ЗдравјеЕпидемиолошката состојба во Куманово е стабилна, затворена е модуларната болницаЕпидемиолошката состојба во Куманово е стабилна, затворена е модуларната болница, на инфективниот оддел има 11 заболени од Ковид-19.Стабилна е епидемиолошката состојба во Куманово во однос на заболените од Ковид-19, информираа денеска надлежните од болницата. Модуларната болница пред Нова година е затворена, а на инфективниот оддел има само 11 хоспитализирани лица, позитивни на Ковид-19, во дневната амбуланта има од 30 до 40 прегледи, но не само за Ковид позитивните, туку и за други инфекции, карактеристични за зимските месеци. Благо зголемување на пациенти од друга патологија има на интерното одделение и на педијатрија. Во моментов во Куманово зголемен е бројот на граѓани, пред сè кумановци кои се вратени од земјите од Западна Европа за празниците. Директорката на болницата, Снежана Захариева денеска изјави дека има благо зголемување на бројот на прегледи по одделите, но ништо драстично. Зголемен обем на работа имаат интерното и одделението за педијатрија кои бележат благо зголемување. – Во годините на пандемијата малку подзаборавивме на сезонски грип, сега кај децата е вообичаена патологија, дури и на инфективниот оддел покрај пациенти со ковид се јавуваат пациенти со друга патологија, меѓу кои и сезонски грип, рече Захариева. Лекарите посакуваат стабилната епидемиолошка состојба со Ковид заболените да продолжи во наредниот период, што и засега согласно бројките е стабилна. На инфективниот оддел во моментов покрај единаесетте пациенти позитивни на ковид има и тројца пациенти со хепатит. Одговарајќи на новинарско прашање Захариева не исклучува дека е можно во Куманово да е постигнат колективен имунитет, бидејќи во 2020 година на инфективното одделение од Ковид биле хоспитализирани над 900 пациенти, 2021 дури 2.200. Сепак, таа предупреди дека е можно да има некое зголемување поради празничните дружби. Таа додаде дека во овој период има голем наплив на пациенти од соседните општини, пред сè Крива Паланка на речиси сите оддели. Посочи дека во иднина повисоките инстанци ќе мора да размислуваат за отворање стационарен хоспитален дел во Крива Паланка. – За жал многу голем наплив имаме на пациенти оттаму. Ова е голем проблем за кој ќе треба да се продискутира на повисоко ниво. Овие општини заслужуваат, барем во Крива Паланка треба да има и стационарен дел да има болница, не Здравствен дом, тоа не е мала општина кон неа гравитираат и Кратово, Ранковце, тие луѓе заслужиле да си најдат хоспитален третман, а не сите да бидат упатувани само за Куманово, истакна Захариева. Таа додаде дека станува збор за наплив на пациенти на другите оддели, педијатрија, хирургија, интерно, истакнувајќи дека сите хоспитализации се во Куманово, но додаде дека засега успеваат со постоечкиот добро екипиран кадар на лекари, сестри и друг персонал да одговорат на потребите на пациентите од Куманово и соседните општини.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветХамнеи ја зголеми борбената готовност: Иран се подготвува за можен нов судир Врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, им нареди на воените команданти да ги ажурираат своите листи со цели и да ја подобрат одбраната, со порака веднаш и ефикасно да одговорат на секоја закана.За време на состанокот со високи воени команданти, Хамнеи нагласи дека високото ниво на борбена готовност за силен одговор кон противниците е еден од клучните предуслови за постигнување максимално одвраќање. „Доколку непријателите повторно извршат воени или терористички напади, вооружените сили на Исламската Република и иранскиот народ ќе ги одредат времето и условите за нивниот крај“, изјави Хамнеи, според иранската новинска агенција ИРНА. Според него, ажурирањето на списокот со цели треба да овозможи различни материјални и нематеријални ресурси на Соединетите Американски Држави и Израел да бидат во дофат на иранските вооружени сили. Хамнеи, исто така, укажал на потребата од зајакнување на воено-разузнавачката инфраструктура, подобрување на одбранбените и безбедносните капацитети преку примена на нови технологии, како и развој на домашните воени капацитети во однос на доктрината и тактиката. Зборувајќи за состојбата во регионот, тој ја пофалил, како што се наведува, истрајноста на „фронтот на отпорот“ во различни земји, оценувајќи дека единството на неговите членови има стратешко значење за обликување на нов политички и безбедносен поредок во Западна Азија. Пораките на Хамнеи доаѓаат во време на зголемени тензии меѓу Вашингтон и Техеран, придружени со постојани закани од страна на САД за можни нови воени напади по изборите за американскиот Конгрес на 3 ноември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЗеленски: Околу 280.000 домаќинства во Украина останаа без струја Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади.Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека околу 200.000 домаќинства во Днипро и околните области, како и повеќе од 80.000 домаќинства во регионот на Киев, останале без електрична енергија по руските напади врз енергетската инфраструктура. Зеленски на платформата „Икс“ (X) наведе дека во текот на ноќта руски беспилотни летала ја погодиле термоелектраната во Киев, четири електрични потстаници во Днипропетровската област и термоелектраната во Шостка. Според него, цел на нападот била и железничката инфраструктура во Днипро и Харков, како и еден дистрибутивен објект во Днипропетровската област. Екипи за поправка работат на отстранување на последиците од нападот и на воспоставување на снабдувањето со електрична енергија, рече Зеленски. Истовремено, тој ја повика меѓународната заедница да ѝ пружи дополнителна поддршка на Украина, предупредувајќи на опасноста од понатамошно проширување на руската ескалација во Европа. Тој побара нови пакети помош за Украина и воведување дополнителни санкции против Русија.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаТри маскирани лица ограбиле обложувалница во ЧаирОграбена обложувалница во Чаир, тројца вооружени со маски му се заканувале на вработениот.Три маскирани лица ограбиле спортска обложувалница на подрачјето на Чаир во Скопје, при што со огнено оружје му се заканувале на вработениот, објави ТВ21. Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен на 30 октомври, во 23:54 часот. „Три лица од машки пол, со закана со огнено оружје, му ги одзеле на вработениот парите од дневниот промет“, соопшти МВР. Од полицијата информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и идентификување на сторителите.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook