Епидемија на ебола во Конго: Повеќе од 118 мртви, инфекцијата се шири - Канал 5

Епидемија на ебола во Конго: Повеќе од 118 мртви, инфекцијата се шири

Најмалку 118 смртни случаи се регистрирани во епидемијата на ебола во Демократска Република Конго, а повеќе од 390 лица се заразени, соопштија локалните власти. 

Епидемија на ебола во Конго: Повеќе од 118 мртви, инфекцијата се шири

Портпарол на конгоанската влада потврди дека инфекцијата се шири во нови области.

Во соседна Уганда, според податоците од американските Центри за контрола и превенција на болести (CDC), потврдени се двајца заразени и еден смртен случај.

Светската здравствена организација (СЗО) ја прогласи оваа епидемија, предизвикана од сојот Бундибугио на вирусот ебола, за криза на јавното здравје од меѓународно значење, пишува Би-Би-Си.

Како што се шири смртоносната епидемија, владата на Конго се обидува да ја смири јавноста, нагласувајќи дека нејзините тимови работат напорно за следење и истражување на сомнителните случаи и дека нема причина за паника.

Сепак, загриженоста расте бидејќи се потврдени нови случаи во области како што се Њакунд во покраината Итури, Бутемба во Северен Киву и градот Гома.

Меѓу заразените е и американски лекар кој работи во ДР Конго, што е потврдено од CDC и медицинската мисионерска организација за која работел. Тој ќе биде префрлен во Германија на лекување, објави Си-Би-Ес њуз, американскиот партнер на Би-Би-Си.

Според извори на CBS News, најмалку шест американски државјани биле изложени на вирусот ебола во Демократска Република Конго. ЦДЦ соопшти дека ја поддржува „безбедната евакуација на мал број Американци кои се директно погодени“, но не прецизираше колкумина.

Здравствениот портал STAT, повикувајќи се на свои извори, објави дека американската влада организира транспорт на мала група Американци на безбедна локација за карантин, можеби во американска воена база во Германија, но оваа информација не е официјално потврдена. На прес-конференцијата во недела, ЦДЦ одби директно да одговори на прашања за засегнатите американски граѓани.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

​Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промивира како иднина на Македонија ако тој дојде на власт.

Манасиевски: Тепачи, трговци со дрога и роднини на Заев, тоа се децата на Филипче кои ги промoвира како иднина на Македонија ако дојде на власт

Талогот од СДС си го покажа вистинското лице.

Христијан Ефтимов, Илија Стојанов, Зоран Трифуновски, Филип Андов Сокол и други лица од СДС, ќе бидат иднината на Македонија ако Венко Менгеле дојде на власт.

Каков претседател такви кадри. Заев аболициран криминалец, Ковачевски со неколку кривични пријави и судски процеси за кои се сомничи, Филипче човекот на кого му се запали модуларна болница и над 10.000 граѓани во КОВИД кризата го загубија животот, ете тоа е талогот на општеството, талогот од СДС.

И никој не одговара или пак е само условно осуден, затоа што обвинителско-судскиот систем го држат Заеви и Филипче.

Ваквите луѓе не можат и не смеат да бидат иднината на Македонија.

Македонија не смее да дозволи нов Заев на политичката сцена.

YouTube video

Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Голема потрага е во тек на Преспанското Езеро откако 71-годишен маж од Скопје исчезна во водите во близина на ресенското село Сливница.

Потрага по 71-годишен скопјанец во Преспанското Езеро, скокнал по веслата кои паднале во водата

Случајот бил пријавен во СВР Битола вчера околу 12:30 часот, кога на брегот излегле двајца рибари и известиле дека нивните двајца сопатници останале на езерото. Според пријавата, 71-годишниот М.М. скокнал во езерото за да ги фати веслата што паднале од чамецот, но повеќе не излегол на површината. Во меѓувреме, силниот ветер го однел чамецот со другиот рибар на околу 1.000 метри од брегот, во правец кон Крани.

Во акцијата за пронаоѓање и спасување вклучена е и специјализирана нуркачка екипа од специјалната антитерористичка единица „Тигар“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

Нападот врз младите во Ново Село е кривично дело што се гони по службена должност.

Штерјова: Обвинителството молчи за нападот на младите во Ново Село, а насилниците од ВМРО се познати

Според Законот за кривичната постапка, Јавното обвинителство е должно да постапи штом има сознание - не мора да чека никого да поднесе пријава.

Има сознание. Има јавни изјави. Има барања. Има имиња.

А Обвинителството - молчи. Државниот јавен обвинител Савески е на „екскурзија“. Тој и онака ретко се јавува кога народот бара правда.

Се јавува само кога ќе го повика Мицкоски - преку медиуми, од собраниска говорница или директно по телефон.

Кога граѓаните бараат заштита, Савески или не се јавува, или е на екскурзија и не може.

Во меѓувреме, од десетиците што учествуваа во нападот, веќе се познати барем двајца:

• Петар Марков - пратеник на ВМРО

• Наско Димитриев - член на ВМРО и возач на градоначалникот.

Едниот е пратеник. Другиот е човек близок до локалната власт на ВМРО.

А Обвинителството сè уште „не знае“ кој ги нападна младите.

Ова е свесно одбивање да се заштитат граѓаните кога насилниците се од владејачката структура.

Додека Савески е на екскурзија, а Мицкоски на своја, младите остануваат без заштита, а насилниците - без одговорност.

Доаѓа време кога и ова ќе мора да се објасни.

YouTube video

Прес конференција на СДСМ, Кети Штерјова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер