ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
2ВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктура
3МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ: Ако нема гаранции за членството во ЕУ, тогаш Преспанскиот договор бил договор без гаранција
3„Новак, ова е чисто лудило“: Моника Селеш го гледаше Ѓоковиќ во живо, а потоа ѝ се обрати на неговата ќерка Тара
ЗдравјеЕпидемија на менингитис во Нигерија, починаа 20 ученициНајмалку 20 ученици починааа од менингитис во Јобе, северна Нигерија. Мохамед Идрис, еден од службениците на Министерството за образование на државата Јобе, рече дека во некои училишта во областа се регистрирани случаи на менингитис. Идрис изјави дека 20 студенти починале како последица на менингитис, а некои се хоспитализирани. Тој изјави дека ги засилиле здравствените мерки против епидемијата на менингитис и ги преземале неопходните мерки на претпазливост. Нигериската Влада најави дека презема нови мерки за да ја победи болеста до 2030 година. Менингитисот е сериозна инфекција и голем предизвик за јавното здравје. Блискиот контакт или живеењето со заразено лице овозможува ширење на болеста. Менингитисот, кој може да се пренесе преку воздухот, може да го зафати целото тело, почнувајќи од мозокот. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветПронајдени остатоци од товарниот авион „БоингПакистанските спасувачи ги пронајдоа остатоците од товарен авион „Боинг“ за време на подводна операција за пребарување во водите на Арапското Море, 12 часа откако авионот исчезна од радарот покрај брегот на Карачи.Во тек се напори за пронаоѓање на петте членови на екипажот кои биле во авионот, соопштија пакистанските власти, пренесува Ројтерс. Остатоци од товарниот авион „Боинг 737“ на „К2 Ервејс“ беа пронајдени 53 наутички милји (98 километри) јужно од пристаништето Ормара, соопшти пакистанската Управа за цивилно воздухопловство. „K2 Airways“, операторот на авионот, соопшти дека екипажот се состоел од двајца пилоти, двајца инженери и еден помошен работник. Надлежните сè уште немаат издадено официјално соопштение за нивната состојба, иако пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф изрази „искрено сочувство“ до нивните семејства. 🚨 BREAKING: A Boeing 737-400 freighter has gone missing in the Indian Ocean, just past the Gulf of Oman, after taking off from the UAE Flight tracking data shows an EXTREMELY rapid descent, dropping approximately 35,000 feet in less than 2 minutes, before disappearing from… pic.twitter.com/HSXCoVgtfm — Nick Sortor (@nicksortor) July 7, 2026 Сервисот за следење летови „Flightradar24“ наведе дека авионот најверојатно се урнал во морето југозападно од Карачи, по серија нагли промени во висината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваМундијалското финале како Супербол- Мадона, Шакира, Колдплеј,Џастин Бибер.... на финалето во ЊујоркПејачот Џастин Бибер ќе настапи на полувремето од финалето на Светското првенство, заедно со претходно најавените Шакира, Мадона и К-поп групата БТС, објавија организаторите на натпреварот.Финалниот натпревар на Светското првенство во Њујорк ќе се одигра на 19 јули. За првпат, за време на полувремето од финалето на Светското првенство ќе се одржи музички настап („half-time show“); тој ќе трае 11 минути, а водител и креатор на програмата е Крис Мартин од групата „Колдплеј“ (Coldplay). Се наведува дека се очекува Бурна Бој да настапи заедно со Шакира и дека тие двајца заедно ќе ја изведат една од химните на овогодишното Светско првенство – песната „Dai Dai“. Својот настап го потврди и канадската поп-ѕвезда Џастин Бибер . „Светското првенство го поврзува светот на начин на кој ништо друго не може. Благодарен сум што сум дел од овој настан, а уште повеќе сум задоволен што помага да се прошири пристапот до образование за децата ширум светот“, коментираше Бибер во врска со неговото учество. Покрај споменатите, на шоуто на полувреме ќе настапат нигерискиот пејач Бурна Бој, венецуелскиот диригент Густаво Дудамел, бендот Колдплеј и хор од основно училиште во Њујорк, според фондот за Глобално граѓанско образование. Глобално граѓанско образование, во партнерство со ФИФА, е одговорно за шоуто на полувреме, а собраните средства ќе бидат донирани за образование на децата ширум светот. Настанот ќе го води Крис Мартин од Колдплеј, а ќе настапат и познати ликови од *Шоуто на Мапетите* и *Улицата Сезам*. Финалето ќе се одржи на 19 јули на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд, Њујорк. Шоуто на полувремето ќе потсетува на годишниот Супербоул - шампионатот во американски фудбал на НФЛ - а претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, веќе изјави дека претставата ќе биде „навистина најголемата сцена досега, со неколку милијарди гледачи“.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВМРО-ДПМНЕ: Додека некои само се сликаа со маици со бројки, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со засилено темпо ја гради и модернизира патната инфраструктураСо преземањето на одговорноста, ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи македонската влада, си постави цел и стратешка визија, државата да стане клучна сообраќајна крстосница во балканскиот регион.Тоа што можеме да го кажеме сега, две години после парламентарните избори и формирањето на владата, е дека со засилено темпо се работи на остварување на оваа цел и Македонија се гради подеднакво во сите делови. Прво се изградија и се пуштија во употреба експресните патишта Градско-Фариш и Страцин-Крива Паланка, кои се многу значајни сообраќајни патни артерии за овие населени места. Со многу засилено темпо се изведуваат градежните работи на веќе започнатите автопатиштата кои се дел од Коридорите 8 и 10Д Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчани и Прилеп-Битола и на терен е видлив многу голем напредок. Се решија наследени проблеми на автопатот Кичево-Охрид, како што се и свлечиштата на косините со таканаречените галерии, и интензивно се работи за што поскоро негово целосно завшување. Се потпиша договор за финансирање, избрани се консултантот и изведувачот и следниот месец почнува изградбата на автопатот Скопје-Блаце со кој Македонија ќе ја поврзе со Косово и со пристаништата во Црна Гора и Албанија. И во ваквиот градежен бум невиден во поновата историја на Македонија не се заборавени ниту истокот, ниту југоисточниот дел од државата. Започнаа подготовките и за експресните патишта Кочани-Виница-Делчево и Струмица-Радовиш, проекти кои долги години се најавуваа а ниедна власт до сега не ги изгради. Градежништвото, како нискоградбата така и високо градбата, претставува двигател на економијата и главен драјвер на економскиот развој. Изградбата на модерни и современи патиштата значи побрз развој на економијата, туризмот, побрз и побезбеден проток на патници и стоки. Додека некои само се сликаа со маици со бројки од Коридорите, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ со забрзано темпо гради патишта, автопатишта, експресни во сите делови од државата и ја модернизира патната инфраструктура. Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook