ЕП: Светскиот шампион Шпанија последен противник на Македонија - Канал 5

ЕП: Светскиот шампион Шпанија последен противник на Македонија

Нашата најдобра ракометна репрезентација денеска со дуелот кој започнува од 16 часот против актуелниот светски шампион Шпанија ги завршува натпреварите на Европското првенство во Данска.

ЕП: Светскиот шампион Шпанија  последен противник на Македонија

По двата порази на стартот на Групата – А од Унгарија и Исланд , против светскиот првак избраниците на Обраван во натпревар за престиж ќе се обидат да одиграат што подобра меч да заборават на лошите изјави дадени по неуспехот против Исланд .

На црвената фурија нашиот национален тим ќе и се спротивстави без искусниот Бранко Ангеловски , кого селекторот Ивица Обрван поради изјавите дадени по мечот со Исланд го отстрани од селекцијата .

Како и пред натпреварот со Исланд така и пред дуелот со Шпанија капитенот на црвено жолтите Кире Лазаров поради болки во препоните повторно го прескокна последниот тренинг , но нашиот најдобар стрелец сигурно и денеска ќе биде на теренот и ќе се обиде да ги води своите соиграчи до добра игра и позитивен резултат против супер квалитетниот ривал.

Македонија денеска против силната Шпанија нема што да загуби , светскиот шампион сигурно ќе биде потстрек за сите наши репрезентативци да го дадат максимумот и да се обидат да остварат што поповолен резултат.

Шпанија во 2 коло се мачеше против селекцијата на Австрија , што значи дека светските шампиони на првенството во Данска се далеку од игрите кој ги прикажаа на Мундијалот на кој беа домаќини. Австрија ни покажа дека со максимален ангажман на теренот може да се игра рамноправно и со многу поквалитетни ривали. Посакуваме и црвено жолтите денеска да не израдуваат со една одлична партија.


Денеска повторно на испит ќе биде нашето најсилно оружје одбраната ,но ќе биде потребна и многу подобра реализација во нападот.

Инаку досега на ЕП во данска имаме скор од три порази едно реми и само една победа . Во Групата 1 сме на петата позиција со два бода , зад нас е Австрија без бодови.
На првата позиција во Групата е домаќинот Данска со максимални 8 бодови ,пред Шпанија со 6, Исланд со 5 и Унгарија со 4 бодови. По дуелот Македонија – Шпанија во 3 коло до групата 1 вечерва ќе играат и Унгарија – Австрија и Данска – Исланд.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

Јавниот обвинител на Македонија Ненад Савески учествуваше на 5. Работен форум на државни јавни обвинители од балканските земји, што се одржа во Анталија, Р.Турција.

Савески учествуваше на форум на балканските државни обвинители во Анталија

На форумот, Савески имаше излагање на тема “Финансирање тероризам, перење пари и конфискација на незаконски стекнатиот имот”.

Во излагањето, тој се осврна на искуствата на нашата земја во борбата против финансискиот криминал, предизвиците за лоцирање и одземање на незаконскиот имот, но и на чекорите што ги презема македонското јавно обвинителство за поефикасен кривичен прогон на перењето на пари и зголемување на обемот на конфискацијата.

“Ефективниот одговор мора да опфаќа повеќе од само истражување и кривично гонење на криминалното однесување. Тој исто така мора да ги идентификува, следи, замрзне и, на крајот, да ги конфискува средствата стекнати преку криминал. Во спротивно, финансиската корист од криминалните активности може да остане кај сторителите, дури и кога кривичната постапка е веќе во напредна фаза”, нагласи државниот обвинител, истакнувајќи ги активностите на истражните центри во јавното обвинителство и зајакнувањето на капацитетите за финансиски истраги.

“Клучен приоритет е поефективно поврзување на овие напори: спроведување финансиски истраги паралелно со кривичните истраги, зајакнување на соработката меѓу институциите, користење меѓународна правна помош таму каде што е потребно, како и следење на имотот сè до негова конечна конфискација. На крајот, успехот треба да се мери не само според бројот на отворени предмети или вредноста на замрзнатиот имот, туку и според способноста да се обезбеди конечна конфискација и да се намалат финансиските придобивки од криминалните активности”, рече Савески.

На маргините на форумот, Савески оствари билатерална средба со турскиот Главен јавен обвинител Мухсин Шентурк.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Општина Центар информира дека средствата предвидени за еднократна финансиска помош за пензионерите во социјален ризик се целосно искористени.

Искористени средствата за еднократната помош за пензионерите во социјален ризик од Општина Центар

Поради тоа, Јавниот повик за оваа мерка повеќе не е активен, а по објавувањето на ова известување во Архивата на Општина Центар нема да се примаат нови барања.

До моментот на завршувањето на повикот се доставени над 1.300 барања.

За оваа намена од Буџетот на Општина Центар за 2026 година беа издвоени 7 милиони денари, а помошта беше удвоена – од минатогодишните 2.500 на 5.000 денари. Со тоа се исполни ветувањето за посилна поддршка на повозрасните сограѓани кои најмногу ја чувствуваат тежината на животните трошоци.

Општина Центар им благодари на сите граѓани кои се јавија на повикот.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Општина Центар - Скопје

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.

Јанчев: Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус

Доделување на сертификати за успешно завршен ЛАПСИ циклус.

Во рамки на ЛАПСИ - Локални активни платформи за социјални иновации, младите работеа во групи, ги мапираа предизвиците во својата општина и развиваа идеи за конкретни решенија и подобрување на локалната заедница, а денес им беа доделени сертификатите како потврда за нивното учество, посветеност и стекнатите знаења.

ЛАПСИ отвора простор за младите да бидат активни двигатели на промените и да придонесуваат во обликувањето на заедницата во која живеат.- објави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер