СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
1СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!
3АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица
ЗдравјеЕпидемиологот кој го осмисли шведскиот модел: Затворањето на границите е смешноДодека низ цела Европа се воведоа строги мерки против ширење на коронавирусот во февруари и март, Шведска се истакнуваше од првиот ден.Шведска не воведе карантин или строги мерки на социјална оддалеченост. Наместо тоа, се потпира на довербата во своите граѓани - на постарите лица им се советува да не излегуваат надвор и да избегнуваат контакт со други луѓе, додека на другите им се препорачува да работат од дома, редовно да ги мијат рацете и да избегнуваат непотребно патување. Границите и училиштата останаа отворени, како и многу бизниси, ресторани и кафулиња. Овој пристап доби многу критики. Меѓу критичарите минатата недела се најдоа 22 научници кои во весникот ,,Дагенс Нихтер’ објавија дека шведските здравствени власти потфрлиле и ги повикале политичарите веднаш да преземат построги мерки. Тие предупредија на големиот број смртни случаи во старечките домови. Човекот кој стои зад шведскиот модел е Андерс Тегнел, епидемиолог во шведската агенција за јавно здравје. Тој објасни за списанието „Nature“ зошто го одбрал овој пристап. „Мислам дека има доволно публицитет за тоа колку е уникатен нашиот пристап. Исто како и во другите земји, нашата цел е да ја израмниме кривата и да го забавиме ширењето на вирусот колку што е можно, во спротивно ќе се закани на нашиот здравствен систем и на целото наше општество. Ова не е болест што може да се запре или искорени, барем додека не се произведе вакцина. Треба да најдеме долгорочни решенија кои ќе ги одржуваат стапките на инфекција на прифатливо ниво. Она што секоја држава се обидува да го направи е да ги користи мерките и традициите за да ги спроведе. И затоа решивме работите да ги правиме малку поинаку. Законите за инфективни болести во Шведска главно се засноваат на доброволни мерки - тоа е индивидуална одговорност. Јасно се наведува дека граѓанинот има одговорност да не ја шири болеста. Ова е јадрото од каде што започнавме, затоа што според сегашниот закон, нема многу правна можност да ги затвориме градовите во Шведска. Карантинот може да се воведе за поединци или мали простори, како што е училиште или хотел. Но, правно не можеме да ставиме во карнатин географска област“, објаснува Тегнел. „Тешко е да се зборува за научните основи на стратегијата со овие видови на болести, затоа што не знаеме многу за Ковид-19 и учиме од ден во ден. Според мое мислење, затворањето на границите и градовите, ниту едно од овие методи нема историска научна основа за да утврдиме дали има каква било анализа за ефектите од овие мерки пред да бидат воведени, а ние не откривме скоро ништо. Затворањето на границите, според мене, е смешно, затоа што КОВИД-19 сега постои во секоја европска земја. Повеќе сме загрижени за неговото ширење во Шведска. Како општество, постојано сме потсетувани дека луѓето користат мерки, а ние ги менуваме од ден на ден во области каде што гледаме дека треба да се променат. Не треба да затвориме сè целосно, бидејќи тоа би било контрапродуктивно “, заклучува тој. „Околу 15 лица од агенцијата се состануваат секое утро и ги ажурираат одлуките и препораките според собраните и анализираните информации. Разговараме со регионалните власти двапати неделно. Нашиот најголем проблем во моментов се нашите пензионерски домови, каде што бележиме зголемена појава на коронавирус. Ова е причината зошто смртноста е поголема во Шведска во однос на соседите. Истрагата е во тек затоа што треба да разбереме кои препораки не беа следени и зошто “, објаснува тој. "Агенцијата за јавно здравје објави детално моделирање од регион до регион и донесе многу помалку песимистички заклучоци од другите истражувачи во врска со хоспитализациите и смртните случаи на илјада заразени. Има зголемување, но ситуацијата не е трауматична. Секако дека одиме во епидемиска фаза каде што ќе да се забележат многу повеќе случаи во следните неколку недели - со повеќе луѓе на интензивна нега - но ова е исто како и во која било друга земја. Ниту една земја во Европа не успеа значително да го намали ширењето на вирусот. Што се однесува до училиштата, убеден сум дека тие ќе останат отворени на национално ниво. Ние сме во епидемија и според мене науката покажува дека затворањето на училиштата во оваа фаза нема никаква смисла. Требаше да ги затворите училиштата прилично рано на почетокот на епидемијата за да има влијание. Во Стокхолм, од каде што се повеќето заразени, сега сме близу до врвот на кривата, така што затворањето на училиштата е беспредметно во оваа фаза “, опишува Тегнел. „Многу е тешко да се утврди; премногу е рано. Секоја земја мора да го достигне имунитетот на стадо (кога голем дел од населението е имуно на инфекцијата) на еден или друг начин, и ќе стигнеме до тоа на поинаков начин. Досега, на глобално ниво се пријавени многу малку случаи на повторена инфекција. Не знаеме колку долго ќе трае имунитетот на стадото, но дефинитивно има имунолошкиот одговор “, вели шведскиот епидемиолог. Ги потценивме проблемите во старечките домови и како тие ќе бидат имплементирани. Требаше да ги контролираме потемелно “, вели тој. "Да! Знаеме дека КОВИД-19 е исклучително опасен за многу стари лица, што секако е лошо. Но, гледајќи ги пандемиите, има многу полоши сценарија од ова. Поголемиот дел од проблемите што ги имаме во моментов не се резултат на заболувања, туку заради мерките кои што во некои средини не се применуваат правилно. Смртта на старите лица е проблем со кој се бориме со децении. “ , заклучува епидемиологот во интервјуто за стручното списание Nature.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаСДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката. Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија. Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС. Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата. На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи. Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески. Во исто време нема реакција на обвинителството. Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа. Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија. Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски? Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач. Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда. На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката. Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски. Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара. СДСМТагови: СДСМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Живот„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионкаАмериканскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е кинески шпион.Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг. Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“. Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца. Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаВо болница почина убиецот од Полска Напаѓач кој во саботата уби шест лица во Краков, Полска, при смртоносен напад на главниот градски плоштад, почина во болница, објави новинската агенција Ројтерс, повикувајќи се на полициски извори.24- годишниот убиец бил прогласен за мртов во 4:30 часот наутро. „Уште од самиот почеток, неговата состојба беше многу сериозна, критична. Се водеше постојана борба за спасување на животот на овој човек, и покрај злото што го стори. Тој имаше најмалку три операции“, стои во соопштението. Нападот на Главниот плоштад во Краков се случи во саботата, околу 15 часот. Дваесет и четиригодишен маж со автомобил влета на плоштадот и почна да пука кон луѓето што се наоѓале таму. Шест лица загинаа, а 16 беа повредени, меѓу кои и полицајците што интервенираа, како и самиот сторител. Напаѓачот беше застрелан за време на размена на оган со полициски службеници и е приведен. Околностите на нападот и мотивот на сторителот се предмет на тековна истрага во која се вклучени обвинителството и специјалните служби. Истиот ден, во семејната куќа на Михал О. на улицата Тилна во Островјец Свјентокшиски, полициските службеници пронашле тела на три лица, членови на семејството на напаѓачот. Станува збор за 53-годишен татко, 52-годишна мајка и 21-годишна сестра.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29
АЛТА банка ги зголемува лимитите на платежните картички и отвора два нови шалтера во Тетово и Струмица08:35
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44