната љубов и гостопримство, запишал Митрополитот г. Епископ Липљански г. Доситеј. Деновиве во Бигорски престојуваше г. Лукијан Будимски и администратор Темишварски. Со оглед на тоа што тој за првпат доаѓа во овој манастир и нему му беше приреден официјален манастирски пречек – иподохи.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиДенес променливо облачно со повремени врнежи09:00На коалициска средба ќе се пеглаат разликите во владата околу полагањето на Правосудниот испит15:00Скопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
МакедонијаСДСМ: Според ММФ Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жителМакедонија е рангирана на 41. место меѓу 48 европски економии според проектираниот БДП по жител за 2026 година. На врвот на листата се Лихтенштајн, Луксембург и Ирска. Според проекциите на ММФ, БДП по жител во Македонија ќе изнесува 11.762 долари. Од земјите во регионот, пред нас се Србија со 17.126 долари, Црна Гора со 16.211 долари и Албанија со 13.968 долари. Босна и Херцеговина е на 43. место. Разликата со најбогатите европски економии останува огромна - Германија има повеќе од пет пати повисок БДП по жител. Ова е реалната состојба на економијата. Не бајките на Мицкоски за трета економија во Европа. Не лагите за најбрз раст на платите и пензиите. Реалноста е 4 милијарди евра ново задолжување за две години. Реалноста е очекуваното поскапување на парното и струјата. Реалноста е дека нема зголемување на минималната плата - само бајки. Мицкоски самиот кажа дека пари во буџетот нема ни за избори, затоа што државата би банкротирала. Сега на граѓаните им е јасно во каква состојба е економијата во земјата и сè она што СДСМ го зборува последната година. Мицкоски се бори само за своите криминални тендери и за својот профит како шеф на организираната криминална група што ќе ја осиромаши земјата во целост. Единственото што сеуште се плаши е да ги сокрие податоците од Aлта банка, банката на неговиот шеф Вучиќ. Зошто? Затоа што Мацура е нивниот личен банкар. Пари во буџетот нема, но знаеме каде има - кај Мицкоски и неговата банда. Вистината излегува на виделина. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаОткриени милијарди во унгарските шуми, Маѓар со остра реакцијаВо Унгарија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имотВо Унграрија отриени „големи количини готовина закопани во шуми, скриени во земјоделски објекти, магацини и еден станбен објект, како и чувани во сеф со голема вредност на скриена локација“, објави Националната канцеларија за повраток и заштита на имот. Пронајдените средства вклучуваат повеќе од 5 милијарди форинти, приближно 2,6 милиони евра и 1,2 милиони долари, вкупна вредност од околу 18,1 милион долари. Парите биле откриени по дводневна претрага во главниот град Будимпешта и во три унгарски окрузи. Националната канцеларија за повраток и заштита на имот, неодамна формирана од новата унгарска влада, има истражни и обвинителски овластувања за постапување по предмети што се однесуваат на злоупотреба на јавни средства и сомневања за корупција – појави за кои критичарите на Орбан тврдат дека биле широко распространети за време на неговото 16-годишно владеење. Заплената е дел од кривична постапка против поранешниот министер за национален развој, Миклош Шестак, кој ја извршуваше таа функција за време на мандатот на Орбан. Шестак е осомничен дека примил повеќе од 37,2 милиони долари во вид на мито и провизии, поврзани со набавка на возила за унгарската државна автобуска компанија, како и преку државни градежни проекти. Тој беше приведен од полицијата кон крајот на септември. Видеото објавено на Фејсбук од Националната канцеларија за повраток и заштита на имот прикажува истражители кои клечат покрај големи купишта готовина, како со лопати копаат во земјата, ноќе, на локација што наликува на шума. This officially marks the end of the Fidesz-KDNP mafia! More than 6 billion forints’ worth of cash, buried or otherwise concealed, was found and seized yesterday and today by the National Asset Recovery and Protection Office (NVVH) as part of the criminal investigation into Miklós Seszták, a former minister in @PM_ViktorOrban's government. Here is the full statement of the NVVH: "On 12 and 13 November 2026, the National Asset Recovery and Protection Office carried out coordinated investigative operations at several locations across the country, including Budapest and Pest, Békés and Nógrád counties, as part of the criminal proceedings against Dr Miklós Seszták, former Minister of National Development. During the searches, investigators found large quantities of cash buried in forests, hidden in agricultural and warehouse buildings and in a residential property, as well as stored in a high-value safe at a hidden location. The total amount of cash recovered during the two-day operation was 5,071,632,000 forints, 2,658,350 euros and 1,257,100 US dollars. The cash was deposited with the Hungarian State Treasury by NVVH personnel today. The NVVH would like to thank the officers of the Criminal Technical Department of the National Bureau of Investigation and the Rapid Response Police for their assistance during the investigative operations, as well as the National Tax and Customs Administration and the Hungarian State Treasury for their cooperation." — Magyar Péter (Ne féljetek) (@magyarpeterMP) November 13, 2026 Унгарскиот премиер Петер Маѓар, кој вети дека ќе бара одговорност за наводна корупција за време на владеењето на Орбан и дека ќе ги врати проневерените јавни средства, изјави дека 12 вработени во Унгарската државна каса поминале осум часа броејќи ги пронајдените пари, користејќи пет машини за броење готовина. Тој истакна дека ова откритие „официјално го означува крајот на мафијата на Фидес-КДНП“, мислејќи на поранешната владејачка коалиција на Орбан. – Од денес, Виктор Орбан е докажан мафијашки бос. Паднат мафијашки бос. А Фидес е криминална организација, напиша Маѓар. Ова откритие е најновиот развој на настаните во напорите на владата да се справи со наводните злоупотреби извршени за време на мандатот на Орбан. Во понеделникот беше приведен и братот на Орбан, како дел од истрага за сомневања за трговија со луѓе и тргување со влијание. И неколку други функционери од ерата на Орбан, вклучително и поранешен гувернер на Централната банка, исто така се наоѓаат во полициски притвор поради сомневања за измама и корупција. Минатиот месец, Централното истражно обвинителство соопшти дека притворањето на гувернерот на Централната банка, Ѓерѓ Матолчи, е поврзано со наводна злоупотреба на фондација на Централната банка, која располагала со јавни средства во вредност од 288 милијарди форинти (817,8 милиони долари). Виктор Орбан, чија крајно десничарска партија „Фидес“ загуби од унгарската партија од десниот центар со проевропска ориентација, „ТИСА“, на одлучувачките избори во април, ги осуди истрагите и притворите, нарекувајќи ги форма на политичка „тиранија“ чија цел е тој целосно да се отстрани од политичката сцена.Тагови: Петер Маѓар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДимитровски се сретна со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун МанетСредба на заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет.Денес, во рамки на учеството на Министерската конференција на Франкофонијата во Пном Пен, заменик министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Зоран Димитровски, во својство на шеф на македонската делегација, оствари средба со премиерот на Кралството Камбоџа, Самдеч Моха Борвор Типадеј Хун Манет. На средбата, заменик министерот Димитровски изрази благодарност за укажаното гостопримство и срдечниот прием, пренесувајќи му честитки од претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, по повод Денот на независноста на Кралството Камбоџа кој се одбележа на 9 ноември. Тој истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете пријателски земји, што претставува значајна можност за нов импулс во нивното натамошно унапредување. Во таа насока, Димитровски ја нагласи важноста од интензивирање на билатералната соработка во сите области од заемен интерес, со посебен акцент на развојот на економските и трговските односи, упатувајќи и отворена покана до премиерот Хун Манет да ја посети нашата држава. Димитровски упати честитки за успешната организација на Министерската конференција и 20. Самит на Франкофонијата во Пном Пен, нагласувајќи дека членството во Меѓународната организација на Франкофонијата, како и соработката во рамките на Обединетите нации и другите мултилатерални форуми, претставуваат значајна основа за продлабочување на односите и зајакнување на меѓусебната поддршка на меѓународен план. Премиерот Хун Манет се согласи дека постои потенцијал за натамошно продлабочување на билатералната соработка, посочувајќи ја потребата од организирање политички консултации меѓу двете земји, како механизам за идентификување конкретни области и можности за нејзино унапредување. Притоа, тој ја истакна гордоста на Кралството Камбоџа што е домаќин на 20. Самит на Франкофонијата, кој обединува претставници на повеќе од 90 земји и претставува значаен израз на солидарноста, дијалогот и соработката во рамките на франкофонското семејство.Тагови: Зоран Димитровски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook